Контакт

Македонија

По пауза од една година, викендов ќе се одржи Галичката свадба – Катерина и Филип се младенците

Објавено пред

По пауза од една година поради пандемијата, претстојниот викенд продолжува традицијата на одржување на прочуената културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. На годинешното 47. издание од оваа автентична манифестација, судбоносното „да“ во живописниот Галичник ќе го кажат Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник.

„Ние сме многу среќни што се создадоа услови оваа година да продолжиме со оваа вековна традиција на Мијаците, која секако зазема посебно место во богатото македонското културно наследство. Подготвени сме да ги пречекаме и да им посакаме добредојде на сите посетители од земјава и странство кои ќе дојдат во Галичник да ги видат и одново да им се воодушевуваат на уникатните свадбарски обичаи и адети, проследени со богатиот колорит на народни носии и изворните песни и ора карактеристични за овие македонски краеви“, изјави Александар Костиќ од организацискиот тим на Месната заедница Галичник. Тој напомена дека од организациски аспект ќе бидат преземени сите превентивни мерки за заштита на здравјето на учесниците и посетителите, истовремено упатувајќи апел до сите што ќе дојдат во Галичник да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Покровител на годинешната Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура.

„Галичка свадба е чувар на традицијата и наше драгоцено нематеријалното културно наследство. Министерството за култура останува силен поддржувач и промотор на оваа манифестација која го збогатува и чува препознатливиот македонски фолклор“, изјави министерката за култура, Ирена Стефоска, упатувајќи честитки до годинешните галички младоженци, посакувајќи им среќен и долг заеднички живот.

И оваа година Пиварница Скопје го продолжи традиционалното партнерство со манифестацијата, кое непрекинато трае веќе 47 години, од нејзините почетоци до денеска. Покрај финансиска поддршка која има големо значење за одржување на континуитетот и високото ниво на Галичка свадба, компанијата традиционално обезбеди и пијалаци за учесниците во свадбeната церемонија.

„Среќни сме што оваа година се создадоа поповолни услови за продолжување на традицијата на организирање  Галичка свадба. Традицијата е мост што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, ни дава енергија и нè држи заедно во добро и во лошо и затоа треба да ја негуваме и поддржуваме. Сите ние во Пиварница Скопје сме особено горди што нашата компанија и нашите брендови во континуитет се неизоставен дел од оваа свеченост која плени со својата автентичност, убавина и непроценлива вредност и претставува огледало на нашата традиција“, истакна менаџерката за корпоративни комуникации на Пиварница Скопје, Марија Мининчиќ. Таа се приклучи кон апелот на организаторите за доследно почитување на мерките за заштита од Ковид-19 од страна на сите посетители и учесници во настаните од годинешната Галичка свадба, истовремено потсетувајќи и на препораките за одговорна консумација на алкохол и за одржување на чистата природа во Галичник и неговата околина.

Традиционално, официјалниот почеток на годинешната Галичка свадба ќе биде означен в сабота, на 17  јули, со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши в недела, 18 јули, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите. Инаку, според програмата на годинешната Галичка свадба, која и овој пат изобилува со најразлични забавни и музички содржини, прилагодени за сите генерации, започнува уште в петок, 16 јули, со настапот на групите Тоа е тоа, Љубојна и Бенд оф, а завршуваа в недела, 18 јули, со испраќањето на тајфата Мајовци и посакување “здравојживо видување вгодина”.

Поддржувачи и партнери на годинешната манифестација Галичка свадба се: Министерството за култура, Пиварница Скопје АД, Винарска визба Тиквеш, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, МЕПСО АД Скопје, ЕВН Македонија, ЈПКД Маврово, Клиника Жан Митрев, Национален парк Маврово, Дигитал центар, Ресторан Маџо 2.0, Шерпа хорс рајдинг, Здравствен дом Ростуше, Општина Ѓорче Петров, Солар спектар, Тои Тои, Спортлајф обложувалници, Пакомак, Спајдер груп, ЈСП, Алкалоид АД Скопје, Поко М, Орбита транс, Општина Маврово и Ростуше, Дарма филм, Вода Маја, ДТИРЗ, Вардар Градско, Славеј, Технокомерц, Пекабеско, Балкан Градба, Саник, Неотел и Делта електрик.

Македонија

Продолжува периодот на многу топло време со температури над 40 степени

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ= 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 42 степена.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Прикажи повеќе...

Македонија

Реконструирана болницата во Гевгелија, изградена нова хируршка сала

Објавено пред

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, заедно со пратеничките Марија Костадинова и Драгица Ѓавочанова и градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, беа на увид на реконструираната Општа Болница во Гевгелија каде е изградена нова современа хируршка сала со нова медицинска опрема и во центарот за дијабетес и одделот за физикална терапија.

„ Продолжуваме со низата капитални инвестиции во правец на подобрување на здравствените услуги за нашите граѓани кои се спроведуваа и се спроведуваат паралелно со целосната посветеност на здравствените работници во борбата со пандемијата. Вкупната вредност на работите што беа изведени изнесува 375.000 евра и беа опфатени и други значајни дополнувања како што се новиот центар за дијабет, нова комплетно опремена лабораторија, амбуланти за неврологија, урологија и ортопедија, и современи чекални“, истакна премиерот Заев и како особено значајно ја издвои новоизградената современа хируршка сала и набавката на медицинска опрема во вредност поголема од 250.000 евра за салата за хирургија, за центарот за дијабетес и за Одделот за физикална терапија.

Тој дополни дека болницата сега располага и со нов ехо апарат на Одделот за рентген дијагностика и со комплетно реновирани одделенија за хирургија, за нервни болести и за гинеколошко акушерски болести.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека до крајот на годината оваа болница ќе добие апарат за компјутерска томографија, што многу ќе го олесни пристапот за вакви испитувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворена нова градинка во Неготино

Објавено пред

Навистина ми претставува задоволство што денеска ја отвораме 15-та нова детска градинка за само 11 месеци, која ќе згрижи 167 деца од Општина Неготино. Граѓаните од оваа општина ја добиваат најсовремената градинка во државата градена согласно најдобрата пракса за просторно уредување и таа е целосно енергетски ефикасен објект, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешното отворање на новата детска градинка во Неготино.

„Она што е особено значајно за оваа градинка и сакам да го потенцирам е нејзината инклузивност. Градинката ќе ги опфати и децата во социјален ризик од материјална необезбеденост, децата со посебни потреби и децата од ромските семејства. Затоа што секое дете е важно и секое дете заслужува да има правилен детски развој“, потенцираше министерката.

Градинката „Темјанушка“ е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка. Вредноста на Договорот за грант склучен меѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Неготино за нејзината изградба изнесува 69.6 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и...

Свет5 часа

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет6 часа

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ7 часа

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија9 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија11 час

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет12 часа

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт13 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија13 часа

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија14 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија14 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион1 ден

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион1 ден

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија1 ден

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија1 ден

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија1 ден

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија1 ден

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија1 ден

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ1 ден

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ2 дена

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Досие