Македонија
(Видео) По 11 пат се реализираше хуманитарната манифестација Пивтијада во Автокоманда

Општина Гази Баба ја продолжува традицијата за организација на хуманитарна манифестацијата “Пивтијада”, кој се реализира по 11 пат, по повод празникот Богојавление Господово – Водици, на плоштадот Автокоманда.
„На едно место се собраа членките на организација на жени Гази Баба, месните заедници од општината и Здружението на пензионери од Гази Баба заедно со посетителите, настан кој од година во година е се попосетена. Целион настан беше проследен со настап на музички ѕвезди од македонската естрада“, рече Георгиевски.
Креаторите на најдобро декорираните пивтии, добија награди.
Како што информираат од општината, со собраните средства ќе бидат набавени инхалатори за Детската клиника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Демократски сојуз: Како може осудени за тероризам да се сместени со лица за кои се води истрага?

Државата е таа која е одговорна за безбедноста на осудените кои издржуваат затворска казна во казнено-поправните установи. Јавното обвинителство треба да спроведе истрага за лицата за кои постојат основани сомненија дека се инволвирани во нападот на Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. Ваква порака испрати Демократскиот сојуз преку соопштение.
„Бараме да се преиспита работењето на Управата за извршување на кривични санкции, посебно од аспект на тоа осудените за тероризам на 40 години затворска казна да бидат сместени заедно со лица за кои се води истрага“, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.
Од партијата порачаа дека директорот на затворот не може да води истрага за разјаснување на овие настани во затворот бидејќи постои судир на интереси. Истрагата, како што велат, треба да ја спроведе обвинителството, а комисијата формирана од министерот за правда треба да ја преиспита неговата работа, како и одговорноста на вработените во затворот.
Македонија
„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и другите социјални мрежи на вработените оти, како што вели, тие наместо да работат си пишувале статуси и се снимале за да објават на интернет. Тој смета дека со оваа забрана ќе ги дисциплинира вработените во СОЗР.
„Ги поминаа сите граници, никој ништо не работи. Јас како прв човек знам што се случува. Знам дека вработените постојано имаат отворено ‘Фејсбук’ и пишуваат статуси додека се на работа. Знам точно што сум исклучил. Јас правам цело време проверки, ова не е првпат да има ваков проблем, тој постојано се провлекуваше. Се снимаат додека се на работа за да објават на социјалните мрежи. По 16:30 часот нека прават што сакаат, ама по работното време“, вели Мирчески за „Макфакс“.
Новината е воведена во средата. Мирчески, пак, тврди дека тие што не ги извршуваат работените обврски ќе бидат санкционирани согласно со законот.
„Можеби пишувале и објавувале од приватните телефони, ама јас правам тоа што можам. Јас не знам зошто се жалат. Практично, тие самите признаваат дека ништо не работеле“, додава тој.
Службата со која раководи Мирчески извршува сметководствено-финансиски работи, набавки на опрема за Владата, тековно одржување и обезбедување на објектите, набавка на канцелариски материјали, тонери, тоалетна хартија, средства за хигиена и други работи и услуги од општ карактер.
Македонија
Арсовски: Вработени се и браќата на пратеничките Прентовиќ и Димовска-Симеска

Ниту политичкиот прогон, ниту насилството, ниту заканите по живот нема да нè спречат вистината за непотизмот на власта, епидемијата на непотизам да излезат на виделина, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој објави дека во Македонската опера и балет е вработен братот на пратеничката на СДСМ, Татјана Прентовиќ , а братот на пратеничката на СДСМ од Македонски Брод, Анета Димовска-Симеска од стоматолог во приватна ординација е назначен за директор на Здравствениот дом во Македонски Брод.
Арсовски праша според кои критериуми и квалитети е вработен братот на Прентовиќ, а во однос на братот на Симеска праша – немало ли доволно доктори да се изберат во домот за директор, па морало приватен стоматолог, кој е брат на пратеничка од СДСМ, да се именува на оваа позиција.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека претходно вработени биле синот, сопругот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, братот, синот и снаата на пратеничката Милева Ѓорѓиева, мајката на пратеникот Костадин Костадинов, синот на пратеникот Горан Мисовски, кумот и внукот на пратеничката Фросина Ременски, братот на пратеничката Славица Митева Шуманска и уште десетици други случаи на блиски роднини на функционери.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа