Контакт

Македонија

(Видео) Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје

Објавено пред

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Илјадници верници синоќа ги посетија храмовите низ целата земја. Со зборовите „Христос Воскресна-Навистина Воскресна“,  православните верници си го честитаа големиот христијански празник Велигден, точно на полноќ.

Празнувањето продолжува и денеска каде верниците ќе ги посетат храмовите и ќе запалат свеќа за здравје, среќа и љубов. Црковна делегација на МПЦ-ОА на скопскиот аеродром вчера го презеде Благодатниот оган што со авион во земјава пристигна од Ерусалим преку Софија. Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од Брегалничката епархија. Оганот во фенер од скопскиот аеродром беше пренесен во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, а потоа и во другите епархии и храмови низ државата. Ова е првпат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган со помош на Бугарската православна црква.

Овој празник е спој на верата и традицијата, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Утрово во Соборниот храм „Свети Климетн Охридски “се одржа велигденска литургија.

Со свечената Велигденска литургија, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој во своето послание по повод Велигден истакна : „Сега, кога веќе ни е откриен вечниот живот, да не бидеме упорни во омразата и злото, туку да бидеме постојани во покајанието и простувањето, во воздржувањето и трпението. Да се трудиме да не бидеме повод за соблазна и да не биде хулено името Христово поради нашите дела и постапки. Да се молиме во мир, но и со мир да излегуваме во светот, зашто не би можеле вистински да се радуваме ако сè уште грешиме и ако не сме помирени со Бога“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата имало краток прекин на гласањето во Лојане

Објавено пред

На избирачкото место во селото Лојане, во општина Липково имало краток прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња, потврди Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Прекинот траел кратко време додека биле пребројани гласачките ливчиња кога било утврдено дека вкупниот број се согласува.

„ Добивме информација за краток прекин на гласањето во Лојане, но причината била несогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња. Прекинот траел додека изборачкиот одбор не ги пребројал ливчињата. Утврдиле дека има толку ливчиња колку што избирачкиот одбор пребројал. За целата ситуација има посебен записник. Гласањето продолжило и тече без прекини“, објасни портпаролот Шабани.

До ДИК до 15 часот официјално нема стигнато приговор за изборниот процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одѕивот до 15 часот е 31 отсто, најголем во Вевчани – 49,22 отсто

Објавено пред

До 15 часот на гласање излегле 576.576 гласачи, односно одѕивот е 31 отсто, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се од 3435 избирачки места од вкупно 3490.
Најголем одѕив до 13 часот ДИК регистрира во Вевчани каде до 15 часот на гласање излегле 49,22 отсто од запишаните гласачи.

Во ИЕ – 1 одѕивот до 15 часот е 34,51 отсто, во ИЕ – 2 е 29,96 отсто, во ИЕ – 3 е 37,24 отсто, во ИЕ – 4 одѕивот до 15 часот е 35,56 отсто, во ИЕ – 5 гласале 31,51 отсто од гласачите и најмал е одѕивот во ИЕ – 6 каде на гласање излегле 22,85 отсто.

Портпаролот Шабани ги издвои општините со повисок одѕив.

„ Во ИЕ – 1 поголем одѕив е забележан во Карпош 38,4 отсто и Центар 38,82 отсто. Во ИЕ – 2 општини кои се издвојуваат се Ѓорче Петров со 36,74 отсто и Бутел со 34,54 отсто. Во ИЕ – 3, каде што вкупниот одѕив е 37,3 се издвојуваат Берово со 41,09 отсто, Градско со 37,62 отсто, Лозово со 42,46 отсто и Пробиштип со 44,32 отсто. Во ИЕ – 4 се издвојуваат Гевгелија со 44.01 отсто, Неготино со 41,5 отсто и Демир Капија со 42,52 отсто. Во ИЕ – 5 со вкупен одѕив од 31,76 отсто се идвојуваат Вевчани со 49,22 отсто, Крушево со 47,02 и Дебарца со 36, о7 отсто. Во ИЕ – 6 ја издвојувам општината Гостивар со 23,65 отсто, Тетово со 26,17 отсто и Јегуновце со 25 , 21 отсто“, рече портпаролот Шабани.

Официјални приговори не пристигнати до ДИК, а се случиле ситни технички проблеми, за кои портпаролот Шабани вели дека веднаш биле решени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пријави до МВР: Агитирање, нудење пари и организирано носење луѓе на гласање

Објавено пред

Во периодот од 11:00 до 12:00 часот во МВР биле пријавени повеќе настани во врска со изборниот процес. Од МВР велат дека се постапува по добиените пријави и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат.

– Околу 11:05 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. пријавил дека негов сосед на улица Гарсија Лорка ги зел другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26Јули“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Околу 11:12 часот во Полициската станица Бит-пазар од политичка партија било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Никола Вапцаров“ на ул. Дижонска, околу 10 лица се движеле околу гласачкото место. Полициски службеници излегле на местото, но такви лица не биле затекнати.

– Од политичка партија од Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

– Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека пред избирачките места бр.834 и бр.834/1 непознато лице со патничко возило вршело евиденција на лица кои се движат кон гласачките места. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 11 часот во Полициската станица Кочани, П.П. од Кочани пријавил неправилност при гласањето пред ОУ,,Раде Кратовче“ во Кочани, односно дека З.С. наводно делел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица со патничко возило во нас. Оризари носат организирано гласачи на гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека четири лица ги попречувале гласачите да го остварат своето право во нас.Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 10:35 часот во Полициската станица Крива Паланка, Н.Т. од Ранковце пријавил дека лице од Ранковце доаѓало до избирачко место број 0987 со повеќе луѓе и агитира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 11:05 часот во Полициската станица Крива Паланка, М.Т.С. пријавила дека на ул. 8 Септември неколку лица ги фотографирале граѓаните кои влегуваат да гласаат на избирачко место во градинка ,,Детелинка”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 15.7.2020 во Полициското одделение Ново Село, било пријавено дека во дворот на училиштето во селото каде што биле сместени избирачките места Т.Ќ. вршел агитирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, по преземени мерки во врска со претходно пријавени настани, кои веќе беа објавени од МВР, утврдено е дека:
– Во врска со настанот во кој Е.Е. од Битола пријави дека непознати лица и нуделе пари за гласање, биле преземени мерки и не биле потврдени наводите во пријавата.
– Во врска со настанот во кој Ф.Г. од Прилеп, пријавил дека пред ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп група на граѓани вршеле агитирање, преземени се мерки и не се потврдени наводите во пријавата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата имало краток прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, во општина Липково имало краток прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките...

Македонија11 минута

Одѕивот до 15 часот е 31 отсто, најголем во Вевчани – 49,22 отсто

До 15 часот на гласање излегле 576.576 гласачи, односно одѕивот е 31 отсто, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна...

Македонија1 час

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија2 часа

За 10,56 отсто намален одѕивот до 13 часот во споредба со изборите во 2016 година

Одѕивот до 13 часот на предвремените парламентарни избори е за 10,56 отсто помал во споредба со парламентарните избори во 2016...

Македонија2 часа

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, најголем во Крива Паланка – 41,07 отсто

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, гласале 432.026 гласачи, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се...

Македонија3 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија3 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион3 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет4 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија5 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија7 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион7 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија9 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија9 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија9 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија17 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет19 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија24 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија1 ден

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија1 ден

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Досие