Контакт

Македонија

Православните христијани го празнуваат Божик

Објавено пред

Православните христијани денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божик.

Со Божик е поврзана и поговорката: „За Божик кај и да си, дома да си“. Тоа значи дека за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот.

На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.

Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко, Христо, Христина слават именден на Божик. Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верувало дека во овие денови се движат зли духови кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.

Овој празник е наречен и матица на повеќе празници бидејќи да не бил овој празник, што значи да не се родел Исус Христос немало да има ниту негово крштевање, (значи немало да го има празникот Водици), немало да има ниту Распетие и Воскресение (Велигден) ниту Вознесение (Спасовден), немало да постојат ниту празниците Духовден, Преображение, Крстовден итн.

Евангелските текстови сведочат дека римскиот император Август издал заповед да се изврши попис на населението во империјата. Секој требало да биде запишан во градот на своите дедовци. Палестина тогаш била во рамките на Римската империја поради што и праведните Јосиф и Света Дева Марија тргнале од Назерет за да се запишат во Витлеем бидејќи биле од родот Давидов. Кога пристигнале во Витлеем за нив немало место во гостилниците и куќите поради тоа што во градот имало многу народ дојден заради пописот. Некои добри луѓе сакајќи да им помогнат ги упатиле во една пештера во близината на градот каде што пастирите во невреме ги засолнувале овците и козите.

Ноќта силна светлина ја исполнила пештерата, но и околните ридови, потоа Света Дева Марија го родила својот Син првенец, го повила и го ставила во јаслите. Силната светлина ги исплашила и пастирите што со своите стада ноќевале на отворено на околните ридови, но веднаш потоа ангелот Господов ги утешил и предупредил јавувајќи им ја радосната вест: „Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ; и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец како лежи во јасли“. Веднаш потоа хорот на ангелите ја запеал песната: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“ (Лука 2/14) Пастирите веднаш отрчале во пештерата каде што ги нашле Марија и Јосифа со Богомладенецот, му се поклониле, а потоа низ градот разгласиле за раѓањето на Спасителот.

Значи, покрај Богородица и Јосиф, на Богомладенецот први му се поклонија пастирите. Токму ним ангелот Господов им ја соопшти веста дека се роди Спасителот на светот. Пастирите не беа повластени први да ја чујат таа вест затоа што беа најблиску до Витлеемската пештера.

„Според светите отци, тоа се случи поради многу причини.Прво, поради чистотата на пастирите стекната преку нивнотоотшелништво и тихување. Второ, затоа што пастирите беа подражаватели и следбеници на живеењето и на добродетелите на старозаветните патријарси. Значи, пастирите не беа случајни личности. Трето, за да се покаже дека Христос е вистинскиот пастир на израелскиот и на многубожечкиот народ. Четврто, за да се објави јасно дека Христос ги избра најпростите по срце и најприемчивите за да го примат ова откровение, а не лукавите книжици и фарисеи. Сето ова го покажува начинот што може секој да го употреби за да ја доживее тајната на Откровението.“

Веднаш потоа кај првородениот син на Света Дева Марија пристигнале и тројцата мудреци од исток на коишто за раѓањето на Спасителот им соопштила необичната ѕвезда на небото којашто и ги довела до пештерата движејќи се пред нив кога тие оделе и којашто стоела кога тие одморале. „И штом влегоа во куќата, го видоа Младенецот со мајка Му Марија и паднаа, па му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна.“ (Матеј 2/11) Овие дарови требало да претскажат дека новороденото дете е во исто време човек (измирната), Бог (ливанот-темјанот) и Цар (златото). Значи, пред Богомладенецот најпрвин се поклониле простите пастири и учените мудреци како овоземни жители, но и ангелите од небото што значи дека тој бил предодреден подеднакво да му припаѓа и на небото и на земјата.

Зошто меѓу првите Исус го видоа и мудреците? „Всушност, Бог нив им се откри, нешто што не се случи со книжниците и со фарисеите, кои го сочинуваа религискиот институт во тоа време. Мудреците не беа астролози, какви што ги знаеме денес, туку астрономи, кои ги гледаа небесните ѕвезди и нивните движења. Во тоа време астрологијата се сметала за наука. Денес, кога науката на астрономијата се оддлечи од астрологијата која е поврзана со метафизиката и со сатанизмот, последнава (астрологијата) е отфрлена од православната вера. Мудреците го препознаа Христа и му се поклонија преку познанието на умот. Преку телесните очи гледаа едно бебе, но преку видот на умот го гледаа вочовечениот Бог. Така мудреците се наоѓа во соодветна духовна состојба за да Го видат и да Му се поклонат на Бога. Тоа не беше работа на наука, туку на внатрешна умна чистота.“

И ѕвездата што ги водела мудреците по многу нешто била необична. „Прво ѕвездата не беше само во движење, туку и стоеше. Кога одеа мудреците, таа се движеше, кога тие застануваа, застануваше и таа. Второ, ѕвездата се движеше пониско од другите ѕвезди, а кога мудреците стигнаа до местото каде што се наоѓаше Христос, се спушти и застана над пештерата. Трето, ѕвездата имаше толкава блескавост, така што ја надминуваше блескавоста на другите ѕвезди (свети Никодим Агиорит). Освен тоа ѕвездата на мудреците се движеше чудно, т.е. од исток кон запад, а на крајот се движеше од Ерусаллим кон Витлеем, т.е. кон југ. И уште, како што вели свети Јован Златоуст, се гледаше и дење, додека сите други ѕвезди не се гледаат од светлината на Сонцето. Според тоа таа блескава ѕвезда беше ангел Господов, а како што вели Јосиф Вриениј таа беше архангелот Гавриил, кој, впрочем беше служител на големата тајна на вочовечувањето на синот и Логосот Божји“.

Во првите три века не се празнувало раѓањето Христово. Причина за тоа бил христијанскиот поглед на човековиот живот кој не му придавал многу значење на телесното раѓање на човекот туку на неговото духовно раѓање (крштевањето). Поради тоа раѓањето и крштевањето на Исус Христос се празнувало заедно на 6 јануари (19 според новиот календар) Богојавление / Водици, а тоа било ден кога се празнувале повеќе спомени. Подоцна кога човековиот живот почнал повеќе да се цени, се јавила потреба за празнување и на денот на телесното раѓање, а не само на духовното (крштевањето) и на телесната смрт, раѓање за вечен духовен живот. Но и од практични причини се јавила потребата денот на раѓањето на Исус да се празнува одделно од денот на неговото крштевање бидејќи верниците не можеле во исто време да бидат и кај Витлеемската Пештера каде што се празнувало раѓањето и на реката Јордан каде што се празнувало крштевањето.

По одделувањето од Епифанијата споменот на Христовото раѓање е пренесен на 25 декември (7 јануари според новиот календар). Најстар споменик што зборува за Божик е беседата на Јован Златоуст одржана во Антиохија во втората половина на IV век. Тој појаснува дека за одредување на овој датум се земени два настана: јавувањето на ангелот на Захарија и Благовештението на Богородица.

Македонија

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.051), регистрирани се 276 реинфекции.

Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од: Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2, Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.

Направени се 6.353 тестови преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–151, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Авицена-293, Биотек-368, Систина-97, лабораторија Лаор-216, Синлаб-55, Ремедика-24, Плодност-98, Генеа-27, Никоб Лаб-716, ВФВ Медикал-77, Ели Медика-47, Ројал Медика–51, Спектра-ММ-31, Рапид Лаб–36, Жан Митрев Струмица–31, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-37, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.905.

Досега во земјата се направени вкупно 1.723.835 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, на починати е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 112551, Активни 9714
Куманово 14033, Активни 709
Прилеп 12201, Активни 1040
Тетово 11819, Активни 331
Битола 11483, Активни 1638
Гостивар 8413, Активни 258
Кавадарци 8098, Активни 445
Велес 7955, Активни 343
Охрид 7537, Активни 564
Штип 7185, Активни 298
Струмица 6782, Активни 393
Кичево 4666, Активни 276
Кочани 4385, Активни 216
Струга 4179, Активни 204
Гевгелија 3353, Активни 293
Неготино 2872, Активни 183
Свети Николе 2290, Активни 113
Ресен 2136, Активни 202
Крива Паланка 2105, Активни 119
Радовиш 2070, Активни 221
Делчево 1627, Активни 121
Берово 1571, Активни 83
Дебар 1480, Активни 15
Виница 1230, Активни 35
Пробиштип 1217, Активни 54
Валандово 1225, Активни 148
Кратово 845, Активни 55
Крушево 780, Активни 150
Богданци 776, Активни 71
Демир Хисар 723, Активни 67
Македонски Брод 602, Активни 44
Македонска Каменица 465, Активни 33
Демир Капија 462, Активни 24
Пехчево 392, Активни 27
Дојран 196, Активни 11

Прикажи повеќе...

Македонија

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Објавено пред

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи Македонија нема да ја нападне Бугарија.

„Ноќва за првпат спиев мирно, бидејќи вчера сфатив дека братскиот народ на Северна Македонија нема да ја нападне Бугарија со донираните тенкови и нема да има територијални претензии. Спијте мирно, нема да ни го земат Банско. Кон што да имате претензии? Сите сакаме да бидеме во ЕУ – први ве признавме, први ве поддржавме за НАТО. Да се ​​каже дека историјата не е важна е да умреш како овца без историја“, рече Борисов.

Експремиерот го искритикува Петков дека е првиот бугарски државник што отишол во Скопје и не положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев.

Борисов побара да дознае дали на средбата меѓу Кирил Петков и претседателот на Стево Пендаровски станало збор за македонското малцинство во Бугарија.

„Нашиот Устав јасно кажува дека сите бугарски граѓани се еднакви“, рече Борисов.

Додаде дека влегувајќи во стапицата на фашизмот, Бугарија се откажува од подвигот на бугарскиот народ да му се спротивстави на Хитлер за спасените над 50 илјади бугарски Евреи.

Претходно денеска Петков оцени дека посетата во Скопје била многу успешна.

„Од една страна подадовме рака со тоа што отидовме таму, од друга страна ни дадоа нота што се надевавме дека ќе ја добиеме пред две години. Оваа нота е многу поважна од само кусото и долгото име. Покажува дека Северна Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија“, рече Петков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кисела Вода ја возобнови манифестацијата за Водици – светиот крст во рацете на Сашо Милошевски

Објавено пред

Триесетиедногодишниот Сашо Милошeвски беше најсреќен од 47-те верници, кои денес, во базенот “Расадник” во Кисела Вода, скокнаа да го фатат чесниот крст во чест на празникот Богојавление-Водици.

Здравје, среќа и успех за себе, но пред се’, за синчето Максим и сопругата Бранкица, посака да му донесе осветениот крст. И’ се заблагодари на Oпштина Кисела Вода и на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за возобновената манифестација, како и за наградите, кои во духот на христијанството, одлучи да ги донира на социјално загрозени семејства.

Градоначалникот Ѓорѓиевски, му честиташе на среќниот Милошевски и им се заблагодари на сите кои зедоа учество во денешната манифестација. Потенцираше дека дадоа свој удел во идејата за обединување на народот и продолжување на една вековна традиција на празнувањето на еден ваков голем христијански празник.

-Најнапред да ви се заблагодарам, вам, на медиумите за вашето присуство. Денес, за мене е многу значаен ден, најпрвин затоа што ми е именден и би сакал овој голем македонски православен празник да им го честитам на сите верници. Исклучително важно ми е што денес, овде, во Кисела Вода, имавме вистинско обединување. Сакам да ги поздравам за својата храброст сите оние кои денес се фрлаа по крстот и воедно, да му честитам на оној кој што го фати крстот, Сашо. Добар гест е она што го направи, баш во духот на православието, да ги донира овие работи кои што ги доби денес од општината и нашите општествено одговорни компании. Ова е една традиција која што беше замрена со години наназад во општина Кисела Вода. Драго ми е што има ваков одзив, имаше над 500-тини наши сограѓани, овде присутни. Се надевам дека ќе премине во вистинска традиција, ова е нешто што не одржува со векови како народ и како нација и со години понатаму ќе се практикува и ќе се спроведува ова како настан во Кисела Вода-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

На чинот на положување на крстот му претходеше света литургија со која чиноначалствуваше отецот Благоја од црквата Св. Ѓорѓија. За најсреќниот Сашо Милошевски, кој одлучи да ги донира наградите, се обезбедени средства во висина од 12 000 денари од градоначалникот Ѓорѓиевски, икона од пратеничката од Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, како и бела техника, апарати за домаќинстовото и вредносни ваучери од повеќе општествено одговорно компании.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија14 часа

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија17 часа

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија17 часа

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет20 часа

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија21 час

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија1 ден

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија1 ден

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија2 дена

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија2 дена

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија2 дена

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија2 дена

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа2 дена

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија2 дена

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет2 дена

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија2 дена

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија2 дена

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија2 дена

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија3 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Досие