Македонија
Пратениците на ДУИ се изјаснија „за“ референдумот за евро-aтлантска Македонија
Парламентарната група на Демократската унија за интеграција денеска го информира претседателот на Собранието дека ќе земе активно учество со сите свои пратеници во кампањата што парламентот треба да ја води како овластен предлагач на референдумот што треба да се одржи на 30 септември годинава.
„Имајќи ги предвид нашите лични определби како пратеници, но и партиските, стратешките и идеолошките определби за интеграција на Македонија во Европската Унија и НАТО, сите пратеници на ДУИ, со поддршка и на егзекутивната и локалната власт, но и на цивилното општество, ќе води кампања „за“. Преспанскиот договор и успешна евро-атлантска интеграција на нашата земја затоа што успешен референдум генерира мир, стабилност, сигурност, владеење на правото, еднаквост, економски развој и општествена благосостојба, како и постројување на нашата држава рамо до рамо со големото евро-атлантско семејство“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 25 степени
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Македонија
Филипче: Дебакл на економијата на Мицкоски, странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери
Економијата на Мицкоски доживеа дебакал, се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа фејсбук.
Во објавата Филипче посочува дека во 2024 година, во периодот на владата на СДСМ, странските директни инвестиции достигнале рекордни 1,255 милијарди евра, а само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднале на само 467,5 милиони евра.
„Дебакл на економијата на Мицкоски! Во 2024 година, за време на владеењето на СДСМ, странските директни инвестиции достигнаа рекордни 1,255 милијарди евра, најмногу во историјата на Македонија. Само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднаа на само 467,5 милиони евра. Минус од преку 60%!
Нема нови големи инвестиции, нема greenfield проекти, само инвестиции од времето на СДСМ кои се намалуваат. Мицкоски се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент.
За животниот стандард најдобро сведочат празните фрижидери на граѓаните.
Инвеститорите знаат дека ова е криминална и корумпирана влада и нејзината политика ги одбива наместо да ги привлече“, стои во објавата на Филипче.
Македонија
(Видео) Опожарени неколку возила под скопското Кале: припадник на Армијата со брза реакција го спречил ширењето на огнот
Припадник на Армијата со брза реакција спречил ширење на пожар под Кале. Од оганот биле зафатени неколку паркирани автомобили на поранешниот полигон за обука за моторни возила, но професионалниот војник кој бил на заминување од рабоното место ги забележал возилата во пламен и веднаш дејствувал.
„Денес, околу 15:40 часот, на поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник Христијан Божиновски, при заминување од работното место, забележал дека неколку паркирани возила се зафатени од пламен.
Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата.
Поради големината на пожарот, а проценувајќи дека истиот не може да се угасне, започнале со дислокација на неопожарените возила, со што успеале да го спречат ширењето на огнот.
При интервенцијата, професионалниот војник Христијан Божиновски се здобил со полесни повреди на едната рака, за што му е пружена соодветна медицинска помош.
Со ова дејствување, припадниците на Армијата уште еднаш го покажаа високиот професионален интегритет, како и пожртвуваноста на секој припадник без разлика дали се во униформа или не, секогаш да бидат во служба на државата и граѓаните“, е објавено на Фејсбук страната на АРМ.
Фото: депозитфотос
