Контакт

Македонија

Првата фаза на гасификација во Прилеп ќе ги опфати компаниите и јавниот сектор

Објавено пред

Општина Прилеп е подготвена за реализација на првата фаза на гасификацијата, рече прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски и додаде дека основниот проект треба да биде готов до крајот на годинава. Притоа, потенцираше дека веќе се обезбедени шест милиони денари за проектна документација.

Претставувајќи ја програмата за гасификација пред стопанствениците од Прилеп, градоначалникот рече дека очекува од компаниите дa ја известат општината за нивните реални потреби во моментот и предвидените капацитети во иднина, со цел точно да се проектираат првите 20 километри гасоводна мрежа во градот.

„На овој начин во Прилеп ќе се намали аерозагадувањето. Сакам да ги охрабрам компаниите, да ја реализираме оваа инвестиција до 2020 година. Бенефитите ќе ги имаат сите подеднакво и фирмите и јавниот сектор и домаќинствата“, додаде Јованоски.

Во подготвителната фаза, секој стопански субјект треба да пополни т.н. енергетска картичка, за висината и количеството на гас, што треба да им се обезбедат. Со анкетата што ќе биде спроведена ќе бидат опфатени и јавниот сектор и домаќинствата.

Проектот има вкупно четири фази, а во 2020 година треба да почне изградбата на секундарната мрежа, со приклучување на постојниот гасовод „Гама“.

Според надворешниот советник за проектот „Гасификација на Прилеп“, Кире Настески, гасификацијата е дел од Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија. Тој нагласи дека кога ќе почне овој проект во Прилеп, во најголема мера зависи од фирмите и домаќинствата. Додаде и дека најголеми корисници на гасоводот ќе бидат домаќинствата, но во првата фаза сепак ќе се вклучат компаниите и јавниот сектор, а потоа станбените згради и домаќинствата.

На веб-страницата на општина Прилеп ќе биде ставена апликација, со анкетен лист за пополнување, а иста таква анкета ќе се спроведува и со домаќинствата.

Прилепските стопанственици на денешната средба покажале голем интерес за проектот. Дел од нив забележале дека во одделни стопански зони во градот, до денеска, не биле изработени детални урбанистички планови.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски избори во Македонија.

Вкупно 551 делегат ќе избираат меѓу деветмина кандидати, кои се пријавија на партискиот конкурс. Во изборот за претседателската кандидатура ќе се натпреваруваат Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов,Ѓорѓи Манасков… Кандидатите ќе имаат по 15 минути можност да ја претстават својата визија пред делегатите, а потоа предвидено е да се премине на гласање.

За избран кандидат, според деловникот на партијата, се смета оној кој добил најмногу гласови, но не помалку од една третина од вкупниот број делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број или кандидатите добијат ист број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати, кои добиле најмногу гласови на првото гласање, при што за избран ќе се смета кандидатот кој добил најмногу гласови на повтореното гласање.

,,ВМРО-ДПМНЕ преку транспарентен и демократски процес внатре во партијата, овозможува да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење граѓаните и ќе работи во согласност на Уставот и законите и во полза на сите граѓани на Македонија. Република Македонија мора да застане на здрави нозе. Со СДСМ државата секојдневно тоне, имаме уназадување во секој сегмент од општеството. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ на Конвенцијата поаѓа од тоа дека треба да се избере кандидатот кој ќе ги штити интересите на Република Македонија. Нашата заедничка цел е Република Македонија. Затоа потребно е лидерство кое ќе гарантира сигурност, заштита на државните и национални интереси, ќе гарантира правна држава и почитување на Уставот и законот и ќе обезбеди напредна, силна и честита Македонија.Република Македонија повеќе не смее да тоне, затоа со победата на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе го најави почетокот на крајот на оваа власт”, најави партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Амбасадата на САД предупредува: постои ризик од терористички напад

Објавено пред

Постои зголемен ризик од терористички напад на територијата на Република Северна Македонија, објави американската амбасада во Скопје.

„Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичка идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјани на САД во странство“, се вели во соопштението на амбасадата и се додава дека терористите при нападите се почесто користат пиштоли, возила и остри предмети.

Оттука апелираат до граѓаните на САД да бидат претпазливи. Велат дека екстреметите, повеќе се стремат кон напади врз објекти кои се „меки цели“, какви што се трговските центри, пазарите, аеродромите, хотелите, клубовите, рестораните, верските објекти, училиштата, парковите и јавните настани.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека спровеле оперативно тактички мерки и претрсеси на неколку локации поради планови за извршување на терористички напад од страна на поддржувачи на ИСИС. Дојавата стигнала од партнерска земја.

Прикажи повеќе...

Македонија

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

Објавено пред

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија излизган на пат кон Приштина. Автобусот два дена стоел покрај автопатот.

Косовскиот портал „Дреница прес“ лани на деветти март известил дека со полиција и кранови се извлекува автобус на оваа компанија.

„Иако инцидентот се случи вчера, полицијата денес се обидува да го повлече автобусот. ’Дурмо турс’ сообраќа секојдневно од Скопје до Приштина и обратно. Не е познато дали имало повредени патници“, јавил пред речиси една година овој косовски медиум.

Министерството за транспорт и врски денес информираше дека „Дурмо турс“ има 18 линии за меѓународен превоз и 36 сертифицирани возачи, покрај меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар на која се случи несреќата во која загинаа 14 лица.

„Дурмо турс“, според Министерството за транспорт за меѓународниот и за меѓуопштинскиот превоз,  има вкупно 40 автобуси.

Министерството за внатрешни работи денес потврди дека сопственикот на „Дурмо турс“ сам себе си прави технички преглед оти покрај на туристичката агенција, Дурмиш Белули е сопственик и на станицата за технички преглед на возила „АМЗ – Гостивар“. Белули денес не сакаше да одговори на прашањата од „Макфакс“ за несреќата и за техничкиот преглед на автобусите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија11 час

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија11 час

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија12 часа

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија13 часа

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија15 часа

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет16 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија16 часа

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија17 часа

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија18 часа

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија20 часа

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Македонија21 час

(Видео) Лекарски конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка

Конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на...

Топ21 час

(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за...

Македонија23 часа

Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски...

Македонија24 часа

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка...

Македонија1 ден

Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Во земјата денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово,...

Свет1 ден

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификува трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка...

Свет1 ден

Кремљ ги нарече рекетирање американските санкции против руските енергетски проекти

Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на...

Свет1 ден

Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање...

Македонија2 дена

Тројца од повредените во автобуската несреќа се во животна опасност

Во критична состојба се наоѓаат тројца од осумте хоспитализирани на скопските хируршки клиники, кои настрадаа во автобуската несреќа, што се...

Досие