Контакт

Македонија

Прва трансплантација на срце – историски ден за македонското здравство

Објавено пред

На денешната прес конференција одржана по повод првата трансплантација на срце во нашата земја зборуваа министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, проф. д-р. Сашко Јовев од државна кардиохирургија, академик д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев клиника“, проф. д-р Александар Николиќ од „Аџбадем Систина“ и анестезиологот д-р Маја Мојсова Мијовска од КАРИЛ, воедно и Национален координатор за трансплантација.

Министерот Филипче нагласи дека денеска, како земја, испишавме историја бидејќи за прв пат беше направена трансплантација на срце од починат дарител- чин, акт и целоцна организација, предоперативна подготовка, оперативна интервенција и постоперативен тек на којшто треба да бидеме сите многу горди.

„Трансплантацијата немаше да биде можна без еден друг чин, чин на човекољубие, на алтруизам, заради тоа што откако семејството Диневи кое пред неколку дена ја загуби својата сакана мајка и сопруга, по дијагностицирањето на мозочната смрт се согласи да ги донира срцето и бубрезите на починатата. Верувам дека со ова ќе се испрати многу силна порака до сите наши граѓани колку е битно органодарителството и како тоа во даден момент спасува живот“, изјави Филипче и додаде дека кардиохирургијата и медицината имаат периоди на моќ и на немоќ.

„До вчера не бевме моќни да го спасиме животот на Иван Огњановски, поради тоа што сите механизми на лекување беа исцрпени. Меѓутоа со овој чин на алтруизам на семеството Диневи- на Миле, Влатко и Викторија, ги спомнувам со нивна согласност, срцето на нивната сакана сега чука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот. Борбата е на почетокот, заврши еден од најтешките делови. Се надеваме дека, во процесот којшто следи организмот нема да го отфрли срцето, исто така и двата бубрези кај другите двајца реципиенти кои сега ќе живеат многу поквалитетен живот и нема да одат на дијализа“,потенцираше Филипче.

Тој нагласи дека вчерашниот настан и оваа интервенција е многу битна и од друг аспект.

„За првпат се обединија капацитетите, знаењата, искуството и експертизата на тројцата наши врвни кардиохирурзи, професор Сашко Јовев од Државната Клиника за Кардиохирургија, Академик Жан Митрев од клиниката Жан Митрев и професор Александар Николиќ од клиниката Аџибадем Сиситина коишто покажаа дека здравјето на граѓаните е на прво место и етиката и хипократовата заклетва ги надминуваат сите разлики. Овој процес на припрема за трансплантација на срце, со Националниот Координатор, Маја Мојсова, со нашиот кардио хирург од Франкфурт, д-р Петре Ристевски, го започнавме пред повеќе од година, се направија протоколите, се направи национална листа на чекање, на кандидати за срце и го чекавме само овој ден. Сакам да им честитам на сите од тимот, којшто синоќа со огромна доза на ентузијазам, пожртвуваност, висока професионалност, покажаа како се работи за да се спаси човечки живот“,рече Филипче и им посака и понатаму успешна работа и зајакнување на процесот на трансплантација.

Проф. д-р Сашко Јовев од државна кардиохирургија изјави дека ова е круна на македонската медицина.

„Би сакал најнапред да се заблагодарам на фамилијата на донорот, која што овозможи да спасиме еден друг живот. Понатаму, посебно би сакал да се заблагодарам на Министерот и нашата Влада кои што овозможија да се изведе сето ова и да продолжам со целиот тим на Универзитетската Државна Кардиохирургија, на Координаторот за трансплантација и нејзиниот тим, како и на колегите од останатите иснституции со кои што заедно, практично го изведовме ова и покажавме дека заедно сме посилни и може да направиме многу.“- кажа д-р Јовев и извести дека пациентот засега е добар, а ова, не само што преставува, само по себе, како зафат, круна во кардиохирургијата и во медицината, туку претставува и заокружување на еден започнат процес на лекување на терминалната срцева слабост – патологија, која што е се почеста, патологија, која што во светот завзема епидемиски размери.

Јовев потсети дека лекувањето на терминалната срцева слабост е започнато со имплантацијата на уреди, таканаречени механички помагала или популарно кажано механички срца. Но, сепак трансплантацијата на срце е можеби одговор, кој што најретко ќе го добиеме, а сепак може да овозможи најпристоен и најдолг живот за оној кој што ќе го прими.

Академик д-р. Жан Митрев посочи дека ова за него е голем настан и изрази благодарност до Министерот Филипче за обединувањето на тимот.

„Од минатата година, за прв пат во Македонија се дозволи вградување на вештачко срце и тоа беше првиот исчекор кон сето ова. Бидејќи штом се дозволат такви операции, кои се привремено решение, а трајното решение е трансплантација, сето ова беше неминовно и логично и мораше да се случи. Се покажа дека ги имаме сите капацитети и сите можности и морам јавно да се заблагодарам на Министерот Филипче кој не организира, кој не сплоти и колку и да сме различни, сепак на крајот сме исти, имаме една цел, а тоа е да ги лекуваме пациентите. Без разлика дали сме приватни, државни, ние сме во таа дејност, со таа функција и сето ова е една голема и успешна приказна.“ – изјави академик д-р. Митрев.

Проф. д-р. Александар Николиќ од „Аџибадем Систина“ изрази задоволство што е дел од еден од најзначајните чекори во медицината и историски ден за нашата земја.

„Ништо од ова не би се случило без силната заложба на Министерството за здравство и веројатно би чекале за ова многу долго. Благодарение на сето ова, влеговме во едно ново поле во медицината и се надевам дека отсега ќе имаме уште многу убави случувања и дека македонското здравство ќе оди на прав пат, напред.“ – изјави Проф. д-р Николиќ.

На прес конференцијата се обрати и анестезиологот д-р. Маја Мојсова Мијовска која е и Национален Координатор за трансплантација.

„Ова немаше да биде успешно доколку не постоеше тоа семејство, кое што навистина, со најголема емоција, ги даруваше своите органи. Не дека досега не сме работеле кадаверична трансплантација во нашата земја, но секогаш се завршувало со транслплантација на бубрези. Таа програма работи повеќе години успешно. Ова е нешто што долго време го спремаме. Не е случајно вака изведено. Сите овие тимови беа цело време контактирани, имавме многу состаноци во кои што ги синхронизиравме како листите, така и критериумите и протоколите, но сепак требаше да се појави некој, кој што ќе сака да донира“, изјави д-р. Мојсова Мијовска и потсети дека трансплантација на срце која за прв пат се случи во нашата земја може само да ни даде уште поголема воља и надеж дека семејствата кога ќе се соочат со загуба на својот близок, сепак ќе се одлучат да ги донираат органите.

Македонија

Земјотрес во Корча, почувствуван и во Македонија

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 17 часот и 35 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.

Земјотресот е со 3.5 степени Рихтер, а бил почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Објавено пред

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот Ковид-19, иако посмртниот бриис му бил позитивен.

За овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Објавено пред

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај.

Според податоците, Чаир има 5 новозаразени, Бутел – 3, Сарај – 2, Аеродром – 2, Шуто Оризари -2, Ѓорче Петров – 2, Илинден – 2, Гази Баба -1, Студеничани – 1, Сопиште – 1, Кисела Вода- 1.

Во Скопје во моментов има 248 активни случаи со коронавирус: Чаир – 54, Сарај – 39, Аеродром- 30, Гази Баба-30, Бутел-28, Илинден-10, Карпош-9, Кисела Вода-9, Ѓорче Петров-8, Студеничани-8, Центар-8 Шуто Оризари-7, Арачиново-3 Петровец-3 и Сопиште со 2 активни случаи.

Вкупно на територијата на Македонија денеска беа потврдени 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија8 часа

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија9 часа

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија11 час

Спасовски бара избори пред есен, поради најавите на СЗО за втор бран на коронавирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност посочи дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните...

Македонија11 час

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Македонија11 час

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по...

Македонија13 часа

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет13 часа

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија14 часа

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Македонија15 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија15 часа

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија15 часа

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија15 часа

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет1 ден

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија1 ден

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион1 ден

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија1 ден

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија1 ден

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Досие