Македонија
Прва фотоволтаична централа на средно училиште на Град Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на свеченото отворање на првата фотоволтаична централа на средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“, коешто го прославуваше и својот патронен празник.
„Денеска СУГС ‘Михајло Пупин’ го слави својот патронен празник, но на мое огромно задоволство една од причините за моето присуство е и инсталирањето на првата фотоволтаична централа во училиште во Република Северна Македонија. Овој проект е доказ дека соработката на институциите на секое ниво може да вроди со сериозен квалитет и иновативност, идејата на учениците поддржана од Фондот за иновации и од директорот на средното училиште, како и од Градот Скопје, ни го даваат овој уникатен пример. Ова средно училиште, иако со мала моќност од 12 KW и 42 панели, сепак може да биде пионер и да воведе една мини револуција во пристапот и кон животната средина, меѓутоа и во пристапот кон енергетската ефикасност“, рече Шилегов.
Тој додаде дека со инсталирањето на оваа централа учениците во пракса ќе можат да видат како функционираат фотоволтаичните централи и дека се надева во текот на наредната година Градот заедно со училиштето ќе соберат финансии целиот покрив да го направат еден фотоволтаичен панел.
Исто така, тој додаде дека електричната енергија од обновливите извори треба да биде стратешка определба на нашата држава и посочи дека ова училиште треба да биде пример и за другите училишта и јавни институции на сите нивоа во земјата.
За реализација на овој проект учениците од „Михајло Пупин“ добија грант од Фондот за иновации во висина од 270.000 денари, а преостанатите средства до 600.000 денари, колку што чини централата, се од буџетот на училиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре сончево со мала облачност и краткотраен дожд

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, а во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните два дена утринските температури на места ќе се спуштат околу нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.
Македонија
Бектеши: Донесена одлука за едностран раскин на договорот за концесија за ископ на песок во Долно Коњаре

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за еднострано раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот с.Долно Коњаре со концесионерот Друштвото за производство, трговија, туризам и рибарство ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ експорт-импорт с. Долно Коњаре Петровец.
„ Според извештајот од Инспекторатот за животна средина, Министерството за економија утврди дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња“ напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук.
На 55 седница одржана на 18 март 2021 година Владата донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на село Средно Коњари додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина, заради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука согласно наодите на надлежниот инспекторат.
Државниот инспекторат за животна средина, по налог на Инспекцискиот совет спреоведе вондреден иснпекциски надзор над концесионерот, по што достави извештај до Министерството за економија со кој се укажува дека истиот не постапувал согласно Договорот за концесија и експлоатација на минерална суровина-песок и чакал.
Македонија
Алијансата за Албанците и Алтернативата: Владата ги дискриминира своите граѓани, а ги привилегира Србите

Владата која не стигна навремено да обезбеди вакцини против Ковид-19 за граѓаните, а мал број вакцини обезбеди од Србија, која ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија да се вакцинираат таму, сега ќе ги награди граѓаните на Србија ослободувајќи ги од патарините. Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со Владата, со широкоградост кон граѓаните на Србија, сака да ги покрие својот срам и неспособноста за невремено обезбедување вакцини за да се спасат животи, обвинуваат од коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“.
„Од друга страна, имаме многу села што се на самиот автопат и тие граѓани секој ден плаќаат патарини на наплатните места иако нивните села се наоѓаат на 2-3 километри од наплатните пунктови“, велат од коалицијата.
Тие ја потсетуваат Владата на протестите на граѓаните од тетовското село Седларце, кои протестираа барајќи ослободување од патарината бидејќи нивното село се наоѓа на непосредна близина од 3 км од наплатното место, а тие немаат алтернативен пат.
„Слични случаи има многу во регионот на Гостивар, Куманово, Скопје, Велес итн.
Неприфатливо е на српските граѓани да им се овозможува бесплатно користење на автопатите на Северна Македонија во одреден период, а на нашите иселеници им се наплатува на наплатните пунктови во евра по висок курс во споредба со службениот. Имаме илјадници администратори од градовите Тетово, Куманово, Гостивар, Велес и Кичево, кои секојдневно патуваат за Скопје плаќајки ги сите патарини по нашите автопати достигнувајќи високи суми за кои не постои никаква олеснителна мерка иако пред многу години Владата на Северна Македонија ги ослободи од патарини државните административни службеници. Ова е лажната широкоградост на министерот Филипче и на оваа Влада, кои ги ограбуваат своите граѓани додека се претставуваат џентлмени пред српските граѓани“, реагираат од коалицијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?