Контакт

Македонија

Први процедури на аблација на преткоморна фибрилација изведени на Клиниката за кардиологија

Објавено пред

Во периодот од 7 до 8 октомври 2021 година на УК за кардиологија првпат во државата се направени процедури на радиофреквентна аблација на преткоморна фибрилација со помош на 3Д-мапинг-систем од страна на експерти аритмолози-електрофизиолози, и тоа со стоотстотна успешност, соопшти Министерството за здравство.

„Медицинскиот термин преткоморна фибрилација (ПФ), всушност, претставува аритмија, која е најчеста во светски размери, со преваленца од 2 до 4 % од вкупната популација. Таа е поврзана со зголемена смртност за 1,5-3,5 пати, зголемена појава на исхемичен мозочен удар (>20-30 %), зголемена појава на срцева слабост (>20-30 %), намален квалитет на животот кај повеќе од 60 отсто од пациентите, но и зголемување на хоспитализациите за 10 до 40 отсто кај пациентите што живеат со преткоморна фибрилација.

Радиофреквентната аблација (РФ) на преткоморната фибрилација, пак, претставува минимално инвазивна техника која се изведува во површна седација преку пункција на десната феморална вена и понатаму транссептална пункција за премин од десната кон левата преткомора, каде што со помош на 3Д-мапинг-систем се прави анатомска реконструкција на левата преткомора, од каде што потекнува преткоморната фибрилација.

Потоа со помош на аблативен катетер се прави радиофреквентна изолација со енергија од 50 W на отворите на четирите белодробни вени, кои влегуваат во левата преткомора (Pulmonary vein isolation (PVI) with radiofrequency (RF) ablation).

Оваа револуционерна техника овозможува ослободување од преткоморната фибрилација и намалување на компликациите со процент на непосредна успешност од 95 до 99 отсто. Кај повеќе од 80 отсто од пациентите отсуството на преткоморна фибрилација се забележува и по период на следење од 12 месеци, што јасно укажува на високата успешност на техниката“, се наведува во соопштението.

Македонија

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Објавено пред

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција попладнево соопшти дека тој и неговиот тим биле следени од полицијата веќе три недели. Тоа го разбира како тортура и притисок од одредени полициски службеници поради неговата кандидатура за втор градоначалнички мандат.

„Јас како кандидат за градоначалник и сите мои поддржувачи и активисти од штабот ’За наше Куманово’ сме предмет на физичко и друго следење од страна на одделни лица вработени во Министерството за внатрешни работи. Денеска, кога го напуштив работното место и се упатив кон мојот матичен лекар за да одам на редовен преглед и да примам терапија, се упативме со лицето Дејан Димитриевски, кој го управуваше возилото, кое е уредно и технички исправно. Бевме следени целиот тој период од страна на бело возило со полициски таблички, управувано од возачот на актуелниот началник на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ.

Возилото во кое бил градоначалникот го сопреле тројца полицајци, побарале полномоштво за Дејан Димитриевски, кој го управувал возилото што им било дадено, а потоа ги пратиле на вонреден техники преглед на возилото.

„Целиот период полициските службеници беа крајно непрофесионални. Побарав тие да се идентификуваат, на моето барање неколкупати, го одобрија тоа. Ги дадоа своите значки, а третото лице рече дека нема значка и е полициски приправник. Ми го кажа своето име и презиме. По моето барање, кога заврши техничката и рутинската контрола на возилото, беа утврдени неточни податоци“, се пожали Димитриевски.

Тој објасни и дека се невистинити податоците објавени во некои од медиумите дека возилото било нерегистрирано и нагласи дека за време на кампањата, иако ретко, користеле возило со уредна техничка документација. Димитриевски смета и дека сопирањето утрово е само дел од континуираните обиди да ги заплашат него и неговиот тим.

„Сакам да испратам една јасна порака до господинот Оливер 1 и господинот Оливер 2. 31 октомври е многу блиску. Граѓаните ќе видат со каква нереална власт, која од страна на поединци се трансформира, за жал, во режимска власт, се соочуваме. Кај нас во Куманово притисоци не поминуваат. Дополнително, слушнав дека е поведена активност во рамките на Министерството за внатрешни работи, сега е тоа на истрага од внатрешна контрола. Сакам притоа, за да не се водиме по системот кадија те суди, кадија те тужи, да го потсетам министерот Спасовски дека во штабот ’За наше Куманово’ имаме пријавено неколку кривични дела што се работат во согласност со законот, поврзани дејства со изборниот процес“, рече Димитриевски.

МВР, по сопирањето на Димитриевски, соопшти дека одделот за внатрешна контрола ќе го испита случајот и нема да дозволи каков било притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, но не кажаа која била причината поради која градоначалникот бил сопрен, а потоа и пратен на дополнителен технички преглед.

Неофицијално, тој бил сопрен оти возилото има затемнети стакла, кои се забранети, а го спровеле до најблиската станица за технички преглед на возила оти тоа била редовна процедура во такви случаи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Ги обединуваме сите демократски сили за победа

Објавено пред

Во првиот круг од изборите за градоначалник на Скопје учествуваа дури дванаесет кандидати, секој со своја визија за развојот на градот. Драго ми е што со повеќето од нив имавме слични проекти и размислувања како Скопје треба да продолжи да се развива. Верувам дека граѓаните што ги поддржаа нив во првиот круг ја поддржуваат политиката на напредок и развој, која ние веќе четири години ја спроведуваме, со овие зборови ја почна денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Од денес почнува процесот на окрупнување на мојата поддршка за градоначалник на Скопје. Подавам рака до сите граѓани, политички партии и организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива она како што почнавме, дека Скопје мора да остане град каде што граѓаните одлучуваат и дека Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој“, нагласи Шилегов.

Актуелниот градоначалник порача дека само заеднички може да се продолжи почнатото. Со обединување на сите демократски сили, вели Шилегов, Скопје ќе расте во единствена коалиција, со граѓани што ќе учествуваат во одлуките за сите важни проекти преку системот на директна демократија.

„Ова се избори за Скопје и иднината на нашиот град и тоа не смееме да го заборавиме. Ова се избори на кои избирате како Скопје треба да продолжи напред и за тоа во каков град сакаме да живееме. И ништо друго. Сите вие што во првиот круг решивте од кои било причини да не излезете на гласање, ве повикувам на 31 тоа да го направите“, повика градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Објавено пред

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања на ковид-протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).

Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, и тоа како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел, до најмногу 50 % искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија2 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија4 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија5 часа

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија6 часа

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија7 часа

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија7 часа

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа9 часа

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион9 часа

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет10 часа

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија20 часа

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија20 часа

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Македонија1 ден

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија1 ден

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија1 ден

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија1 ден

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ победи во 20, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се  32 градоначалници. Според...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија1 ден

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена...

Досие