Контакт

Македонија

Прв фестивал на оризот во Чешиново

Објавено пред

Првиот „Фестивал на оризот во Чешиново, 2019“ ќе се одржи денеска во Екоетно паркот во селото Чешиново со почеток во 13 часот.

Чешиново е лоцирано во срцето на Брегалничкиот Регион, карактеристичен по својот богат биодиверзитет, култура и долга традиција на одгледување ориз.

За време на фестивалот посетителите ќе имаат можност да ги пробаат традиционалните специјалитети од ориз, произведен со примена на одржливи практики, кои придонесуваат природните екосистеми на овој регион и нивниот биoдиверзитет да бидат сочувани и одржливо управувани и користени.

„Исто така ќе имате можност да го видите најголемото штрково гнездо во Европа, во висина од 3,2 метри, кое се наоѓа на Задружниот дом во Екоетно паркот во Чешиново. Поради најголемата популација на штркови во државата, општината Чешиново-Облешево ја доби титулата ‘Европско село на штркот’ за 2013 година“, најавуваат организаорите.

Организатор на настанот е Јадрената група за одржливо производство на ориз – ОРИЗОВА БРАТИМКА, Чешиново, Чешиново-Облешево, која е воспоставена во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координирана од Фармахем.

Македонија

Заев на средба со евроамбасадорот Гир: Со функционален парламент и висока свест на политичарите до европска агенда

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на делегацијата на ЕУ во нашата држава.

На состанокот бешe изразена поддршка за развојните и интеграциските процеси на нашата држава, со фокус кон натамошен напредок во реформските процеси и на политиките на дијалог во насока на граѓанските интереси и на државните стратешки цели, се вели во писмениот допис од кабинетот на Заев.

Заеднички е заклучено и дека е потребна висока свест од сите политички субјекти за функционален Парламент, во полза на потребите на граѓаните и на спроведувањето на европската агенда.

„Покажавме дека нема недопирливи кога се работи за владеењето на правото и во таа насока ќе продолжиме да ги мотивираме да работат сите надлежни институции и органи. Цврсто сме фокусирани на борбата против организираниот криминал и корупцијата и во соработка со нашите меѓународни партнери. Посветени сме на инклузивно работење со сите политички субјекти и општествени чинители. Се грижиме за здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите. Зголемен е бројот на странски инвестиции во земјава. И, со сите овие чекори што ги правиме, очекуваме економскиот развој да продолжи, имплементација на европските вредности дома, но и исчекор во европските интеграции“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев упатил благодарност до еврокомесарот Вархеј, за неговите големи заложби за финансиска помош и за распределба на вакцините и кон земјите од Западен Балкан, како дел од заедничките напори за справувањето со последиците од пандемијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

МГ Фешн: Имаме основа за правна постапка за претрпена штета, ако се случи суспензија на планот

Објавено пред

Компанијата МГ Фешн, во консултација со својот адвокатски тим, информира дека има основа за целосно легитимна правна постапка за претрпена штета, доколку Општина Центар донесе одлука за суспензија на деталниот урбанистички план со кој е засегната МГ Фешн како инвеститор на проектот Гранд Скопје.

Евентуалното прифаќање на иницијативата да се искористи законската можност за суспензија на планот за градење, од страна на Општина Центар, ќе предизвика огромна материјална штета по нас како инвеститор, на ионака веќе претрпената штета во изминатите 3 години како последица на мораториумот – неуставна и незаконска мерка, која дури два пати беше поништена со Одлука на Уставниот суд.

„Штетите кои ние како инвеститор ги трпиме од неуставно и незаконски попреченото право на градба кое произлегува од правото на сопственост, и тоа врз основа на важечки ДУП донесен во законита постапка, се проценети на десетици милиони евра и таа штета потенцијално ќе падне на товар на општината. Според законот, за урбанистичките планови од локално значење штетите ги сноси единицата на локалната самоуправа, односно Владата на Република Северна Македонија за урбанистичките планови од државно значење. “ – истакнуваат од МГ Фешн.

Согласно членот во Законот за урбанистичко планирање на кој се темели иницијативата за суспензија, треба да се докаже несомнена штета по јавниот интерес што е воочена при спроведување на планот и која би се зголемувала со неговото спроведување. Притоа, не е јасно која е таа несомнена штета по јавниот интерес, особено со оглед на фактот што Општината нема ниту еден доказ за ваквата штета.

„Не само што штетата не е докажана, туку и на овој начин одредбите од законот се злоупотребуваат за цели кои се во спротивност со јавниот интерес и правата на граѓаните. Граѓаните, жителите на општината и државата трпат штета, затоа што со стопираната градежна активност во општината се намалува конкуренцијата во станбената изградба и расте просечната цена по метар квадратен во таа општина, општината не остварува приходи од комуналии, кој е главен извор за финансирање, со што на општината и се намалува можност да решава проблеми од локално значење, и на крајот државата не остварува приходи од данок на додадена вредност, и други давачки, со што трпи буџетот.“ – појаснуваат од МГ Фешн.

Од сето наведено, очигледно е дека не постои несомнена штета по јавниот интерес што е воочена во текот на спроведувањето на планот и која би се зголемувала со неговото спроведување, напротив спроведувањето на суспензија на плановите за градење е на штета на јавниот интерес, која континуирано се зголемува уште од донесувањето на првата одлука за забрана за градење.

Потсетуваме дека деталниот урбанистички план е донесен во законита постапка, во која постапка од страна на вклучените органи Град Скопје, Министерство за транспорт и врски била проверувана усогласеноста на планот со плановите од повисоко ниво, вклучително и Генералниот урбанистички план, по што по спроведена јавна анкета истиот план бил донесен, а сé до донесување на нов на важност е посточекиот детален урбанистички план.

Идејното решение , кое е одобрено од Општина Центар е со параметри кои се 55% помали од предвидените со важечкиот ДУП .

Гранд Скопје ќе биде урбан и зелен комплекс со модерни објекти кои ќе се градат во 3 фази: во првата фаза еден станбено-деловен објект од 20 ката; во втората уште еден станбено-деловен од 22 ката, а во третата фаза деловен и комерцијален простор од 16 ката. Имено, согласно идејниот коцепт вкупната површина за градба е 9.165 м2, а бруто развиена површина е 89.627 м2, наспроти 13.654 м2 површина за градба и 200.000 м2 бруто развиена

површина, колку што дозволува ДУП-от. Максималната височина на планирана градба изнесува 81.20м, иако согласно зададените урбанистички параметри во актуелниот ДУП истата изнесува 180 м. Во однос на зеленилото, проектот значително го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини.

На крајот сакаме јасно да ставиме до знаење дека нема да дозволиме да се доведува во прашање правната постапка зад проектот Гранд Скопје бидејќи во истата нема никакви правни недоследности, воедно ниту интегритетот на МГ Фешн, компанија која повеќе од 15 години успешно работи на македонскиот пазар.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Македонија

Tетовска фирма без дозвола флаширала минерална вода и ја продавала цели три години

Објавено пред

Управата за финансиска полиција поднесе три кривични пријави против две физички и едно правно лице оти три години, без дозвола, полнеле вода и ја продавалe како „Шарпланинска вода – Iam Scardica water“.

Трите кривични пријави се за „Сан енд старс ДОО експорт-импорт“ како правно лице и како физички лица за сопственикот и за одговорното лице во истата компанија.

Кривичното дело за кое се товарат е незаконска експлоатација на минерални суровини.

„Пријавените лица во својство на одговорни лица и сосопственици на ’Сан енд старс ДОО експорт – импорт’ од Тетово, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во период од 1.1.2017 година до 31.12.2020 година вршеле незаконита експлоатација на минерални суровини – минерална вода определени со закон. Спротивно на Договорот за концесија за експлоатација на минерална вода на локалитетот ’с.Првце’, општина Теарце, склучен во 2015 година, спротивно од Законот за минерални суровини и спротивно од Законот за води, пријавените, без да ги обезбедат законски предвидените дозволи за користење на води, за испуштање на вода и за експлоатација на минерални суровини, изворите на минерални води ги експлоатирале, водата ја полнеле во шишиња и истата ја ставиле во промет, со што се стекнале со противправна имотна корист, од продажбата на флашираната вода ‘Шарпланинска вода- Iam Scardica water’ во износ од 28.659.312,00 денари“, извести Управата за финансиска полиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Заев: Има основа за разрешување на Пауновски, тој ми е пријател но станува збор за принцип

Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа. Ова доаѓа откако претходно...

Македонија47 минути

Вакцинираните од следната недела ќе добиваат потврда која служи како ковид-пасош

Од следната недела ќе почне издавањето на потврдата за вакцинирање која сè уште нема официјален статус на ковид-пасош, но ќе...

Македонија1 час

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на предлог-закон за потекло на имот денеска беше...

Регион3 часа

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел...

Македонија3 часа

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија3 часа

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа4 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет4 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет4 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион5 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет5 часа

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија5 часа

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија6 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија20 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ22 часа

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија22 часа

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион22 часа

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија23 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ1 ден

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Досие