Контакт

Македонија

Предлогот за референдум е подготвен, се чека одлука на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Предлог-одлуката за распишување референдум е подготвена и потпишана од парламентарното мнозинство.

Претставници на партиите се на координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, без опозициската ВМРО-ДПМНЕ чии пратеници имаат посебна координација во Собранието.

Во предлогот за референдум е наведено дека истиот ќе се одржи на 30 септември. Референдумското прашање би требало да гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција?“

Седницата за распишување на референдумот се очекува да биде попладне.

Македонија

Пендаровски во Москва за Денот на победата

Објавено пред

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе учествува на прославата на 75-годишнината од победата во Втората светска војна на 9 мај идната година во Москва по покана од рускиот претседател Владимир Путин, јави руската новинска агенција ТАСС.

„Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Значи, секако ќе бидам таму“, изјави Пендаровски за време на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на Парискиот мировен форум.

Лидерите на Индија, Куба, Франција, Чешка, Венецуела, Белорусија. Ерманија, Бугарија и Србија досега го потврдија нивното учество на прослевите. Покана е испратена и до американскиот претседател Доналд Трамп.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да има средби со претседателот Стево Пендаровски и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

На заедничка иницијатива на германското Министерство за надворешни работи и претседателот на Северна Македонија ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно со температура до 19 степени

Објавено пред

Времето во текот на ноќта и изутринава беше претежно облачно, со врнежи кои се преместуваа од централните кон источните делови од земјата. Утринава поинтензивен дожд има на југоисток, а во Струмичко и Беровско имаше и засилен југоисточен ветер.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно, претпладне и повеќе на истокот од земјата со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет23 минути

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија29 минути

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Македонија11 час

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион11 час

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион14 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа15 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија17 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија18 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија20 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ22 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија22 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија22 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион22 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија24 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет24 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион1 ден

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија1 ден

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет1 ден

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Досие