Контакт

Македонија

Предлог законот за Финансиска полиција испретен на усвојување во Собранието

Објавено пред

Владата на редовна седница го утврди новиот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци.

Со ново предложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно Планот 3-6-9 на Владата во областа борба против организиран криминал и корупција, кој предвидува зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓуинституционална рамка.

Македонија

Шилегов: Ја вративме Дрисла на Град Скопје

Објавено пред

Градоначалникот Шилегов на прес-конференција соопшти дека по двегодишна тешка, напорна, но истовремено и искрена и принципиелна борба депонијата „Дрисла“ е вратена во системот на Град Скопје.

„Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како Ваш градоначалник. Создадени се услови во текот на утрешниот ден да биде разрешен сегашниот директор на „Дрисла“ и именување на нов в.д. директор, а по седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари, да бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад“,рече Шилегов.

Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка ќе ги повика сите надлежни институции и заинтересирани граѓански здруженија и асоцијации, сите заинтересирани граѓани поединци да помогнат заеднички да се направи анализа на досегашното работење на депонијата и заеднички да ја утврдат фактичката состојба во овој сега веќе градски капацитет.

„Ќе повторам, Град Скопје и јас лично како градоначалник сме гарантот за исправноста на целосното идно работење на „Дрисла“. Жал ми е што заради некомпетентност и базично незнаење демонстрирано од претходната владејачка гарнитура неповратно изгубивме цели 9 години. Во периодот што следува прва грижа на Градот ќе биде „Дрисла“ да стане прва санитарна депонија која ќе применува современи технологии за управување со отпадот и целокупниот нејзин економски потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните“, нагласи Шилегов на денешната прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски – Секизќок: Има интерес за унапредување на економската соработка со Турција

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски се сретна со Хасан Мехмет Секизќок, новоименуваниот амбасадор на Република Турција во нашата држава.

„Соопштено е дека Република Турција продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ-интеграциите и дека се подобрува соработката на економски план. На средбата е заеднички констатиран напредок во односите помеѓу двете држави, особено во областа на економијата, образованието, одбраната, културата. Изразени се определби за унапредување на односите меѓу двете држави, за мотивирање нови турски инвестиции во земјата и за зголемување на трговската размена, која и сега е на високо ниво со оглед дека Република Турција е меѓу десетте држави со кои Република Северна Македонија има најголема трговска размена“, соопштија од Владата.

„Насочени сме како Влада, особено кон економскиот развој на државата. По решенијата на сите други прашања важни за земјата, со посветеност работиме на развојот во областите што се од директен интерес за граѓаните, како што е економијата. Остануваме посветени на сите инцијативи за олеснување на соработката на овој план меѓу нашите две држави. И особено сме благодарни за континуираната поддршка на Република Турција во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и напредокот во евроинтеграциите“, рекол Спасовски.

На средбата било оценето дека со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО се создаваат можности за поблиска соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и кон заедничките приоритети во рамките на алијансата.

Исто така, изразена била заедничка определба за борбата против тероризмот и обезбедувањето мир во државите и светот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре автобусите на ЈСП ќе возат по вообичаениот зимски возен ред

Објавено пред

ЈСП информира дека од утре, 21 јануари, јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред.

Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, тој беше редуциран.

Од утре автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење јавен превоз.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија3 часа

Докторката на Тони Трајковски сведочи зад затворени врати

Обвинетиот Тони Трајковски не дојде на денешното судење за ТНТ по што судот ја одложи расправата за уривањето на објектот...

Македонија4 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија4 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ4 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет5 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет5 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија6 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет6 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет17 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет17 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава18 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион21 час

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет22 часа

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија1 ден

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа1 ден

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија1 ден

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија1 ден

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Европа2 дена

Хари и Меган останаа без кралските титули

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите...

Досие