Контакт

Македонија

Предложениот закон за една изборна единица да влезе во собраниска процедура, порача Милошоски

Објавено пред

Предложениот закон за една изборна единица треба да влезе во собраниска процедура и да дојде на комисиска расправа за да може секој да го искаже своето мислење, порача пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

dobivaj vesti na viber

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ како пратеничка група и како коалиција го поддржува изборниот модел една изборна единица, кој би требало во иднина да биде усогласен со компаративното право и изборниот праг што би се применувал.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средби со претседателите на политичките партии ДОМ, ТДП и Српската партија во Македонија во однос на изборниот модел, со кои, како што рече Милошоски, имаат заеднички гледишта.

 

Македонија

Првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за припадниците на еврејската заедница

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 5 октомври 2022 година (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија им го честита празникот Јом Кипур.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Ги зголемивме платите во образованието за 36% во споредба со ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за наставниците и образованието. За само пет години платите на вработените во основното и во средното образование се зголемени за 36 проценти, во споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека од 2017 година платата на околу 32.500 вработени во основното и во средното образование, од кои околу 25.000 се наставници се зголеми за повеќе од една третина. Само со последното зголемување од септември годинава нивните плати се покачени за 15 отсто. Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.

За споредба, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за 11 години, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги уценуваше и понижуваше наставниците, СДСМ го вреднува нивниот труд и им го враќа достоинството, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Објавено пред

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Бројот на загинати од ураганот Ијан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Иан во САД се искачи на повеќе од 80, бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет1 час

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет2 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност откако половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа2 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора да дејствуваме самите, и затоа Австрија прави се за да се...

Свет2 часа

Поранешниот шеф на ЦИА Дејвид Петреус испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опрема во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет2 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостаток на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити, откако болеста ненадејно се врати поради недостаток на гориво и чиста вода...

Регион11 час

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ13 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет17 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија19 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија21 час

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија22 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија23 часа

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион1 ден

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет1 ден

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија2 дена

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет2 дена

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион2 дена

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија2 дена

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија2 дена

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...