Македонија
Предложен притвор за скопјанец, од хотел украл предмети во вредност од 100.000 денари
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот претходно повеќепати е осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ ‘Затвор Прилеп’, но побегнал и од 5 јули по него била распишана потерница. Периодот додека бил на слобода го искористил да стори ново кривично дело, па на 8 јули во вечерните часови влегол во службени простории на хотел во Скопје и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои“, велат од Обвинителството.
„Од хотелот тој успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од речиси 1.400 евра, како и клучеви од хотелот, неколку СИМ-картички, како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на речиси 100.000 денари.
Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг, му пристапиле членови на обезбедувањето на хотелот. Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега влегувајќи во такси-возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежниот факултет во Скопје по што пријавениот бил лишен од слобода“, додаваат од Обвинителството.
Во конкретниот случај, според јавниот обвинител, постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје тој достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Груби: Од медиумите дознав за одлуката на Стејт департментот, секогаш посветено работев
„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“ напиша поранешниот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи во врска со одлуката на Стејт департмент на САД да го постави на црната листа.
Груби вели дека целиот свој јавен живот го посветил на одбраната на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, поради што оваа одлука го засегала директно и лично.
„Секогаш посветено работев, ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“ вели Груби.
Тој додава дека танспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе биле главниот столб на секоја негова акција.
Груби беше ставен на црната листа заедно со судијата од Апелациониот суд, Енвер Беџети поради корупција во врска со судски случај поврзан со Сашо Мијалков.
Македонија
Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово.
Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони. Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол, извести ЦУК.
За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ЦИК на МВР.
Македонија
Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на црната листа на САД
Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок партиски функционер член на ДУИ Артан Груби како и судијата Енвер Беџети, објави Стејт департментот.
Тие јавно се означени дека се вклучени во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.
Оттаму додаваат дека означени се и членовите на најблиското семејство на Груби.
• Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби, стои во Стејт департментот.