Контакт

Македонија

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Објавено пред

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба.

Пановска била именувана за в.д. директор на 14.8.2017 и досега постојано ѝ бил продолжуван мандатот на 6 месеци, што значи дека таа имала обврска по истекот на секој шестмесечен мандат, да доставува анкетен лист дека и завршила функцијата.

Пановска е именувана на директорката функција четирипати, а таа дури пред една недела, на 15 мај, ги доставила сите анкетни листови за имотната состојба одеднаш.

Антикорупциската комисија веќе отвори предмет за докторката Ирина Пановска-Ставридис, в.д. директорка на Клиниката за хематологија, за можно местење тендери во корист на веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на татко ѝ. Антикорупционерите ќе испитуваат и како Пановска-Ставридис унапредувала лекари во раководители на одделот. Пријавата до ДКСК ја доставиле анонимни граѓани и група загрижени лекари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја делови на Центар, Чаир, Карпош и Чучер Сандево

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани следните технички зафати во електросистемот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Чаир, Карпош и Чучер Сандево.

Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата Христо Чернопеев, дел од ул Славејко Арсов (општина Центар), од 8:05 до 12 часот корисниците од ул. Никола Малешевски зграда бр.39 влез 1 и влез 2, ул. Никола Малешевски зграда бр.41 влез 1 и влез 2, дел од бул. Македонско-косовска бригада до влез на ГРО Илинден (општина Чаир), од 9 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Бранислав Нушиќ, ул.Шекспирова, дел од ул.Веселин Маслеша (општина Карпош), од 8:30 до 13:30 часот корисниците од ул. Орце Николов од бр.60-72 (општина Центар) и од 9:30 до 14 часот корисниците од с.Бразда (општина Чучер Сандево).

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода корисниците во Керамидница, Крњево и Центар

Објавено пред

Од ЈП „Водовод“ добиено е известување дека поради промена на шибер од Ф 300 мм на улицата Кеј Димитар Влахов (кај бензинска пумпа Макпетрол), без водоснабдување од 8 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од населбата Керамидница (општина Гази Баба), како и дел од Крњево (општина Центар).

Поради уличен дефeкт на ул. Орце Николов (пред „Охридска банка“ ) без водоснабдуање од 8 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од ул. Никола Кљусев, ул.Скопско и дел од ул. Орце Николов (општина Центар).

Поради промена на вентил на ул. Кеј 13 Ноември ( пред кафеана „Ања“), без водоснабдување од 8 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од „Холидеј ин“ до плоштад (општина Центар)

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателите на комисиите на СДСМ на средба со градоначалниците

Објавено пред

Претседателите на неколку комисии на СДСМ попладнево одржаа работни состаноци со градоначалници од изборните единици 1, 2 и 6.

„На сите нивоа, СДСМ посветено работи согласно новиот систем во интерес на граѓаните. На состаноците се разговара за степенот на реализација на програмите на општините и градоначалниците, соработката меѓу општините, министерствата и централните институции, како и за меѓуопштинската соработка.

Од страна на градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа беа презентирани и плановите за идни активности кои се насочени на подобрување на квалитетот на живот, како и унапредување на локалниот економски развој. Се разговара и за креирање нови решенија и мерки за актуелни прашања.

Активностите на СДСМ на сите нивоа продолжуваат со засилено темпо. Сите капацитети се ставени во функција на креирање мерки и политики кои се во интерес на граѓаните.Продолжуваме да работиме посветено на остварување на зацртаните цели кои обезбедуваат подобар живот за сите“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија12 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура14 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија15 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион15 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија18 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет20 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија21 час

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија21 час

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија22 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија22 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет23 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа23 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија24 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион1 ден

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион2 дена

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија2 дена

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Досие