Контакт

Македонија

Преку 70 пациенти се прегледаа бесплатно во рамки на месецот на машкото здравје

Објавено пред

Повеќе од 70 пациенти денеска во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје направиле ЕХО и уролошки прегледи во рамки на акцијата посветена на Ноември – месецот на машкото здравје, познат и како Мовембер.

– Не само ноември туку и секој месец да биде како ноември. Мажите да се свесни за своето здравје, поготово постарата популација над 50 години би требало задолжително еднаш годишно да прават уролошки преглед што опфаќа ЕХО на уринарниот трахт и туморски маркери за простата. Тие што имаат фамилијарно оптеретување се препорачува да ги почнат прегледите од 45 години па дури и порано, изјави д-р Дарко Костовски, уролог во ГОБ „8 Септември“.

Директорката на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Ленче Нелоска рече дека акцијата се прави за да се подигне свеста кај мажите кои не сакаат да доаѓаат на прегледи односно кај уролог.

– Тоа е единствен начин каде што ќе може да се прегледаат и да се спречи навреме катастрофална последица кај нивното здравје, рече Нелоска.

На акцијата се придружи и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски кој кажа дека дошол со цел да ја развиеме свеста во овој случај кај мажите за превентивни прегледи.

Аларм за посета на уролог се појава на крв во урина, болки при седење и зголемена потреба за мокрење.

Најново

Македонија21 минута

Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски

Исполнет е уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес на...

Свет24 минути

Хутите нападнаа седиште на нафтен гигант, брод потона во Ормутскиот теснец

Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира. Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го нападнаа седиштето на саудискиот нафтен гигант „Арамко“,...

Свет32 минути

„Покривот на Европа“ изгуби повеќе од еден метар во висина за една година

Највисокиот врв во Европа изгубил повеќе од еден метар во висина во текот на изминатата година. Мон Блан во Франција...

Спорт1 час

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет1 час

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија1 час

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт1 час

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија2 часа

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет2 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....