Контакт

Македонија

Пресуда за Зоран Милевски – Кичеец утре напладне

Објавено пред

Пресуда за третообвинетиот Зоран Милевски  во предметот „Рекет”, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по признанието на вина ќе биде објавена утре напладне.

Претходно обвинителката и неговите адвокати ги изведоа само доказите кои се однесуваат на казната.

„Целосно се докажа дека го сторил делото за кое беше обвинет. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности“, рече Вилма Русковска во завршниот збор.

„Обвинетиот кој имал шанса како сведок да го избегне обвинението, тој се довел во ситуација да биде обвинето лице и од тој момент активно не бил соработник. Мора судот да има предвид дека не се работи за јавна личност. Тој е бизнисмен, вработен во компанијата на човекот кој го пријавил ова кривично дело“, рече неговиот адвокат Александар Новаковски.

Неговиот адвокат рече дека Милевски е татко на пет малолетни деца за кои треба да се грижи, има болен татко и претходно не е осудуван и побара условна осуда, а имал и здравствени проблеми.

Милевски беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание за која е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Тој има право на жалба до Апелациониот суд само во делот на висината на казната.

За останатите обвинети Катица Јанева и Бојан Јовановски постапката продолжува в петок, на 6 декември. Јовановски е обвинет исто така за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари, а Катица Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување.

Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го ослободи од притвор осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“.

Јанева му ја олеснила положбата во истрагата на Камчев, па предложила да му се укине притворот и да му се определи поблага мерка, куќен притвор, при неизменети околности.

Во натамошниот тек на постапката Јанева планирала да му даде својство на заштитен сведок и да ја запре истражната постапка или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и Камчев да плати незначителен износ на штета и да му се врати пасошот.

Обвинетиот Зоран Милевски договарал средби меѓу Бојан Јовановски и брачната двојка Орце и Ана Камчеви, а за возврат за посредувањето примиле награда од 1,5 милион евра во разни апоени, и тоа од Ана Камчева половина милион евра, а од Орце Камчев 1 милион евра.

Јанева ова го прифатила и за себе прибавила значителна имотна корист и тоа предмети, мебел во износ од приближно пет илјади евра, кој за неа го набавил Боки 13, и готовина 50.000 евра.

Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и перење пари, а Милевски за противзаконско влијание.

Македонија

(Видео) Мисајловски: Се обврзуваме на повеќе средства во културата и уметноста

Објавено пред

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 денеска го посети Бутел и манастирот Св. Никола од каде што ги повика граѓаните да ги посетуваат убавините на Македонија, а исто така ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и гласаат за број 14 и обновата на Македонија со што и се обврза на повеќе средства од буџетот за културата и културните наследства на Македонија.

„Имам можност повторно да бидам тука во Бутел да разговарам со многу пријатели, со познаници да го прошириме гласот за обнова на Македонија. Денеска сум исто така на убаво место каде што позади мене можете да видите се наоѓа и манастирот Св. Никола место каде што навистина секој еден човек треба да дојде и да го посети, место каде што треба и министерството за култура се разбира и државата да одвои повеќе средства. Вакви убавини има не само во Бутел туку и насекаде во Македонија затоа е потребно да стигне обновата на Македонија за да има обнова во културата да има обнова во уметноста а јас често пати велам да има и обнова на семејните вредности на традицијата на она исконското да не заборавиме од каде сме и каде припаѓаме и да не ги заборавиме овие прекрасни убавини што се не само позади мене туку и насекаде во Македонија“, нагласи Мисајловски.

Тој додаде дека во ек на пандемија кога граѓаните не можат да излезат надвор од границите на Македонија добро е да ги посетат убавите места низ Македонија и да ја зачуваат традицијата и културата.

„Во ова време баш во ек на пандемија кога народот за жал е оставен во границите на Македонија добро е да си ги посетиме овие убави места насекаде во Македонија а во изборна единица два има многу такви прекрасни места. Затоа ги повикувам граѓаните да ја сакаат Македонија да ги сакаат овие прекрасни места бидејќи набрзо ќе има многу проекти не само за Бутел за Ѓорче Петров не само за Куманово не само за Чаир туку насекаде низ изборната единица 2 туку насекаде низ Македонија“, истакна Мисајловски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Богојески: Гласот за 10ка е глас за победа на граѓаните врз политичарите

Објавено пред

Носителот на листа за пратеници од Македонски концепт за ИЕ1 заедно со кандидатите за пратеници за ИЕ2, како дел од теренските активности – средби со граѓани денеска ги посетија пазарот во Бутел, Бит Пазар и Стара скопска чаршија.

„Не е проблемот само во Владата, туку во целиот политички систем кој си игра со животот на граѓаните 30 години наназад. Луѓето веруваа дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, СДСМ ќе донесе промени. Напротив, ништо не се промени. Но овој пат Македонски концепт нуди избор. Јас сум уверен дека на 15 јули граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и наместо да останат дома или да поништуваат гласачки ливчиња, одлучно ќе заокружат 10ка. Затоа што глас за 10ка значи глас за промена, глас за гаранција дека оваа власт ќе ја казниме, а нема да дозволиме ниту обнова на бандитизмот од минатото”, изјави Петар Богојески, лидер на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1.

Граѓаните на Македонија, додаде тој, заслужуваат држава во која може да живеат достоинствено.

„Ова е последна шанса да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10ка за победа на граѓаните врз политичарите“, рече Богојески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево време со засилен ветер

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен до засилен ветер, од северен и северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Од утре следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но
со посвежи утра. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност
со услови за краткотраен дожд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Македонија3 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија4 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија4 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија4 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет6 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија6 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет7 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион9 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија9 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет10 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет10 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија20 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија21 час

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет22 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион23 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија1 ден

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија1 ден

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија1 ден

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Досие