Контакт

Македонија

Претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово ќе дојдат на инаугурацијата на Пендаровски

Објавено пред

Претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово го потврдија своето присуство на инаугурацијата на Стево Пендаровски кој од утре формално ќе ја презеде функцијата претседател на Република Северна Македонија.

Александар Вучиќ, Румен Радев, Илир Мета и Хашим Тачи ќе ја следат инаугурацијата во собраниската сала, каде ќе пристигнат и претставници од уште неколку земји од регионот и Европа.

Како што јавија од собраниската прес-служба, своето присуство го потврдиле и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ со сопругата Анета Спаиќ, министерот за надворешни работи на Грција, Георгиос Катроугалос и заменик-министерот за надворешни работи Мациеј Ланг. Од Словенија ќе допатува  висок претставник на кабинетот на претседателот Борут Пахор, а од Турција заменик министерот за надворешни работи, Фарук Кајмакчи.

Собранието јави дека ќе присуствуваат и претставници од дипломатскиот кор.

Пендаровски утре напладне ќе даде свечена изјава во Собранието, а потоа ќе замине во претседателската вила на Водно.

Најново

Култура8 минути

Промоција на книгата „Септемвриска тетратка“ од Гордана Михаилова Бошнакоска во КИЦ

Во Културно информативниот центар – Скопје, на 17 септември 2026 год. во 19:19 часот Салон -Империјал 1 ќе се оддржи...

Забава8 минути

Жените полудеа по 50-годишниот актер: Го прогласија за „најсекси губитник на Еми“

Актерот Шон Хатоси (50) не освои Еми на годинашното доделување, но привлече огромно внимание на социјалните мрежи, каде обожавателките го...

Забава13 минути

Џенифер Лопез ги покажa деталите од својот нов дом од 18 милиони долари

Џенифер Лопез го покажа својот нов дом од 18 милиони долари во елитната калифорниска населба Хиден Хилс. Таа го купи...

Забава14 минути

Стивен Рут (74) ja освои својaта прва „Еми“ и не можеше да поверува: „Мислев дека е грешка“

Актерот Стивен Рут (74) ја освои својата прва Еми награда за најдобра споредна машка улога во хумористичната серија „Widow’s Bay“,...

Македонија22 минути

Штета за албанската кауза, министерот за правда од „Вреди“ ја изедначи жртвата со агресорот, велат од ДУИ

Според ДУИ, скандалозната изјава на министерот за правда од редовите на „Вреди“ има нанесено сериозна штета врз историската вистина и...

Македонија26 минути

Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

СВР Охрид известува дека, полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09. 2026 година, со...

Македонија26 минути

Апасиев бара одговори за наплатата на брзите кредити: По кој закон се оди на врата за долг?

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев најави дека проблемите со брзите кредити ќе ги отвори институционално преку пратенички прашања...

Македонија33 минути

ЛДП: За самонаречената елита важат законите, брзата правда, за обичните граѓани остануваат само отворените закани и несигурноста

Кога неговата светост, самопрогласен шеф на новата елита, ќе добие закана на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи реагира со...

Спорт34 минути

Ридигер дефинитивно повеќе нема да игра за Германија

Антонио Ридигер, искусниот стопер на Реал Мадрид, на први септември објави дека се повлекува од германската репрезентација. Во објавата на...