Контакт

Македонија

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на Законот за изменувањето на Законот за оперативно-техничката агенција, на Законот за централен регистар на населението, на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, на Законот за изменувањето на Законот за спортот и на Законот за практикантството.

„Претседателот Пендаровски смета дека овие закони и нивната идна имплементација се од витален интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.Измените на Законот за оперативно-техничката агенција се однесуваат на делот на финансирањето и ќе придонесат за професионализација на безбедносните служби. Формирањето на ОТА произлезе од планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.

Со примена на Законот за централен регистар на населението ќе се утврди унифициран и единствен начин на водење на одделните бази на податоци врз основа на утврдени стандарди и процедури. Со Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите се унапредува економскиот развој на државата. Новиот закон значително ги олеснува процедурите, но и ќе се зголеми бројот на компании што може да аплицираат и да добијат државна поддршка за развој на бизнисот.

Со измените на Законот за спортот се овозможува даночно ослободување за националните спортски федерации, за спортските клубови, за активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови, како и други правни субјекти што имаат решение за вршење дејност спорт. Со ова ќе се обезбедат значителни средства за поддршка на спортот и спортистите. Законот за практикантството ќе им помогне на невработените лица и на лицата што не се во работен однос, како и на работодавците да ги реализираат своите цели – вработување соодветен кадар преку обука за време на практична работа“, се вели во соопштението.

Претседателот Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на следните закони:
– Законот за изменување на Законот за оперативно-техничката агенција;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за електронските комуникации;
– Законот за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за данокот на додадената вредност;
– Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер;
– Законот за централен регистар на населението;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Изборниот законик;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите;
– Законот за изменување на Законот за спортот;
– Законот за практикантството;
– Законот за услуги;
– Законот за ратификација на договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи;
– Законот за извршување на санкциите;
– Законот за тутунот, производите од тутун и сродните производи;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за регистрирање на готовинските плаќања;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за државните награди;
– Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со текстот на Законот;
– Законот за електронското управување и електронските услуги;
– Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за јавниот долг.

Македонија

(Видео) Дескоска: Граѓаните кои се сомневаат дека предметите им се распределени на рака, да се обратат до судот

Објавено пред

Граѓаните кои се сомневаат дека нивните предмети во судовите не се распределени електронски, преку АКМИС системот, туку на рака, за тоа може да се обратат до судовите каде што се водат предметите, рече министерката за правда, Рената Дескоска на денешниот настан за состојбите со АКМИС системот во судовите.

„Има граѓани кои што се обратиле до Министерството за правда. Со оглед на тоа што комисијата кога врши увид, не врши увид на конкретни предмети, туку генерално на финкционирањето на системот. Ние како министерство не располагаме со податоци кои предмети биле распределени рачно поименично“, рече Дескоска.

На новинарско прашање за истрагата за злоупотребите со АКМИС системот во судовите, министерката рече дека побарале извештај од Обвинителството за да биде внесен во извештајот за напредокот во реформите пред Европската комисија.

„Испративме барање до Обвинителството. Дадоа листа на чекори. Не очекувајте чуда преку ноќ. Ниедна истражна и судска постапка не завршува брзо“, рече министерката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Објавено пред

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави во пресрет на утрешната седница на Советот на ЕУ, комесарот за проширување Јоханес Хан.

Во околности во кои Советот на ЕУ утре може повторно да ја одложи одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, Хан денеска ги повика министрите на ЕУ што побрзо да овозможат отпочнување на пристапни преговори со нашата земја, оценувајќи дека тоа би бил важен сигнал за целиот регион, пренесе „Танјуг“.

Тој порача дека земјава направила се што било побарано од неа и предупреди дека секое одлагање на соодветен одговор од ЕУ би претставувал ризик.

„Ако една земја која многу инвестираше во европската перспектива, а нејзините лидери покажаа храброст во постигнувањето на компромиси, не биде наградена за тоа, тогаш ЕУ го губи кредибилитетот и моќта да дејствува во целиот регион на Западен Балкан“, смета Хан.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот на Советот во Луксембург, утре треба да донесат заклучоци и препораки за понатамошните чекори во поглед на земјите кои се во процес на пристапување кон Унијата.

Додека група на земји предводена од балтичките земји и од Централна Европа се залагаат за почеток на пристапните преговори во јуни, Германија бара одложување до септември поради расправата на Бундестагот.

Во исто време, Франција и Холандија сметаат дека одлуката за Северна Македонија може да биде донесена и подоцна, а се и против почетокот на преговорите со Албанија, поради, како што ценат, неубедливите докази за напредок во владеењето на правото, особено во борбата против организираниот криминал.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вработени во обложувалниците и казината бараат да бидат вклучени во расправата за Законот за игри на среќа

Објавено пред

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ бара учество во процесот на изнаоѓање соодветно решение за Закон за игри на среќа.

„Со месеци сме предмет на жестока негативна кампања со која игрите на среќа треба да се претстават во јавноста како „дувла“ на беззаконие и како извор на зло за младите генерации. Тргнувајќи од фактот дека во објектите на сите категории игри на среќа сме вработени околу 7 700 луѓе, индиректно се засегнати најмалку 23 000 граѓани, кои преку нашите работни места обезбедуваат егзистенција, а истовремено оваа дејност индиректно подржува и помага речиси 54 000 работни места,во интерес на вистината и реален приказ на состојбите во оваа дејност одлучивме да се организираме во Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.Како една од најуредените професии во земјата, ги уживаме сите права од работниот однос, ни се плаќаат и прекувремени часови и работа на празници. Се е 100% законски. И ние сме родители, најчесто на малолетни деца,и никогаш не би се согласиле да работиме нешто што им прави штета на младите, бидејќи така работиме и против сопствените деца“, велат од Здружението.

Од таму велат дека ја разбираат загриженоста на дел од граѓаните дека спортските обложувалници, видео лотаријата т.н. VLT, автомат клубовите и казината можат да ги заведуваат младите, но, велат од Здружението, пред да се донесе конечен суд треба да се запознаат сите околности.

„Вработени сме во објекти кои се носители на светски познати и реномирани брендови од овој бизнис, затоа кај нас одамна е задолжително да се имплементираат сите највисоки стандарди на ЕУ. Во нашите објекти влегуваат најмногу 3% од полнолетната популација, кои се традиционални играчи. Некој од нив игра од забава, некој игра за да заработи плус, некој за да си ја задоволи играчката страст. Кај нас многу ретко некој влегува од љубопитство. Се работи за луѓе кои претходно веќе играле, најчесто во западните земји и тука си ја пробуваат среќата. Дури, во автомат клубовите имаме дежурен психолог кој стои на располагање за секој играч кој евентуално ќе почувствува зависност од игрите на среќа. Тој веднаш може да го контактира за стручна помош. Во ниту еден објект,не смеат да влегуваат малолетници и секој наш апарат 365 дена во годината е поврзан со УЈП. Ниту нешто црно се случува, ниту сме „црни ѓаволи“ како што некој упорно сака да не претстави“, велат од Здружението.

Од таму додаваат дека не бегаат од дополнителна регулација на сите категории игри на среќа, но дека евентуалната одлука да се следи примерот на Косово и Албанија, и во Северна Македонија да се забранат игрите на среќа, е целосно погрешно решение.

„Исто така, одговорно тврдиме дека предлозите за дислоцирањето на објектите во кои се организираат игрите на среќа нема да ја постигне целта за која јавно се залагаат заговорниците на ова решение. Само ќе стават во опасност 7 700 луѓе, кои ќе останат без работа и најверојатно ќе заминат од земјата. Она што е апсурдно е што ќе ја работат истата работа во некоја европска земја. Целосно погрешно е верувањето дека дислоцирање на објектите ќе ги спречи граѓаните да играат игри на среќа. Едноставно, пробувањето на среќата е дел од човечкиот карактер. Игрите на среќа имало и ќе ги има секогаш. Сигурни сме дека едно избрзано решение само ќе креира предуслови за отворање на „диви“ играчници, надвор од регулацијата на надлежните институции, каде младите ќе бидат далеку повеќе загрозени, а државниот буџет со намалени приходи. Доволно е да се потсетиме на аферата „Детонатор“, од 2011, кога полицијата заплени околу 1000 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници“, велат од „Сакам да работам“.

Според нив, постојат поефикасни решенија од инсистирањето на затворање или дислоцирање на објектите со игри на среќа, како на пример, напуштање на досегашната пракса за издавање на лиценца за трговското друштво и воведување на лиценца за секој објект во кој се организираат игри на среќа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави во пресрет на утрешната седница на Советот на...

Економија58 минути

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски1 час

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион3 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести16 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија17 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт17 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести20 часа

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт21 час

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет22 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија2 дена

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Досие