Контакт

Македонија

Претседателот на Уставниот суд се сретна со координаторка на „Тика” во Скопје: соработката да се интензивира во текот на наредната година

Објавено пред

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и судијата м-р Фатмир Скендер, остварија работна средба со претставници од Турската агенција за координација и соработка, предводени од главната координаторка за Скопје, Шејма Бабајигит.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше констатирана успешната соработка помеѓу судот и „Тика“ во изминатите години. Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што „Тика“ во континуитет му ја дава на Уставниот суд од аспект на зајакнување на техничките капацитети и опрема за поефикасно работење.

Претседателот ги запозна присутните со тековните проекти, кои се во насока на унапредување на дигитализацијата во судот, по што од страна на координаторката Бабајигит беше истакнат интерес за идна соработка и поддршка на процесот на доопремување на судот со техничка опрема, со цел зголемување на ефикасноста на работата.

На средбата е договорено соработката да се интензивира во текот на наредната година за што ќе претстојат повеќе средби за утврдување на конкретните потреби и можности за нивна реализација.

Последната донација од „Тика“ за Уставниот суд беше реализирана во февруари оваа година кога Судот доби техничка опрема составена од компјутери и печатачи за вработените. На оваа соработка претходеше опремување на салата за состаноци и прес-конференции во 2020 година, како и обезбедување техничка опрема во 2013 година.

Македонија

МВР за уапсените за тероризам: Планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Објавено пред

Четворица терористи, со идеологија на ИСИС беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади.

dobivaj vesti na viber

За првопријавениот постојат сомневања дека создал терористичка ќелија во која што со активно учество делувале останатите три кривично пријавени лица.

„Намерата на членовите на терористичката ќелија била извршување на терористички акт на цивилни или така наречени меки цели односно јавни објекти на територија на Република Северна Македонија со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните“, велат од МВР.

Ќелијата делувала од позиција на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС, а за остварување на намерата првопријавениот формирал повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм, во кои што споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе ги искористат за извршување на терористички напади.

Останатите членови биле дел од телеграм групите, каде што се споделувале преведени материјали кои претходно биле преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС.

Претходно Обвинителството соопшти дека акцијата се одвивала на пет локации во Скопје и Гостивар. Биле извршени претреси на дом и други простории при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења. На осомничените им е определен 30-дневен притвор.

Во декември беше спроведена акција којашто, истотака, се однесуваше на разбивање на ќелија на ИСИС која делувала во Гостивар. Првоосомничен беше 21-годишен гостиварец кој ги ширел намерите на групата преку повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм, каде што споделувал и пропаганден материјал на терористичката организација „Исламска држава“ чија идеолошка матрица, според Обвинителството, била во основите на групата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Објавено пред

Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија. Деновиве сме сведоци на вештачки искреирана криза на Онкологија токму од главното протеже на таа мафија, кој е во блиски релации со Венко Филипче, истакнува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Имено веледрогеријата Др. Пановски, е сопственост на таткото на Ирина Пановска, која Венко Филипче ја постави за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година до сега земала неверојатни 35 милиони евра тендери само од Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Годишно во просек оваа веледрогерија блиска до Венко Филипче од Онкологија земала над 12 милиони евра тендери.

Онкологија и државата се заложници на оваа веледрогерија со огромни профити, која креира вештачки кризи секоја година“, додава Лефков.

Бара Венко Филипче јавно да излезе и да каже дали ја поддржува оваа веледрогерија во кризата која ја прави и дали тој стои зад истата.

Го повикува ЈО веднаш да постапи и отвори случај, а истовремено да каже до каде е со истрагите од случајот „Диво месо“.

„Ова се трговци со животи и души на луѓе и мора најостро да бидат санкционирани. Не смееме да дозволиме оваа мафија на смртта да печали на грбот на народот, а особено не на болните од рак, кои секоја секунда живот повеќе им ја должат на лекарствата со кои оваа мафија тргува“, подвлекува Лефков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уште четворица уапсени во Македонија поради тероризам: регрутирале нови членови на ИСИС и ширеле терористичка пропаганда

Објавено пред

Уште четири лица се приведени во Македонија, како дел од акцијата што почна во декември, а се оснедуваше на тероризам.

dobivaj vesti na viber

На пет локации во Скопје и Гостивар извршени се претреси на дом и други простории при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења.

„Акцијата е резултат на преземените дејствија на Лабораторијата за дигитална форензика при Основното јавно обвинителсво за гонење на организиран криминал и корупција, каде се откриени повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм во кои осомничените споделувале претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови“, велат од Обвинителството.

Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичка организација“.

Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

МВР за уапсените за тероризам: Планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Четворица терористи, со идеологија на ИСИС беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади. За првопријавениот постојат...

Македонија28 минути

Уште четворица уапсени во Македонија поради тероризам: регрутирале нови членови на ИСИС и ширеле терористичка пропаганда

Уште четири лица се приведени во Македонија, како дел од акцијата што почна во декември, а се оснедуваше на тероризам....

Македонија2 часа

Кривична пријава поради измама со ортопедски помагала, Фондот оштетен за 8,7 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против И. Т. во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД...

Македонија2 часа

СДСМ: Не е нормално Владата да купува авион, а за лекови на Онкологија да чека донации

Владата ќе купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што...

Регион2 часа

Генерален штрајк во Србија, протест закажаа и адвокатите

Генералниот штрајк или „општа граѓанска непослушност“ на кој беа поканети граѓаните на Србија од студентите во блокадата, започнува денеска, објавуваат...

Македонија2 часа

Обвинителството да отвори истрага за сите злоупотреби со онколошката терапија, повика ВМРО-ДПМНЕ

Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс. Една иста мафија на...

Култура3 часа

„Емилија Перез“ и „Анора“ – филмовите номинирани за „Оскар“ месецов на репертоарот на Кинотеката, на програмата повеќе култни остварувања

Кинотеката на Македонија во февруари 2025 година подготви исклучителна филмска програма која ги спојува класиците на златната ера на Холивуд,...

Свет3 часа

(Видео) Вонредна состојба во Ирска и Шкотска: откажани летови и затворени училишта поради невремето Еовин

Поради невремето Еовин, училиштата и универзитетите денеска се затворени во Ирска и Шкотска, а откажани се и голем број летови...

Свет4 часа

Трамп: Зеленски е подготвен да преговара со Русија за ставање крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да преговара за договор со Русија за...

Свет5 часа

Документите за атентатот на Кенеди веќе нема да се чуваат во тајност

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на...

Свет5 часа

(Видео) Одбивме непријателски дронови упатени кон Москва, соопшти градоначалникот

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни...

Свет17 часа

Tрамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини

Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност...

Спорт18 часа

Македонија силна против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го...

Топ20 часа

Почина тримесечно бебе во Скопје

Вчера во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето...

Македонија22 часа

Рокас од Куманово ја поздрави размената на честитки за новата влада во Бугарија и нагласи дека е фокусиран на реформите што се бараат од нас

Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека...

Македонија23 часа

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“....

Топ23 часа

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на...

Македонија24 часа

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не...

Македонија24 часа

(Видео) Надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, а пациентите на Онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија, велат од СДСМ

„Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Клиниката за онкологија седум дена се без потребната биолошка...

Македонија1 ден

Резил е што СДС е против купување нов државен авион по еден погинат претседател и еден врз кој е извршен атентат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е...