Контакт

Македонија

Прибе два дена во Скопје се среќавал со судии и обвинители за да им каже дека треба да бидат транспарентни и одговорни

Објавено пред

(архивска фотографија)

Европскиот експерт Рајнхард Прибе од 5 до 7 декември бил во Скопје со група свои колеги по владеењето на правото, кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во 2015 и 2017 година. Прибе сакал да направи увид во спроведувањето на препораките што ги дала групата за судските реформи. Тој се сретнал со академици, судии и обвинители и од нив побарал да работат на подобрување на имиџот на правосудството.

„Г. Прибе, меѓу другото, потсети на потребата следниот пакет-измени на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет целосно да ги содржат веќе издадените и претстојните препораки од Венециската комисија и експертите од ЕУ. Г. Прибе уште еднаш ја нагласи потребата да се обнови довербата во судските институции, особено преку конкретни мерки за зголемување на транспарентноста и за промена во однесувањето. Воедно, инспекциите на Системот за електронско распределување на судските предмети (АКМИС) треба да дадат конкретни резултати преку истраги од страна на Јавното обвинителство и проверка од страна на Судскиот совет“, пишува во официјалното соопштение.

Во препораките пишува дека Судскиот совет и Советот на јавните обвинители треба да работат на препораките од групата високи експерти по владеење на правото, особено оние што се однесуваат на штитење на независноста на судството и на осигурување на неговата отчетност. Прибе побарал да се спроведат препораките од оценувачката мисија за обуките во Академијата за судии и јавни обвинители.

Прибе ќе ја извести Европската комисија за подготовките на следниот редовен извештај за земјата, кој ќе биде објавен пролетта 2019 година.

Македонија

Градот ќе издвои повеќе пари за животна средина, зеленило и социјала

Објавено пред

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе го разгледува предлог-буџетот за 2019 година и Планот за програми за развој за 2019-2021 година, односно развојниот дел на Буџетот на Град Скопје.

Со предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година се предлага максимален износ од 6,5 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во планираните средства влегува и дел од вишокот на приходи остварен од минати години во износ од 1 милијарда и 21 милиони денари.

,,Во структура на вкупно планираните приходи најголем процент на учество имаат даночните приходи со 38%, приходите од дотации со 25%, неданочните приходи со 7% и капиталните приходи 8%.Планираните приходи и другите приливи по поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџетот на Градот Скопје за 2019 година, е следното:

-Основен буџет – 4,4 милијарди денари;
-Буџет на дотации – 1,6 милијарди денари;
-Буџет на самофинансирачки активности – 304 милиони денари;
-Буџет на донации – 130 милиони денари;
-Буџетот на кредити – 10 милиони денари;

Предложените проекти во расходниот дел на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, се изготвени согласно со стратешките приоритети на Град Скопје со кои се обезбедува ефикасно извршување на надлежностите и исполнување на потребите на граѓаните.Во предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година приоритет е животната средина и одржувањето на зелените простори, соопштија од Градот.

Според предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година, планирано е зголемување во буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

Предложениот Буџет на Град Скопје за 2019 година е изготвен согласно со насоките за подготовка на буџетот на единиците на локалната самоуправа – Буџетски циркулар за 2019 година, како и согласно со измените на Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа.Сите предложени програмски проекти од различните области во рамки на законските надлежности на Град Скопје, се планирани внимателно, а во насока на здрава животна средина и воспоставување концепт на одржлив развој, а со тоа и приближување кон политиките на Европска Унија и нејзините принципи.

Зголемување има и во буџетот за социјала, кој за 2019 се предлага да биде 102 милиони денари, во споредба во годинешниов кој изнесуваше 78 милиони денари. Зголемување има и во делот за изградба на паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Во делот на урбанистичкото и просторно планирање и уредување на градежното земјиште се предвидуваат средства во износ од 1.384.280 денари за капитални расходи, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Рангелова го спречи Трајковски да ме погоди со парче стакло, сведочеше советничка од Центар

Објавено пред

Советничката Марија Бошковска Јанковска, која денеска сведочи за предметот „Насилство во Центар“, рече дека обвинетиот Александар Трајковски, кој беше фотографиран со Никола Груевски во Будимпешта, сакал да ја погоди со парче стакло, но советничката Даниела Рангелова го спречила.

„Зеде стакло и сакаше да го фрли кон мене. Даниела Рангелова го спречи, за што сум ѝ многу благодарна“, рече таа. „Ме навредуваше со погрдни зборови“, продолжи советничката. „Викаше комуњарко, к***о, свињо дебела, кој те ставил да работиш тука?“, сведочеше Бошковска-Јанковска.

Таа рече дека еден од обвинетите, кој не е во судницата, се соблекол и ѝ го покажал половиот орган. „Се соблече гол и  го извади половиот орган“, сведочеше Бошковска-Јанковска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.

„Тешко е да се најдат зборови за утеха на семејството“, рече Заев, кој упати сочувство до најблиските роднини на починатиот градоначалник.

„Смртта на Стојаноски е загуба за академската заедница, пријателите, градот. Јован беше пријател и професионалец. Имаше визија за Охрид да биде туристичка престолнина. Отворен беше за секој предлог. Ненаметлив, исполнителен човек, а тоа помогна сите да му возвраќаат со длабока почит. Нека почива во мир“, рече премиерот на комеморацијата.

Во име на пратениците, проштално обраќање имаше пратеникот Томислав Тунтев.

„Занимавањето со политика може да биде благородно и неблагородно, ценето и неценето. Тој физички не е меѓу нас. Но, само во форма во која би сакале. Јован е до нас и со нас денес. Јован друже, не се договоривме вака. Велат, човек умира двапати. Еднаш физички кога ќе го снема и еднаш кога нема да се споменува. Затоа друже, вечно ќе живееш во нас. Вечерта кога победи за градоначалник одевме кон плоштад и ми рече ‘Друже, што направивме, од вечерва го менуваме светот. Сè ќе си биде само нас ќе нè нема’, така зборувавме со Јован. Збогум пријателе, збогум градоначалник, збогум голем човеку“, рече пратеникот Томислав Тунтев во своето проштално обраќање.

На комеморацијата се обрати и синот на починатиот градоначалник. Димитар Стојаноски, кој зборувајќи за татко си, рече дека по победата на локалните избори, охридскиот градоначалник рекол „Луѓе дајте да живееме за Охрид“.

„Фин беше. Уште како дете ме носеше на натпревари и ми велеше ‘ќе те научам што е љубов’. Пред некој ден дојде дома на еден час. Заспа веднаш. Му велам ‘Како можеш да заспиеш толку брзо?’, а тој возврати ‘Сине, мене совеста ми е чиста’. Ме учеше да ги почитуваме вредностите на животот“, рече Димитар, синот на починатиот градоначалник на Охрид.

На комеморацијата се обрати и секретарот Игор Бежовски, во име на општинската администрација.

„Со мене беше и на последното патување кон Скопје. Заедно го завршивме и последниот колегиум за буџетот на Охрид. Во 2019 сакам да видам нови училишта, градинки, касарна… Ќе продолжиме по твојот пат“, рече Бежовски.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и други министри во Владата, сегашни и поранешни градоначалници пристигнаа во Општина Охрид на комеморацијата на градоначалникот Јован Стојаноски. Освен нив, во салата на општината присутно е и семејството на градоначалникот. Присутен на комеморацијата е и пратеникот Александар Кирацоски, како и премиерот Зоран Заев.

Комеморација се одржа и на Факултетот за туразам, угостителство и организациски науки. Во име на студентите на факултетот беше прочитано прошталното писмо во кое студентите на професорот Стојаноски се простија со слоганот „Адио профа“.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Премиерот Зоран Заев во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски. „Тешко е...

Бегството на Груевски1 час

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија1 час

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на...

Бегството на Груевски1 час

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа2 часа

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа3 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија3 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет15 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија16 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија19 часа

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија20 часа

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија21 час

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија22 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ2 дена

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија2 дена

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија2 дена

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“2 дена

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Досие