Македонија
Приведен вевчанецот што во видеопорака се закани дека ќе ги убие Заев и Пендаровски

Полицијата го приведе вевчанецот што на социјалните мрежи постави видео во кое се заканува дека ќе ги убие премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.
Од полицијата информираат дека тој на својот фејсбук-профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видеоклип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.
„При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лаптоп и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петровска: Секоја намера за одложување на пописот е деструктивна и злонамерна

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска денеска од собраниската говорница изрази задоволство што после 19 години ќе се спроведе попис како исклучително важна статистичка операција, нагласувајќи дека тоа не е само обврска туку должност на институциите редовно да ја спроведуваат оваа активност.
„ Одржувањето на пописот е важно од повеќе аспекти, со него се прибираат податоци, кои подоцна ќе бидат користени од страна на државните институции, но и од страна на приватниот сектор и од меѓународните институции кога се прават планови за развој и унапредување на општествено-економските текови во нашата држава“, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.
Таа нагласи дека ние доцниме со одржувањето на пописот и затоа секоја теорија или намера за негово одлагање е за деструктивна и лоша намера, која е спротивна на интересите на граѓаните и на државата.
„ Како млад и прогресивен политичар немам намера тоа да го одобрам, ниту да го поддржа“м, рече Петровска, додавајќи дека обезбедувањето на податоците, кои се нужно потребни за рамномерен и правилен економски развој е нешто е од интерес на државата и граѓаните и токму затоа оваа операција ја сметам за патриотски чин.
„ Она што е особено важно за градење на довербата е дека при спроведување на пописот ќе се користат податоци од електронскиот регистар на население, кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со базите на податоци на другите институции. Значи дека е невозможно да се попишат лица, кои не постојат“, нагласи Петровска.
Таа појасни дека во законот е предвидено да се користат базите на податоци на министерството за внатрешни работи, министерството за информатичко општество и администрација, за образование и наука, за труд и социјална политика, агенцијата за вработување, фондот за пензиско и инвалидско осигурување, управата за водење матични книги, управата за катастар на недвижности и на државниот завод за статистика.
„ Токму затоа не се оправдани стравувањата дека пописот нема да даде точни податоци“, рече Петровска додавајќи дека базата на податоци на МВР за гранични проверки, не е наведена, бидејќи во неа согласно законот за гранична контрола и европските стандарди, сите лица и превозни средства кои ја поминуваат нашата државна граница не се евидентираат и ако се користи таа база на податоци нема да ја имаме точната слика.
„ Јас лично немам сомнеж дека пописот ќе биде спроведен по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и според прописите на Евростат, и што е најважно со овој закон е предвидена можност да се попишат сите државјани на нашата држава, за конечно да знаеме колку сме и каде сме. Овој закон не фаворизира ниту една етничка заедница и затоа секој обид за такво претставување го ценам како деструктивно и злонамерно“, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.
Македонија
За викенд студено со сончеви периоди и врнежи од снег

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјата ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 0 степени.
Локални врнежи од снег ќе има и в недела кон крајот на денот, особено во северните делови.
Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјата ќе бидат под нулата.
Македонија
Националната комисија за УНЕСКО одржа конститутивна седница

Националната комисја за УНЕСКО ја одржа конститутивната седница на платформата „Зум“.
По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура, Ирена Стефоска, која ги информира членовите за начините на остварување на соработката со УНЕСКО на Националата комисија и координација со ресорните органи, институции, организации со Секретаријатот на Националната комисија. Беа посочени и приоритетите на Северна Македонија пред следната годишна конференција на светската организација, а кои се однесуваат на потребата за зајакнување на соработката на нашата земја со УНЕСКО во сите програмски области и на сите нивоа (комитети, одбори и сл.) и поголемо учество на младите во активностите на организацијата.
Комисијата беше информирана и за поднесената апликација за поставување на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново на тентативната (пробна) листа на УНЕСКО. Ова е прва апликација за запишување на листата за светско културно и природно добро од нашата земја до УНЕСКО по 1978 година кога Охридскиот Регион бил впишан на оваа листа.
Членовите на Националната комисија беа запознаени со трите македонски проекти од областа на културата, науката и заштитата на животната средина, кои се одобрени во рамките на Програмата на УНЕСКО за партиципација за 2020-2021 година.
На следната седница Националната комисија ќе го разгледа извештајот за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот за спроведување на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесена на неговата 43. сесија (Баку, Азербеџан, 2019), како и финалниот извештај по реактивната мисија во Охридскиот Регион, кој ќе биде официјализиран на почетокот на февруари.
Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 члена, меѓу кои се министри од Владата, директори на државни институции и авторитети за областите што се поврзани со светската организација.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира