Контакт

Македонија

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

Објавено пред

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а кој се товари за перење пари со кои купувале плацеви на Водно. Тој веќе е изнесен пред судија на претходна постапка.

Покрај Груевски и Новачевски, за истото дело Обвинителството ги сомничи и Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Тие не се приведени, бидејќи за нив веќе постојат мерки на претпазливост.

„Во периодот од 2006 до 2012 година првоосомничениот искористувајќи траен однос и исти услови противправно за себе присвоил туѓи подвижни предмети што му биле доверени. Имено, тој како претседател на политичка партија дел од паричните средства, кои во овој период ги примил лично или преку општинските комитети на партијата како донации за финансирање на политичката партија, не ги прикажал како примени донации во финансиските квартални извештаи на партијата и од нив за себе присвоил пари во износ најмалку од 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари.

Во периодот од октомври 2012 година до септември 2013 година средствата прибавени со кривичното дело  затајување од чл.239 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик ги пуштил во оптек со купување градежно земјиште на Водно. Второосомничениот, иако знаел дека паричните средства се прибавени со кривично дело, стапил во контакт со сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и побарал документацијата, печатите и жиро-сметката да му бидат дадени на располагање. Во јули 2012 година била основана фирма ќерка во Скопје на која, по претходен договор со првоосомничениот, станал управител третоосомничениот. На сметката на правното лице во повеќе наврати биле пуштени во оптек средствата прибавени со кривично дело. По постигнување согласност за купопродажната цена, третоосомничениот во својство на управител на правното лице извршил плаќање кон сопствениците на земјиштето, со што бил прикриен изворот на парите и вистинскиот сопственик на земјиштето со вкупна површина од 11.000м2.

Во периодот од 20 јули 2015 до 26 јуни 2019 година, по јавно објавените разговори кои ја откриваат сопственоста на градежните парцели во КО Центар 2, со цел да се прикрие вистинскиот сопственик, третоосомничениот како управител на правното лице ја пренел сопственоста на друго правно лице. Тој, по претходен договор со првооосомничениот, користејќи полномошно издадено од сопственикот на правното лице од Белизе ја пренел сопственоста на правното лице чиј управител е петтоосомничениот, а шестоосомниченото лице се јавува како краен сопственик на правното лице. За да се прикрие локацијата, движењето и сопственоста на имотот ‘новите сопственици’ донеле одлука за преименување на правното лице и одлука за физичка делба на парцелата од 6785м2 на три нови парцели. За да ја прикријат локацијата и сопственоста плацовите биле пренесени на физичко лице без платен удел, но со определен рок од 3 години за исплата на купопродажната цена“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Обвинителството ќе му предложи на судот на осомничениот да му биде определена мерката притвор. За останатите осомничени судот веќе има изречено превентивни мерки за обезбедување  присуство во други предмети, а првоосомничениот е недостапен на органите на прогон.​

Македонија

Мицкоски: Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани

Објавено пред

Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Едноставно е, Заев и Филипче наместо демагогија, доволно е да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните. Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа што ја објавуваат во притиснатите медиуми, а и бројките се поразителни. Епилогот е огромен број на починати“, пишува Мицкоски, споделувајќи видео на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворено писмо од група македонски интелектуалци: „Идентитетот не смее да биде основа за политички диктат““

Објавено пред

Шеест и двајца македонски интелектуалци испратија отворено писмо во врска со актуелните политички и општествени случувања во односите со Бугарија, во кое децидно велат дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на заедничките комисии.

Во продолжение целото писмо:

„Како проучувачи на македонската историја и култура континуирано реагираме на современите политички и општествени предизвици со пишан збор и со јавен настап. Постојано укажуваме на тоа дека целта на ИСТОРИЈАТА како наука е да нè подучи свесно да го разбереме минатото за правилно да се однесуваме во сегашноста и правилно да постапуваме во иднина. Затоа и ја претпочитаме нејзината научна закономерност пред политичките и идеолошките влијанија, притисоци и импровизации на политичките фактори.

Оттука, уште пред три години аргументирано и јасно укажавме на асиметричниот карактер на Договорот за добрососедство со Бугарија и на штетните последици што ќе произлезат од него. Исто така, укажавме и на сериозните обврски што ги презема Република Македонија со потпишувањето на Преспанската спогодба со Грција, што резултира не само со промена на уставното име туку и со откажување од асномските државотворни одлуки. Ова пак, влијаеше и на внатрешниот и на надворешниот политички живот на македонската држава втемелена на решенијата на Првото заседание на АСНОМ одржано токму на историскиот 2 август 1944 г. и создадена од претставници од сите краишта на етногеографска Македонија, од сите социјални слоеви, вери и националности. АСНОМ претставува заокружување на дотогашните борби на македонскиот народ, кој во сите историски бури – старомакедонски, Климентови, Самуилови, Карпошови, илинденски, партизански, референдумски и др., внесува своја содржина. Во сите овие процеси на заемна интеракција и симбиоза на единствениот простор – Македонија, се одвива посебниот историски развој на македонскиот народ, се создава неговиот идентитет.

Токму затоа ние, потписниците на ова писмо, најостро реагираме на негаторската политика што ја застапува бугарската влада и уште еднаш најенегрично изјавуваме дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на т.н. заеднички комисии.

Сметаме дека актуелните политички и општествени чинители треба да дејствуваат во насока на заедничко разбирање и на заемно почитување на сите народи, и тоа врз основа на демократските начела на современото цивилизациско поимање, без да се проблематизираат посебните македонски вредности што се создадени во текот на изминатите векови. Едногласна е нашата определба да го повикаме македонскиот политички врв да не подлегне на притисоците и да не дозволи присвојување на македонската историја, на македонскиот јазик и на македонското културно наследство, како и негирање на македонскиот национален идентитет од страна на Р Бугарија или на која било друга земја, зашто тоа е во спротивност и со вредностите и со принципите на кои е изградена и функционира Европската Унија“, се наведува во писмото.

Потписници:
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Нада Јурукова
проф. д-р Тодор Чепреганов
Ефтим Клетников, поет и книжевен критичар
проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова
проф. д-р Михајло Миноски
проф. д-р Лилјана Гушевска
проф. д-р Виолета Ачкоска
проф. д-р Илија Велев
проф. д-р Симона Груевска-Маџоска
проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски
проф. Запро Запров, копозитор и диригент
проф. д-р Катерина Младеновска-Ристовска
проф. д-р Танас Вражиновски
проф. д-р Александра Ѓуркова
проф. д-р Валентина Миронска-Христовска
проф. Стојан Стојков, копозитор
проф. д-р Александар Трајановски
проф. д-р Елка Јачева-Улчар
проф. д-р Александар Атанасовски
проф. д-р Веселинка Лаброска
проф. д-р Јованка Кепеска
проф. д-р Гоце Цветановски
проф. д-р Силвана Сидоровска-Чуповска
проф. Сашо Татарчевски, диригент
проф. д-р Васил Јотевски
проф. д-р Константин Миноски
Фима Клетникова, поетеса
проф. д-р Коста Аџиевски
проф. д-р Тони Филипоски
проф. д-р Марјан Ивановски
проф. д-р Катица Јосифова
проф. д-р Благоја Марковски
доц. д-р Славчо Ковилоски
проф. д-р Мишо Нетков
проф. д-р Верица Јосимовска
проф. д-р Цветан Гавровски
проф. д-р Слободан Пренџов
проф. д-р Виолета Мирчевска
проф. д-р Билјана Маленко
проф. д-р Стеван Алексоски
проф. д-р Илија Димовски
проф. д-р Ристо Ачкоски
проф. д-р Мимоза Серафимова
проф. д-р Ѓоко Буневски
доц. д-р Соња Николова
д-р Ѓорѓија Сајкоски, историчар
м-р Ивона Опетческа Татарчевска, етномузиколог
д-р Марија Мицајкова – Панова, лекар-интернист
Јонче Маленко, професор по историја
Слободанка Филиповска, професор по историја
Селим Мерсимовски, професор по историја
Доне Донев, профeсор по македонски јазик
Љубинка Донева, професор по македонски јазик и писателка
Дардан Венетски, диломиран правник
Александар Панов, дипломиран правник
Лидија Николоска, дипломиран електроинженер
Душко Христов, новинар од областа на културата
Нада Панајотова, професор по историја
Кире Николоски, професор по историја
Марија Јанева, професор по историја
Диме Јуруков, професор по географија, архиски советник

Прикажи повеќе...

Македонија

Oсмани: Верувам дека со нашите пријатели и соседи ќе го надминеме проблемот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, со цел размена на мислења за актуелни прашања од билатералните односи помеѓу двете земји, соработката во рамките на меѓународните организации и за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

„Северна Македонија активираше огромна политичка енергија за да ја врати земјата на патот на ЕУ. Решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија. Успеавме зашто имавме силна мотивација – Европската перспектива за нашата земја и за нашите граѓани. Ние велиме овој процес, нема алтернатива“, истакна Османи.

„Верувам дека со нашите пријатели и соседи ќе го надминеме проблемот и ќе бидеме повторно пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Секој проблем е различен и специфичен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како политичари во своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот, и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите“, нагласи Османи за време на разговорот.

Посебен акцент во разговорот беше ставен на соработката во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со која Полска ќе претседава во текот на 2022 година. Оваа соработка, чија цел има промоција на вредностите врз кои почива Организацијата – демократијата, мирот и стабилноста преку изградба на довербата преку дијалог и транспарентност, добива на значење во контекст на кандидатурата на Северна Македонија за претседавање со ОБСЕ во 2023 година, која треба да биде разгледана на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ на почетокот на декември.

Министерот Османи го подвлече значењето на кандидатурата на нашата земја, како израз на нејзините постигнувања на домашен план и желбата да дадеме придонес и во мултилатералните организации преку операционализација на целите на ОБСЕ, како иден претседавач со Организацијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против корона се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот за...

Македонија48 минути

„Медиапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот сајт „Медиапул“ објави прашања до бугарската влада кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија1 час

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија2 часа

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет3 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија3 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет4 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет17 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет17 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија19 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија21 час

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион23 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа23 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија24 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие