Контакт

Македонија

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

Објавено пред

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми.

На средбата било посочено дека акцентот ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на Националниот парк „Галичица“ и крајбрежјето.

Градските власти информираат дека при крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Охрид, опфатени во регистарот изготвен според препораките на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

„Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје. На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки“, се наведува во соопштението од општина Охрид.

Активностите на општинските власти во справувањето со нелегално изградените објекти ќе бидат поддржани од надлежните државни институции, а сѐ ќе се одвива со постојана меѓусебна координација.

 

Македонија

Краванот граѓански трибини „На прав пат“ денеска во Кичево

Објавено пред

Карванот отворени граѓански трибини на СДСМ под мотото „На прав пат“ денеска ќе биде со граѓаните на општина Кичево. Граѓанската трибина ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево, со почеток во 20 часот.

Oбраќање на трибината ќе имаат pотпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зеќири и членката на Централниот Одбор на СДСМ, Сања Лукаревска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Политичарите да ги замрзнат своите компании додека се на јавни функции

Објавено пред

Семејните компании на Зоран Заев вртат над 56 милиони евра годишно. Тоа се 56 милиони причини и сомнежи за корупција. Се додека на јавна функција се политичари кои што се сопственици, или влијателни акционери на компании, има можност за корупција и влијание на економските текови на државата, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Во овој случај, најмалку 12 компании на кланот Заеви, може да бидат причина за корупција и за насочување на државните економски текови. Ваквата состојба, отвора можност економските политики на државата да се креираат соодветно на бизнис интересите на компаниите на функционерите. Се остава можност за штелување на условите на државните тендери, да се приспособуваат во однос на капацитетот на овие фирми.

Примери за ова има многу, од тендерите во здравството директорка – ќерка дели тендер на татко – бизнисмен, преку примерот со вицепремиерот Анѓушев и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации за тоа колку семејни компании имаат јавни функционери, но најекспониран е примерот на Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство.

Да потсетиме, Советот за јавни набавки е укинат, односно нема контролен механизам за проверка на сите тендери, лиценци и договори што ги добиваат, на пример, фирмите на Заеви, за да се види дали има префрлање на буџетски пари, дали конкурирале и добивале државни бизниси? Во исто време Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорти, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана.

ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да се отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и насочување на економските текови на државата кон лични цели.

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компаниите на политичари кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, оставаат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го отуѓи делот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Заев и оние од неговиот октопод да го сторат истото. Доколку не го сторат тоа само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската функција се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните фирми“ заклучи Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров на состанок на ПЕС со Министри од земји-членки на ЕУ

Објавено пред

Активностите на министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска продолжија во Луксембург, со учество на состанокот на Министрите од земји-членки на ЕУ, кои се дел од групата PES (Партија на европските социјалисти), којшто се одржа непосредно пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ, а со кој претседаваше германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.

Во таа прилика министерот Димитров образложи уште еднаш зошто Северна Македонија ја заслужи одлуката за почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи ја важноста на моментот и висината на влоговите, како за земјата, така и за регионалниот контекст, но и за самата Унија.

„Во моментов станува збор за одлука за Северна Македонија, земја која 14 години чека почеток на преговори со ЕУ, притоа решавајќи го „невозможното” на надворешен план и правејќи целосен демократски пресврт на домашен план. Но, станува збор и за политиката на проширување на ЕУ и за европската перспектива за самиот Балкан. Во суштина, станува збор за тоа дали ЕУ ќе го остави светилникот вклучен” изјави Димитров.

Министрите присутни на состанокот ја повторија својата поддршка и изразија надеж дека ќе се постигне консензус за позитивна одлука. Сепак, ситуацијата околу одлуката на денешниот министерски Совет за општи работи е неизвесна, при што не се исклучува прашањето да се префрли на Европскиот совет на шефови на држави и влади.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 минути

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија1 час

Заменик министерот за здравство, Асим Муса поднесе оставка

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, денеска на прес конференција соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување...

Македонија2 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија3 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора4 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија4 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа5 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион5 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија5 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт16 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија18 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија19 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија20 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ21 час

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија21 час

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија21 час

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија22 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет1 ден

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ1 ден

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Досие