Македонија
Прилеп ја обновува традицијата за марш до Могилата на непобедените за 11 Октомври

Општина Прилеп годинава подготви богата програма за одбележување на 78 годишнината од почетокот на антифашистичката револуција. Одбележувањето ќе трае до 15 октомври, а започна во недела на 6 октомври, со одржување на Меѓународниот турнир на џудо клубот „СЕИШИН“ и Downhill купот „Топташ 2019“.
Покрај изведбата на театарската претстава „Глембаеви“, изложбата на Меѓународна ликовна колонија „Куманово“ 2018, крводарителската акција на Црвениот крст, промоцијата на книгата „Старите занаети во Прилеп“, мотокрос трката „Stormriders 2019“, авто слалом натпреварот „Прилеп 11 Октомври 2019“, традиционалниот импровизиран напад на градот и огнометот, како и повеќето други манифестации, Општина Прилеп, како што потенцираше градоначалникот Илија Јованоски, годинава посебен акцент става на обновувањето на традицијата на организирање граѓански марш до Могилата на непобедените.
„Оваа година Општина Прилеп става посебен акцент на она што ќе се случува во петок, кога ќе биде положено свеќе на спомениците на Методија Андонов – Ченто и Кузман Јосифоски – Питу, после што ја обновуваме традицијата на организирање граѓански марш од меморијалниот музеј ’11 Октомври’, од Участакот, до Могилата на непобедените. Заедно со граѓаните, со многу здруженија, пријатели и почитувачи на борците и боречката организација, ќе го посетиме Паркот на револуцијата, каде ќе положиме цвеќе на Алејата на народните херои, споменикот ‘Жена борец’ и Могилата на непобедените, каде ќе има обраќање на претставници на локалната самоуправа, Владата и Сојузот на борци. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните да ни се приклучат на овој марш, со што ќе им оддадеме почит на борците кои ја оствариле оваа наша денешна слобода“, изјави градоначалникот Јованоски.
Во одбележувањето на празникот се вклучува и Градската библиотека „Борка Талески“ со двата настана: промоција на книгата „Старите занаети во Прилеп“ на авторот Моника Талеска и изложбата „Да ги зачуваме старите занаети во Прилепската чаршија“.
Главната манифестација ќе се одржи утревечер (10. октомври), а градските власти најавуваат изненадување за присутните граѓани.
Меѓу останатите настани предвидени во Програмата се фестивалот „Со Марко на улица“, изложбата на скулптура на Марјан Стојаноски и детскиот фестивал „Ѕвездички“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Жерновски-Жбогар: Чекориме заедно со младите Европејци

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, заедно со амбасадорот на ЕУ во земјата, Семјуел Жбогар, имаше свои излагања на завршната церемонија на „Младинскиот самит Скопје“, кој се одржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка и од Романија.
Како клучен младински настан од регионот, заменик-министерот и амбасадорот го оценија самитот како одлична можност да се промовира демократското единство, кое ги зајакнува продемократскиот дискурс и убедувањата меѓу младите во регионот на Западен Балкан и пошироко дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество во светот.
„За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, истакна Жерновски во излагањето.
Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската Унија во нашите општества, Жбогар и Жерновски нагласија дека со декларацијата што ја усвоиле маладите покажале дека сериозно го потврдуваат својот зрел пристап кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет.
Македонија
Заев: Бројот на ученици што спротуваат сакаме да го зголемиме од 5.000 на 50.000

Остануваме на намерата преку моделот на училиштен спорт да го зголемиме бројот на учениците што спортуваат од сегашните 5.000 на 50.000 во основното и средното образование, рече премиерот Заев при увидот во градежните работи за изведба на спортска сала при основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Волково.
Се работи за спортска сала од 650 квадратни метри со вкупна вредност од 24 милиони денари (400.000 евра).
Во изјавата за медиумите премиерот истакна дека изградбата на оваа спортска сала е во духот на реформите во основното образование и новиот Закон за основното образование, каде што има тандем наставници за изучување на предметите по физичко образование како една од стратешките определби на Владата.
„Селото Волково и училиштето ‘Јоаким Крчовски’ првпат добиваат спортска сала по 60 години, која се гради од Министерството за образование и наука со помош и со поддршка на Општина Ѓорче Петров и ќе им служи на 367 ученици од село Волково и село Орман“, нагласи Заев.
Тој при увидот во градежните работи, кои се очекува да завршат во мај в година, беше придружуван од заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
Македонија
Утревечер ќе светне новогодишната елка на плоштадот Македонија

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот Македонија ќе светне утревечер во 19:30 часот, а ќе почне со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“, соопшти Град Скопје. Со тоа, како што велат од Градот, во Скопје и официјално ќе почне празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.
Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па сè до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.
Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.
Градот Скопје ги поканува граѓаните утревечер да дојдат на плоштадот Македонија од 17:30 часот да ја проследат детската новогодишна програма, а потоа, во 19:30 часот да присуствуваат на осветлувањето на новогодишната елка. Сите заедно да уживаме во културно-забавните содржини кои ќе ги збогатат деновите до најлудата ноќ.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“