Македонија
Присуството на Филипче на политичката мапа е стратегија за опстојување на кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Заев го избра Филипче за да ги стави под закрила и под тепих сите криминали кои ги направи изминатите години. Заев го избра Венко Филипче за да му чува место во партија, за да може слободно да му течат бизнисите и зделките дури и по цена на слабеење на партијата и продлабочување на распадот на партијата, до ниво на самоуништување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев го избра Филипче и за да ја избегне одговорноста за сите скандали афери и криминални дејствија во изминатите 7 години, за да може кланот Заеви слободно да продолжи да функционира.
Во СДС ништо не се менува, во СДС се е „како и до сега“. И додека Филипче се обидува да наметне авторитет и да се факторизира со непознати личности за јавноста во „новото“ раководство и личности кои се на клучни позиции, а немаат ниту ден партиски стаж, во позадина се всушност верните слуги на Заев.
Филипче неврохирургот и потрчко на Заев не се дистанцира од Заев а со тоа не се дистанцира и со политичката траекторија која ја исцрта Заев, а ја донесе Македонија на дното и економски и политички. Со тоа Филипче не се дистанцира од предавствата, аферите, скандалите и криминалите како тие во РЕК Битола и ЕСМ.
СДС е во идеолошка криза, а тимот на Филипче е континуитет на политиките на Заев и за тоа се свесни и членовите на СДС, а очигледно е со кадровската криза и проблемите со екипирањето во СДС.
Под превезот нови лица кои ги продаваат за јавноста а кои не ги познава партиската структура и членовите, Заев и Филипче го користат НВО секторот како инструмент за продолжување на скриените агенди а всушност се нивни блиски соработници уште од шарената револуција и нивни верни слуги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
Во период од 09:00 до 12:30 часот дел од корисниците од ул. 2, делот кај отпадите меѓу Визбегово и Шуто Оризари (општина Шуто Оризари );
Во период од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците од Улица Бутелска 13 и Улица Бутелска-крак Серава(општина Бутел);
Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ГОРНО СОЊЕ – ул.8(општина Сопиште);
Во период од 08:00 до 14:00 часот корисниците од ул.Никола Малешевски, сите 4 влезови веднаш до ТС и до Пензионерски, Ул.Ферид Мурати бр.4 (пензионерски дом Чаир),и Средно училиште Цветан Димов(општина Чаир);
Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во Волково и Стопански двор(општина Ѓорче Петров);
Во период од 08:30 до 09:00 часот дел од корисниците од Ул. Архепископ Доситеј зграда број 2(општина Бутел).
Македонија
Променливо облачно време со минимални температури до -1
Променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи претежно од дожд се очекуваат во петок.
Скопје
Дел од Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека:
– Поради дефект на П.П. Хидрант од ф -80“ на улицата Максим Горски бб (кај Мепсо) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од плоштадот до Македонска пошта и дел од Орце Николов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.