Контакт

Македонија

Продолжен притворот на Катица Јанева

Објавено пред

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е во притвор од 21 август. Со денешната одлука, таа останува во затворот во Шуто Оризари уште нови 30 дена.

Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, од Основниот кривичен суд соопштија дека истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Минатата недела судот им го продолжи притворот за уште 30 дена и на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои, исто така, се осомничени во случајот „Рекет“.

Македонија

Реакција: Обвинувањата за учество во „пиратство“ на операторите се неточни и тенденциозни

Објавено пред

Здружението на информатичко-комуникациски технологии наостро ги осуди, како што велат, неоснованите обвинувања искажани од страна на членките на ММА – Сител, Телма, Канал 5, Алфа и Алсат-М на днешната прес конференција за пиратерија.

Нивната реакција ја пренесуваме во целост.

„Со целосна одговорност твдиме дека сите програми што се дел од пакетите на операторите се согласно домашната и меѓународната регулатива за реемитување на програми. Сите инсинуации за учество на операторите во „пиратство“ ги отфрламе како неточни, паушални и тенденциозни, за ваквите тврдења нашите членки ќе поведат соодветни судски постапки. Сите договори за реемитување со странските радиодифузери содржат гаранции дека тие телевизии ги имаат регулирано авторските права за територијата на земјава.

Барањето на 5-те телевизии со закон да се наметне ограничување за странските канали за да можат да се реемитуаат во земјава значи директно кршење на Директивата за реемитување и Директивата за „телевизија без граници“ и претставува обид за вовед во цензура. Ваквиот јавно изкажан став на ММА јасно укажува дека мотивите и крајната цел за ваквото брзо носење на Измените на ЗААВМУ било токму притисокот со ваквиот Закон да се намали бројот на ТВ канали кои ќе се реемитуваат во земјава.

Во однос на авторските права, сакаме да ја информираме јавноста дека истите се веќе регулирани со Законот за авторски и сродни права и со Кривичниот законик. Оттука, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, не само што не ја регулираат оваа проблематика, туку и дополнително ја усложнуваат, бидејќи создаваат правно неиздржани преседани. Операторите работат согласно сите закони и согласно директивите во ЕУ, а веќе посочивме дека ваквите измени се спротивни на директивите. За ова имаме и мислење од Европската комисија која укажува дека вакво законско решение не постои во ниту една земја членка на ЕУ.

Повторуваме дека последните Измени на ЗААВМУ, усвоени по скратена постапка и непосредно пред распуштањето на Собранието, се донесени на нетранспарентен начини кој намерно оневозможи јавна дебата за сериозните и штетни последиците од нив и ги игнорираше сите укажувања на Здружението на ИКТ за нивната неприменливост и дека ќе ги принудат да го прекинат реемитувањето на сите ТВ канали, освен јавниот сервис“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска прави сè само да не се открие кој е главата на октоподот

Објавено пред

Вчера македонскиот народ маршираше за право и правда. Mаршираше против неправдата и против сè што Вилма Русковска направи изминатите 3 години.Изминатите три години Русковска работеше исклучиво по насоките на Зоран Заев. Невини луѓе сместуваше во затвор само заради тоа што први го кренаа гласот против неправдата која ја донесе нејзиниот шеф. Наместо да покрене обвиненија против главата на октоподот, таа служеше да го амнестира криминалот на Зоран Заев и неговата рекетарска банда, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо со право, Русковска се занимаваше со политика.

„Впрочем, и самата се пофали дека присуствувала на протести организирани од СДСМ во рекетарската 1 ТВ. Во судница сега прави сè само да не се открие кој е главата на октоподот. Нејзина единствена мисија во случајот ‘Рекет’ е имињата на Зоран и Вице Заев да не се слушнат во судница, да не бидат повикани на распит и да не завршат зад решетки, каде впрочем и одамна припаѓаат.Правдата можеби е бавна, но не е недостижна. По 12 април Македонија повторно ќе биде правна држава, ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот, како и оние кои наместо да го гонат се ставија во одбрана на криминалот“, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пуштена во употреба новата жичница во ски-центарот Попова Шапка

Објавено пред

Во Ски-центарот Попова Шапка денеска беше пуштена во употреба новата шестоседа жичница со капацитет од 2.400 скијачи на час.

На настанот присуствуваше претседателот на Владата, Оливер Спасовски, придружуван од потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Садула Дураки, министерот за економија – Крешник Бектеши, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија – Хисен Џемаили, генералниот директор на АД ЕСМ – Васко Ковачевски и управителот на „ЕЛЕМ турс“ – Џемаиљ Јусуфи.

Спасовски наведе дека освен новата жичница, Попова Шапка ќе добие и три километри нови скијачки патеки, кои дополнително ќе ја збогатат понудата на ова зимско одморалиште.

„Попова Шапка е еден од најдобрите капацитети со најголеми можности. Центар што би требало да биде знаменосец во развојот на туризмот во Република Северна Македонија и во тој правец треба да се заложиме сите, и Владата и локалната самоуправа“, истакна премиерот Спасовски.

Исто така, Спасовски соопшти дека се преземаат чекори за ревитализација и се изготвуваат анализи како и во која насока треба да се развива овој туристички центар.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, истакна дека ова е една од најважните инвестиции на АД ЕСМ и на Владата.

„Ние во последните две и пол години покажавме дека се грижиме за Попова Шапка. Освен оваа инвестиција што денеска ја пуштаме во употреба, треба да ја напоменам важноста на реконструкцијата на патот Тетово-Попова Шапка што им олеснува на туристите и граѓаните да ја посетат оваа туристичка дестинација. Ние како Министерство за економија гледајќи ги статистичките бројки може да кажеме дека сме во вистинска насока за привлекување странски и домашни туристи. Бројките покажуваат дека имаме раст од над осум отсто споредено со 2018 година“, наведе министерот Бектеши.

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи и понатаму да креира вакви мерки со цел да обезбеди што подобри услови и подобра инфраструктура за развој на современи туристички центри, преку кои ќе се подобри целата економија и локалниот раст.

На настанот се обрати и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој истакна овој проект е почнат во 2014 година, а првите активности на терен стартувале во 2016 година.

„По неколкугодишен застој на крајот од 2018 и почетокот на 2019 година со доаѓањето на новиот менаџмент во АД ЕСМ и со моето доаѓање во месец септември, заедно со работната група која беше задолжена за имплементација на овој проект, буквално преку секојдневни активности со инвеститорот и со изведувачите успеавме до крајот на 2019 година да го завршиме овој проект“, истакна Ковачевски.

Тој подвлече дека иако примарната дејност на компанијата АД ЕСМ е производството на електрична енергија, сепак преку ваквите инвестиции компанијата презема активности во правец на општествената одговорност и поддршката на заедницата.

Директорот Ковачевски информираше дека проектот е вреден над девет милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет2 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија3 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион3 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион4 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа5 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава5 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија6 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија7 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија7 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт17 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија19 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија20 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија23 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија24 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Досие