Контакт

Македонија

Продолжува периодот на топли денови со студени утра

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека дневните температури ќе се движат од 20 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.

Македонија

Османи: Една земја не дозволи заокружена одлука за старт на преговорите

Објавено пред

Денес 27 земји – членки побараа јасно и недвосмислено Република Северна Македонија да добие нов импулс во европските интеграции за да продолжи на патот на реформите, за што сме им особено благодарни. Но денешниот Совет на ЕУ покажа дека и на Унијата ѝ е потребна реформа. Една земја, чие клучно барање е да се напушти принципот на консензус при одлучувањето, денес го искористи ова право за да не дозволи заокружена одлука за старт на преговорите, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, откако земјата не доби датум за почеток на преговори.

Во продолжение, интегрално ја пренесуваме објавата на Османи:

Почитувани пријатели, поддржувачи, почитувани граѓани

Свесен сум дека изминативе неколку дена секој од нас, на одреден начин, беше под притисок на измешани чувства – на исчекување и надеж, но и на чувство на немир и тензија. И тоа е веројатно нормално, имајќи предвид дека европските интеграции се наша суштинска определба, а припадноста во европското семејство наша автентична ориентација.

Сакам да ве уверам дека на овој пат навистина направивме многу; направивме буквално сѐ што е во наша моќ и тоа ни го признаваат сите, буквално сите политички центри на моќ го признаваат напредокот на земјава. Од реформи со кои ја вративме довербата на граѓаните во институциите, до зрели политички компромиси со кои создадовме земја опкружена со соседи – пријатели.

И не е дека овој резултат не беше вреднуван. Стануваме 30та членка на НАТО – нашата најважна гаранција за стабилна и безбедна иднина; но минавме и во нова фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ со која институционално се поврзуваме со Унијата; го започнавме набљудувачкиот скрининг, а станавме и членки на Јадранско–Јонската група земји. Едноставно како земја навистина се вративме на евроатланскиот пат во најширока смисла на зборот.

И ова не е само наша констатација. За ова добивме потврда и од Европската Комисија, и од соседите, и од земјите – членки на Унијата. Денес 27 земји – членки побараа јасно и недвосмислено Република Северна Македонија да добие нов импулс во европските интеграции за да продолжи на патот на реформите, за што сме им особено благодарни. Но денешниот Совет на ЕУ покажа дека и на Унијата и е потребна реформа. Една земја, чие клучно барање е да се напушти принципот на консензус при одлучувањето, денес го искористи ова право за да не дозволи заокружена одлука за старт на преговорите.

Јас немам дилеми дека Европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денес е нарушен. И тоа е нормална, логична и природна последица кога една Унија изградена на принципи ќе го наруши основниот принцип и нема да го одржи сопствениот збор. Но тоа не смее да нѐ оддалечи од европските вредности. Ние сме дел од Европа, и денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформи, да продолжиме во изградбата на добрососедските односи, да продолжиме да го негуваме соживотот и мултикултурното општество – едноставно, да продолжиме во изградбата на европска Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Објавено пред

Одлуката за недобивање на датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа валст, навлезена во кирминал и корупција, рече во обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додаде дека станува збор за политика која го втурнала македонскиот народ во многу отстапки и себепорекнување.

„Ова не е последица само на една пограшена одлука, туку на перманентни грешки за кои предупредувавме во континуитет“, истакна Мицкоски додавајќи дека тоа сега го испорачува цехот, а штетата е веќе направена.

Според претседателот на ВМРО-ДПНМЕ, народот посакува предвремени прламентарни избори за да се надмине кризата и оваа, како што кажа, неодржлива ситуација.

Тој повика на итна средба на државниот врв на која ќе се зборува за иднината на Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи план, консултирајќи експерти, за соодветни реформи. Реформи кои ќе значат крупни чекори во иднина. Го имаме решението за равенката како Македонија да се направи современа и модерна држава“, порача лидерот на опозициската партија додавајќи дека актуелната власт имала шанса да испорача резултати, но дала само ветувања кои не постојат.

Мицкоски на крајот ги повика граѓаните да застанат со ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на иднината на генерациите кои доаѓаат и иднината на Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фајон: Франција игра валкана политичка игра

Објавено пред

Европратеничката Тања Фајон вели дека Франција игра валкана политичка игра и дека кредибилитетот на Европската Унија е поткопан затоа што на Северна Македонија и на Албанија не им беше дадено зелено светло за почеток на пристапните преговори.

„Франција игра валкана политичка игра и се плашам дека сите ќе ја платиме цената. Ова е неприфатливо“, вели таа.

Фајон вели дека е многу разочарана што Европскиот совет пропуштил уште една можност да покаже дека проширувањето е важно и дека Унијата ги одржува ветувањата.

„Европската Унија повторно е заложник на Франција, која не разбира и продолжува да го поткопува интересот на ЕУ за Балканот“, коментира Фајон на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање на датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа валст,...

Македонија40 минути

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Македонија47 минути

Хан: ЕУ не додели датум за преговори со Северна Македонија

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор за доделување датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, објави...

Европа2 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ3 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет4 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет5 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа6 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет17 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион19 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија20 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет21 час

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион22 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија22 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија24 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија24 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ1 ден

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија1 ден

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ1 ден

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Досие