Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска во западните делови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во источните значително облачно, претежно со врнежи од снег.
Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и по должина на Повардарието, каде што на места ќе достигнува брзина од над 65 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје претежно облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. В среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен по должината на Повардарието и во источните делови од замјава. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ангеловски: Бројот на жртви во сообраќајни несреќи намален за 14 отсто

Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес конференција во Штип.
„Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто. Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од минатиот месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности“, рече Ангеловски.
Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на територија на СВР Штип, а во текот на вчерашниот ден (16.04) санкционирани се 106 возачи, од кои 45 за возење со брзина поголема од дозволената, седум за управување нерегистрирано возило, пет за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци на мотоциклисти…
„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат“, вели Ангеловски.
Македонија
Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на нашите амбасади за да ги предводат и имплементираат економските политики.
Амбасадорот Илија Псалтиров, кој е доктор по економски науки, ќе биде упатен во Варшава, од каде покрај Полска, ќе ги покрива и останатите земји од групата Вишеград, како што се Чешка, Словачка и Унгарија.
Абдилџемил Саити, ќе оди во Германија, и тоа во Конзулатот во Минхен, од каде ќе се покриваат економските активности и за Австрија.
Сузана Тунева, магистер по меѓународни економски односи, ќе биде испратена во амбасадата во Анкара.
Бекри Ајдини, магистер по меѓународна економија, ќе биде упатен во амбасадата во Абу Даби.
„Задачата на економските советници ќе биде секако да ги престават потенцијалите на Република Северна Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции; да ја промовираат земјата како атрактивна туристичка дестинација; да ги промовираат нашите извозни потенцијали; но и воопшто да ја промовираат Северна Македонија како економски и политички бренд кој претставува дел од современото општество“, истакна Османи.
Покрај испраќањето економски советници, во рамки на проектот за зајакнување на економската дипломатија Османи најави и видео-конференции со нашите партнери во овие земји и региони.
Во втората половина од годинава ќе бидат испратени наши претставници и во Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации или ФАО, во Рим како и претставник во канцеларијата на Светската Трговска Организација во Женева.
Македонија
МЗ: Голема благодарност до семејството на починатата девојка, нејзините органи ќе бидат донирани на десетина пациенти

Пациентот кој го прими срцето од починат донор во втората трансплатанција на срце во државава е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето.
Од Министерството за здравство официјално информираа дека вчера доцна во вечерните часови успешно се спроведе и втората трансплантација на срце од починат донор во нашата држава.
Два бубрега од оваа пациентка денес ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа. Во понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор. Ова е прва ваква експлантација направена во земјава.
„Голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка. Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други“, велат од МЗ.
Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина.
„Благодарни сме на сите лекари кои учествуваат во постапката на утврдување на мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката“, велат од МЗ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш