Македонија
Проработи страницата на која македонските граѓани може да се пријавуваат за вакцинација

Министерството за здравство информира дека е пуштена во употреба веб-страницата Vakcinacija.mk (https://vakcinacija.mk/), на која граѓаните ќе може да се пријават за вакцинација против Ковид-19. Секој заинтересиран граѓанин што сака да прими вакцина против коронавирусот може да се пријави на веб-страницата.
„Потребно е граѓаните да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19. Со пополнувањето на формата се регистрирате директно во националниот систем ‘Мој термин’. Сите апликации што ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот, кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина“, информира Министерството за здравство.
Во согласност со распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата.
„Вакцинирањето е доброволно и се спроведува во согласност со стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против Ковид-19. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи, на кои досега се развиваа и сите други вакцини“, псочуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
422 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 422 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Македонија
Ново рочиште за „27 април“, ќе се сослушуваат сведоци

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Организаторите на 27 април”. Судењето за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка. На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески.
Повеќето сведоци, сослушани на последното рочиште, рекоа дека иако членувале во разни вибер групи, во ниту една не било разговарано околу протестите за „За заедничка Македонија” пред Собранието, како и дека немале никаква комуникација поврзана со протестите со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. И денеска ќе се испитуваат сведоци.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Македонија
Сончево со мала облачност и температури до 16 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието на места засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.
До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер