Контакт

Македонија

Протестна нота и од БиХ поради марката со „Голема Хрватска“

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина испрати протестна нота до македонската амбасада во Босна и Херцеговина заради спорната поштенска марка со мапа на Независната Држава Хрватска (НДХ), која ја вклучува и територијата на БиХ.

Министерството изрази загриженост за поштенската марка и оттука велат дека се надеваат оти станува збор за ненамерен пропуст од страна на поштата, кој ќе биде остро осуден од македонската Влада.

Министерството ја посочи посебната тежина на овој чин затоа што доаѓа на денот на одбележување на 75-годишнината од победата над фашизмот и Денот на Европа, кои се сведоци на период на мир и просперитет по идеолошките креации кои ги тероризираа и разделија граѓаните на Босна и Херцеговина и покрај нејзината историска инклузивност и мултиетничност.

„МНР на БиХ позитивно гледа на извинувањето испратено АД „Пошта на Северна Македонија“ за, како што велат, ненамерната грешки, и на нивна одлука да ја повлечат марката од тиражот, што ги разбуди духовите од минатото што предизвика страдање на стотици илјади невини жртви. Затоа, Министерството изразува надеж дека овој несреќен настан во обид да се ревидираат историските факти нема да влијае на исклучително добрите и развиени билатерални односи меѓу нашите земји“, се вели во протестната нота.

Претходно вчера, со цел да се изрази благодарност за Хрватска која во моментов претседава со ЕУ, на 6.000 поштенски марки се најде националистичката карта на „Голема Хрватска“. Веста веднаш беше проследена со реакции во јавноста, а српското Министерството за надворешни работи му врачи протестна нота на македонскиот амбасадор во Србија. Од АД „Пошта на Северна Македонија“, се извинија и ја повлекоа марката. Велат дека станува збор за ненамерна грешка. По гафот одржана била итна седница, на која покрај поништувањето на тиражот, донесена е и одлука за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Заев: Избори се потребни во првиот можен термин

Објавено пред

Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен целосно подготвени, вели во видео обраќање лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија“, вели Заев во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР набавува ремени за 300.000 евра, а во полициската станица во Танушевци нема струја и вода

Објавено пред

Осум дена полициската станица за обезбедување на границата во Танушевски е без струја, а два дена е без вода, алармираше денес Независниот полициски синдикат. Престедателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев – Тодев јавно праша дали истите луѓе во Министерството за внатрешни работи кои набавуваат 600 ремени за 300.000 евра ќе се погрижат и за соодветни набавки на струја и вода за станицата во Танушевци.

„Осум дена, повторувам осум дена, полициската станица во Танушевци е без струја, два дена без вода. Дали ова ќе биде основа за тие што се грижат за набавки и набавуваат нешто што не знаеме каде ќе заврши, ќе имаат доблест да го набават и ова што јавно го кажувам. Не може полициската станица Танушевци да има невиден проблем со струјата со и ЕВН е запознаена, да има проблем со набавка и дотур на вода, а надлежните во Министерството за внатрешни работи да останат без коментари“, реагираше претседателот Делчев – Тодев.

Независниот синдикат на полицијата нема свои претставници во комисијата за јавни набавки во МВР па Делчев – Тодев вели дека не знаат за кого се наменети скапите ремени.

„ Што би кажал освен јавно да го прашам министерот за внатрешни работи дали овие ремени ќе бидат планирани за 600 вработени во полиција кои се пензионери и три години, година за година продолжуваат да работат, ќе бидат за 300, 400 или 600 началници во полицијата како раководни лица во рамките на полицијата, ќе бидат ремени наменети за некоја нова генерација на полицијата. Не знам која е намената на набавката на овие 600 ремени по оваа висока цена“, рече претседателот Делчев – Тодев.

Во име на Независниот полициски синдикат тој јавно го праша министерот за внатрешни работи и како се случило во периодот додека траеше полицискиот час да се определат комисии за водење дисциплински постапки во рамките на Министерството со само еден потпис, дали се валидни и дали се согласно регулативата.

Претседателот Делчев – Тодев рече дека досега, поради полицискиот час и состојбата со коронавирусот имале толеранција и не ги изнесувале јавно проблемите во полицијата, но со олабавување на мерките најави дека ќе продолжат јавно да бараат одговори на прашања поврзани со полицијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Објавено пред

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, достави четири конкретни предлози за намалување на штетите предизвикани од здравствено – економската криза. Во Групацијата на забавни и рекреативни дејности игротеки, членуваат пред се микро и мали компании кои со донесената уредба на Владата за превенција од Ковид 19, трет месец не ја вршат својата дејност, работата им е намалена за сто проценти и не остваруваат никаков промет.

Во секторот припаѓаат забавни и рекреативни дејности како игротеки за деца, но и голем број поврзани дејности, како приватни установи за грижа на деца како и нивна едукација, дејности кои се поврзани и тоа од прехрамбената и услужната индустрија и други.

Трајко Николовски, претседател на Групацијата, истакна дека компаниите од оваа дејност од сите градови во земјата, ја истакнуваат важноста Владата, да ги разгледа четирите мерките и препораки кои ги предлагаат за помош на дејноста.

„Најпрво, во периодот кој следи на олабавување на мерките и најави за почеток со работа на затворените дејности, од голема важност е превенција и безбедна работа во објектите од оваа дејност. Исклучително важно е, како за вработените во игротеките за деца, така и за родителите и за децата е хигиената да биде на највисоко ниво. За таа цел потребна е одредена помош од Владата со која би се обезбедиле средства неопходни за превенција и заштита, при работа во нашата дејност. Второ, за задржување на работните места и дејноста да може да опстои, потребно е мерката за финансиска помош во висина од 14.500 денари да важи и за месец јуни или да се разгледа можноста за еднократна финансиска помош за наредниот месец.
Трето, потребно е да биде најавен датум за повторно отворање на детските игротеки, со оглед на тоа што има голем број на одложени прослави поради неизвесноста. Родителите треба да знаат дека ќе обезбедиме услови за децата да се на сигурно, чисто, дезинфицирано, поточно на место кое не е извор на зараза. Потребно е да се направат напори, да бидат отворени на истиот датум, кога ќе се отворат и установите за згрижување на деца.
И четврто, Групацијата на забавни и рекреативни дејности укажува на неопходноста од дополнителни разговори и консултации со Комисиите во Министерството за здравство и останатите надлежни комисии од Владата за прецизно да биде утврден протоколот на работа и превентивните мерки што треба да се преземат за повторно отворање“, вели Николовски.

Компаниите кои се занимаваат со овие дејности, од сите градови во земјата, се здружени и единствени, како никогаш до сега, но само со заедничка работа на сите чинители може да се надминат предизвиците. Со разбирање и довербата од корисниците на услуги и со поддршката од Владата која веруваат дека ќе ја добијат, наскоро ќе може да отпочнат и со работа објектите од нивната дејност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

МВР набавува ремени за 300.000 евра, а во полициската станица во Танушевци нема струја и вода

Осум дена полициската станица за обезбедување на границата во Танушевски е без струја, а два дена е без вода, алармираше...

Македонија1 час

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, достави четири...

Македонија1 час

Независен синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија3 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија3 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија3 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион4 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија18 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа18 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа22 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион22 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија22 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија23 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија24 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија24 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија24 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет1 ден

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет1 ден

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Досие