Контакт

Македонија

Протест на лекарите поради насилството врз нив

Објавено пред

Лекарите и здравствените работници денеска ќе протестираат по неколкуте напади врз доктори и медицински сестри што се случија неодамна. Протестот е со мото: „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“.

Протестот ќе се одржи пред Клиничкиот центар на хелиодромот, пред ГОБ „8 Септември“, пред стара Градска болница, пред поликлиниките и здравствените домови, пред ординациите, пунктовите, во периодот предвиден за пауза, од 11 до 11.30 часот.

„Ова е жолт картон, ако не се промени нешто и не се подобрат условите во кои работиме, а работиме во супстандардни услови, ние уште под закана од тупаници да носиме одлуки за нечиј живот, тоа го нема никаде. Затоа реагираме дека сме цел на определени општествени структури кои револтот го насочуваат кон здравствениот персонал. Ние немаме спонзори, ова е од ентузијазам, со цел да се подобри статусот на здравствениот персонал. Ние сме волонтерско здружение, кое има желба за нешто подобро“, велат од Асоцијацијата на младите лекари и специјализантите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Објавено пред

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на судовите и Јавните обвинителства, според која законските и преклузивните рокови за поднесување тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување вонпарнична постапка, поднесување барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување друга судска постапка, престануваат да течат во моментот на стапување во сила на оваа уредба сè до престанување на вонредната состојба. Законските и преклузивните рокови за изјавување правни лекови, правни средства или за преземање процесни дејствија во постапките престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Во кривичните и прекршочните постапки роковите за изјавување жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува, како и за изјавување на вонредните правни лекови, престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Со оваа уредба издавањето на упатните акти за изречена казна затвор до три години се одложува до 1 септември 2020 година, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната.

На судиите поротници на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба, по сила на оваа уредба, мандатот им се продолжува сè до завршување на постапката по судскиот предмет. Судовите се должни при постапувањето, закажувањето и одржувањето на расправите да се придржуваат на Одлуката на Судскиот совет за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од вирусот Ковид-19, од 17.03.2020 година. Со оваа уредба се задолжуваат јавните обвинители извршувањето на функцијата на јавното обвинителство да ја организираат и извршуваат согласно задолжителните упатства на Јавното обвинителство, донесени во врска со вирусот Ковид-19 .

На оваа седница е усвоена одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа предлог-одлука на трговците на аргуми, свежи или сушени, и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, им се забранува да вршат трговија на мало на крајни потрошувачи во објектите кои се наменети за трговија на големо на овие стоки (магацини, складови за трговија на големо, на пазарите за трговија на стоки на големо, како и во други деловни простории кои ги исполнуваат условите пропишани со закон и друг пропис).

Одлуката се предлага на предлог на Државниот пазарен инспекторат, бидејќи инспекторите констатирале дека на терен трговците на големо вршат манипулација и прикажуваат промет остварен во најголем дел од трговија на мало, а не од трговија на големо иако истите не располагаат со продажни објекти наменети за трговија на мало.

На денешната седница беше донесена и уредба со законска сила за примена на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија“ за време на вонредна состојба. Според уредбата, објавувањето на законите и другите прописи, акти и издавањето на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на траењето на вонредната состојба се врши само во електронска форма.

Донесувањето на оваа уредба е со цел намалување на трошоците за Jавното претпријатие „Службен весник на Република Северна Македонија“ во однос на печатените изданија и нивна дистрибуција, со што ќе се зголеми на ефикасноста на процесот на објава на уредбите со законска сила, и на другите прописи, со цел веднаш да бидат достапни за широката јавност, за време на вонредната состојба, а ќе се укине целосно потребата од непосредна дистрибуција на печатените изданија до крајните корисници, што е во согласност со мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

Владата на денешната 31. седница донесе уредба со законска сила за примена на Законот за железничкиот систем за време на вонредна состојба, со која се регулира компензирање на трошоците за време на траење на вонредната состојба, како и регулирање на исплата на неостварениот приход од продажба на билети за оние патнички возови кои се укинати за време на траење на вонредната состојба и регулирање на исплата на неостварениот приход по основ на надоместок за користење на железничката инфраструктура.

На денешната 31. седница Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за извршените инспекциски надзори на 27, 28 и 29 март 2020 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Објавено пред

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема и медицински помагала, за да се справат со пандемијата на коронавирус.

По 4 милиони евра се наменети за Албанија и за Северна Македонија, 7 милиони евра за Босна и Херцеговина, 3 милиони евра за Црна Гора, за Косово – 5 милиони евра и за Србија – 15 милиони евра за Србија.Овие средства се наменети за набавка на респиратори, лабораториски комплети, маски, очила и заштитни комбинезони.
       
Шест земји од Југоисточна Европа исто така ќе можат да учествуваат во заедничка програма за јавни набавки за заштитна медицинска опрема организирана од Комисијата. Исто така е донесена одлука да се пренасочат веќе издвоените 374 милиони евра од пред-пристапниот фонд за економско закрепнување на овие земји.
        
Овие средства ќе бидат пренасочени за да му помогнат на приватниот сектор, социјалната заштита, особено за ранливите групи на население и да го зајакнат здравствениот сектор.
        
„Европа се соочува со невидена здравствена криза, но во овие тешки времиња ние секогаш ќе бидеме таму за нашите партнери во Западен Балкан, чие место е во Европската Унија“, рече комесарот за проширување, Оливер Вархељи.
        
„Ние им помагаме на нашите партнери да ги задоволат тековните потреби во здравствените системи, како и во долгорочните мерки за ублажување на социо-економските последици од кризата со коронавирус и за поддршка на малите и средни претпријатија“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

Објавено пред

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба со која се уредува вршењето на дејноста интензивна нега и терапија на пациенти заболени од заразната болест коронавирус во мрежата на здравствени установи за време на траење на вонредна состојба од приватни здравствени установи кои не се во мрежата на здравствени установи.

Со измената и дополнувањето на Уредбата се овозможува вршење на услугата за детекција на коронавирус во микробиолошка лабораторија во мрежата на здравствени установи за време на траење на вонредна состојба и од приватни здравствени установи кои не се во мрежата на здравствени установи, со цел зголемување на капацитетите за давање на вакви услуги, во услови на донесена Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба.

Согласно Oдлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба со која се утврдува постоење на вонредна состојба во земјава за период од 30 дена заради заштита и справување со последиците од ширењето на коронавирусот, а врз основа на член 126 став 1 од Уставот, Владата ги донесе Уредбата со законска сила, за примена на Законот за ученичкиот стандард за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за примена на законот за студентскиот стандард за време на вонредна состојба, Програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2020 година, и Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, со овие уредби со законска сила се регулира овозможување ученичките домови, како и со измените во Програмите за ученички и студентски стандард, ќе се овозможи ученичките и студентските домови да се користат како сместувачки капацитети за превенција од ширење на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија37 минути

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија2 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија3 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Македонија4 часа

Пендаровски свика седница на Советот за безбедност

Утре со почеток во 14 часот во kабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Свет5 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија6 часа

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија7 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија7 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија7 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Свет8 часа

Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички. Паметниот...

Македонија9 часа

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија10 часа

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа10 часа

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет11 час

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ11 час

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет12 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет1 ден

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија1 ден

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Досие