Македонија
Протест пред ССМ против Митревски, полицијата не ги пушта синдикалците
Припадници на Единицата за брзо распоредување се пред влезот во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), каде од 12 часот се собраа членовите на четирите грански синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, со цел да протестираат против одлуките на разрешениот Живко Митревски.
Синдикалците кои се обидоа да влезат во зградата беа спречени во намерата, а тие тврдат дека само сакале да стигнат на своите работни места.
Синдикалците велат дека специјалците постапуваат според некоја наредба, која на нив не им ја покажуваат.
Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски ги охрабри членовите на синдикатите, сите „заеднички да се изборат, бидејќи ова е битка за синдикатот“.
„Сигурно ја знаете онаа германската: Прво дојдоа по социјалистите, но јас не се побунив, бидејќи не бев социјалист. Потоа дојдоа по синдикалците, но јас не се побунив, бидејќи не бев синдикалец. Потоа дојдоа по Евреите, но јас не се побунив, бидејќи не бев Евреин. Потоа дојдоа по мене, но не остана никој за да се побуни за мене. Е па, дојдоа по синдикалците, бидејќи синдикалците се побунија против нечии лични интереси, против ‘синдикалци’ кои синдикатот го направија приватна фирма и туристичка агенција и кои најмуваат рекетари за да ги тепаат колегите, против самовластие и криминали, против сите оние кои со неработа ‘штитат’ работници. ССМ е во приватна сопственост на Живко Митревски. Тој никогаш ниту бил, ниту ќе биде претставник на работниците. Ајде заедно да му кажеме – доста е!“, стоеше во повикот за денешниот собир пред ССМ.
Состојбите во ССМ последните денови се нејасни, откако претседателот Живко Митревски беше разрешен од должноста со гласање на претставници од гранковите синдикати-членки на Сојузот.
Централниот регистар не го впиша новото раководство на чело со в.д. претседателот Дарко Димовски. Откако беше издадено решение од министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски, новиот министер Ибрахим Ибрахими го поништи решението, а реакции низ јавноста се проширија откако ноќта кон Бадник, во пет наутро, обезбедување од Митрески насилно влезе во просториите на синдикатот и ги избрка синдикалците кои со денови седеа во холот на зградата, а дел од нив завршија во болница./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од корисниците од село Кучково денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува југоисточен ветер кој денес долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен интензитет.
