Контакт

Македонија

Протоколот за НАТО доби зелено светло од Турција и Чешка

Објавено пред

Пратениците од Турција и Чешка вчера го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

„Големото Народно собрание на Турција го комплетираше процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евро-атлантскиот процес“, напиша шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин Бак.

Вицепремиерот на Чешка, Јан Хамачек, по ратификацијата изрази убедување дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне стабилноста на Балканот и алијансата.

Досега 20 од 29 земји го ратификуваа протоколот за пристапување на Северна Македонија во алијансата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Со СДСМ се договоривме за изборниот законик, а потоа ни се јавија да ни кажат дека тоа не важи

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека пред да замине за Париз, имале низа средби со СДСМ на кои се договорале околу измените за изборниот законик. Пред посетата во Франција, вели Мицкоски, практично завршила последната рунда на преговори каде што биле договорени заедничко соопштение и текст, а само две работи не биле јасни.

„Ние заземавме став на барање на преговарачкиот тим на СДСМ – еве вие договорете се во партија, како ќе договорите за било кое од тие две работи, ние ќе прифатиме. Потоа ни се јавија и ни кажаа дека сепак тоа што ние сме го договориле, не сме го договориле. Не можеле да го прифатат бидејќи тоа било премалку политички за нив“, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, на средбите било договорено дека сега нема време за измени оти се ближат парламентарните избори и остануваат уште неколку недели до техничката влада, а по завршувањето на изборите треба да се седне и да се преговара за измена на Изборниот модел.

„Како втора точка да се разговара и да се отворат преговори за примена на преференциалниот модел којшто патем речено никој не го пробал, еве функционира во Косово и гледате дека еден месец ги броеја гласовите, каде што имаше три пати повеќе неважечки ливчиња. Но, велиме ајде еве да го видиме преференциалниот модел како би функционирал на следните локални избори од аспект на советничките листи. Имаше два заклучока, и им рековме еве изберете, консултирајте се вие во партија, како ќе каже Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, бидејќи друг преговара., и кажете ми каков тој заклучок ќе биде. Потоа, ни се јавија и ни рекоа – ова е премалку за нас, се откажуваме. Заеднички го договоривме, заеднички се сложивме, еве ајде да видиме. Но, тоа не е прв пат, така беше и за законот за јавно обвинителство, така е и сега, немаат стратегија, конфузни се, збунети се внатре, она што навистина можам да го кажам е разочарување. И потоа го гледам кажува зошто сме поднеле толку амандмани. Па кој менува Изборен закон на три месеци пред избори. Кажете ми еднаш во која нормална демократска земја која што претендира да биде земја членка на ЕУ се случуваат такви работи“, рече Мицкоски.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: „Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување“

Објавено пред

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е дел од неговиот кабинет,  поради настанот неделава кога Димитровски репетирал пушка кон негов сосед.

Запрашан за ова, Мицкоски денеска рече дека не бил тука кога се случил тој настан, но ги следел случувањата во медиумите.

„Томислав не е мој стратешки соработник, тој е дел од кабинетот, од луѓето во мојот кабинет и одговорен е за релации со земјите од Балканот. Слушнав за настанот, разговарав и со него и она кое што можам да го кажам е дека на следната седница на Извршниот Комитет ќе предложам негово разрешување, бидејќи таков тип на однесување, веќе во неколку наврати кажав, е недозволено по било која цена“, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека правдата не треба ние да ја земаме во свои раце, бидејќи има органи во државата кои што треба да го направат тоа.

„Доколку некој се чувствува нападнат, навреден комотно може да се јави и да побара заштита од Министерството за внатрешни работи. Така што, и покрај тоа што станува за човек кој што го познавам од детството, човек кој што навистина има квалитети, и човечки но и дипломатски, но, ова кое што се случило е без никакво оправдување и веќе на следната седница на Извршниот Комитет, ќе побарам од Извршниот Комитет негово разрешување од таму каде што се наоѓа во моментов“, додаде Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Објавено пред

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала „Борис Трајковски“.

„Денес во Скопје, сите патишта воделе во оваа сала, а само еден пат води од салата кон нашата цел, за која не постојат алтернативи. Ете затоа велиме на прав пат“, рече Заев, обраќајќи им се на присутните со „другарки и другари“.

„Северна Македонија е на јасен чист пат заедно со најсилните сојузи во светот. Од оваа најголема и најбалгодарна цел, нема отстапување. На следние избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредокот и уназадувањето. Направивме многу, а имане уште многу да кажеме и да направиме“, рече Заев.

„Нема скршнување од патот на победата. Поставените темели се силни. Ако на моменти ни се чини дека напредокот ни се остварува бавно, тоа е затоа што е реален. Победата бара посветеност и дисциплина. Ќе победиме затоа што успеавме и успеваме. Ќе победиме зашто е друго е враќање назад кон старите проблеми, кавги и дома и со соседите“, потенцираше лидерот на партијата.

Тој им кажа дека очекува секој член на СДСМ, да почитува и промовира меѓу другарките и другарите во партијата, три принципи за сигурна победа на партијата, а меѓу другото, постојано да зборуваат за успесите и за економијата на прво место.

„Може ли 2,5 да биде повеќе и поодбро од 11? Може. За 2,5 години напрвивме повеќе за домашната економија од пустошот кој го напраивја во измиантите 11 години. Граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобвиките“, говореше Заев пред присутните кои постојано му аплаудираа. Заев во химничен тон од говорницата рече дека се зголемени платите, пензиите, социјалната помош, која, како што кажа е зголемена за 300%.

„Неврботеноста во третиот квартал во 2019 се рекордни 17,1%.Никогаш повеќе вработени луѓе немало во државата. Отвораме повеќе нови фабрики. За 2 години, Владата потпиша 34 нови дговори за странски инвестиции“, кажа Заев и потенцира дека економските политики на власта се одлични.

„По два бардаци вода да им дадеш да чуваат ќе ги украдаат и ќе избегаат во Будимпшета“, кажа лидерот на пртијата пред присутните. Еееј, слободата ја вративме, демократијата ја вративме“, рече лидерот на партијата.

Заев кажа дека второто правило е дека треба сопартијците постојано да повторуваат и да потсетуваат што направило ВМРО-ДПМНЕ. „Не смееме да дозволиме да се заборави режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска никој не сака да се повтори режим. Постојано да потсетуваме на злоделата на ВМРО-ДПМНЕ. Режим, никогаш повеќе“, рече Заев.

Тој кажа дека меѓи стотиците споменици не се нашол ниту еден споменик на Борис Трајковски, кој го носи името на салата каде што се одржуваше настанот. Заев рече дека има споменик за Ќосето, но немало за Трајковски.

„Нема компромис со криминалот. На тие што прават криминал се знае каде им е местото. Пукваме бомби. Ги ставивме животите за правната држава. Нема судија обвинител и судија кој ќе го запре овој процес. Нема шанси. Еден дел од судството и обвинителството останаа последната тврдина на заробената држава. Овие сваровски судски центри на моќ останаа последни упоришта на режимот“, рече Заев пред присутните.

„Уште еднаш ја повикувам ДКСК да започне проверка на имотот на судиите и обвинителите, УЈП, централен регистар, Катастар,… Може уште овој месец да ги отпочант процесите за проверка на имот“, рече Заев. Тој го повикува и Судскиот Совет да направи проверки за застарувањето на предметите и да ја провери професионалноста на судиите.

„Да ни кажат кој тоа влијае врз судиите. Да ни каже зошто десетици предмети се чувале и останале во фиока на бившиот претседател на Врховнот суд“. Тој ја повика и Европската комисија да го стартува инструментот за проверка и мониторинг во правосудството. „Прочистување во судството започнуав сега веднаш, одма. Правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата. Последниот бастион на заробената држава ќе падне. Мора да бидеме подговтвени и да се заагаме во тоа во што верувме“, говореше Заев.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ владеењето на правото го собрало во едно тефтерче и ако се вратат на власт ќе биде уште поошо.

Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.

Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: „Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување“

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија1 час

Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Топ5 часа

Седум возила учествуваa во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Скопје

Утрово во 06.45 часот на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска Бригада“ и улицата„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна...

Регион5 часа

Нов земјотрес во Албанија, почувствуван во Црна Гора

Нов земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија доцна синоќа, јавуваат медиумите. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки институт, епицентарот бил на 22...

Спорт7 часа

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија7 часа

Почнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет22 часа

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија1 ден

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ1 ден

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија1 ден

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија1 ден

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија1 ден

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа1 ден

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет1 ден

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Досие