Македонија
Птичји грип утврден кај пцовисан корморан во Штипско
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево ги добила резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, со кои кај мостра од дива птица корморан од Штипско е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип).
За утврдување на поттипот на сојот на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива пцовисана прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.
„Пријава за сомнеж на случај АХВ доби на 18 февруари кога од страна на ветеринарно друштво од Штипмострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувачниците и попис на живината на фармите“, се наведува во соопштението на АХВ.
Останува апелот до одгледувачите биосигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината.
Доколку граѓаните најдат пцовисана дива птица во природата, АХВ апелира за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или самата Агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)
Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј периметар се прошири на 110 километри, а е во должина од над 30 метри, се гасне од земја. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека пред неколку часа на помош на пожарникарите од Прилеп и од повеќе други градови, како и на војската и полицијата пристигна еден ер-трактор. Другите два ер-трактори кои ги има државата, за жал, се неисправни, изјави Ангелов. Директорот на ЦУК соопшти дека заврна дожд во Мариово и дополнително ќе извести дали пожарот е целосно изгаснат.
Ангелов изјави дека е тежок пожарот над викенд населбата во скопско Катланово. Тој нагласи дека пожарот создава голем чад и дека тешкотија претставува непристапниот терен. Како што рече, вчера гаснел еден армиски хеликоптер, а денеска пожарникарите од скопската бригада.
Во продолжение е видео-изјавата од Ангелов и за другите пожари во земјава.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов
СДСМ за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС го постави своевремено Роберт Алаѓозовски и Мартин Попов за национални координатори, и двајцата без никаков придонес за државата. Национален координатор во време на СДС беше и Стево Пендаровски, најслабиот претседател во историјата на Македонија. СДС не само што редеше неспособни национални координатори, туку и нивни заменици, без да има за тоа реална потреба. За разлика од времето на СДС, владата на ВМРО-ДПМНЕ за национални координатори поставува луѓе со голем кредибилитет и минат труд во областите за кои ги назначува“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Левица: Новата учебна година за учениците со попреченост започна без образовни асистенти
Новата учебна година, за учениците со попреченост започна без нивните образовни асистенти – власта заглави со списоците за партиски вработувања, па оттука неизвесноста и револтот кај родителите, реагираат од Левица.
Отсуството на образовните асистенти, кои се голема помош и поддршка во наставниот процес, претставува дополнителна грижа за родителите и пречка во инклузивниот процес што оди на штета на учениците.
„Овој пропуст доаѓа поради ненавремената дадена согласност од страна на Министерството за образование. Иако јавните огласи се во тек, сепак, спроведувањето на целата задолжителна законска процедура ќе влијае на задоцнет почеток со работа на асистентите и дополнителни проблеми за наставниците, родителите и децата. И покрај тоа што министерката за образование, Весна Јаневска, најави зголемен број на асистенти, сепак, работите на терен не се баш такви според изјавите на родителите. До Левица стигнуваат и голем број реакции од родители, чии деца во текот на минатата учебна година имале асистенти, за оваа година, иако нема промена во функционалноста на децата, Комисијата за функционална проценка да не им додели асистент, кој им е суштински неопходен за ефикасно функционирање во редовниот наставен процес. Апелираме до министерката Јаневска сериозно да си ја преземе улогата на одговорно лице и да не дозволи калкулирање со децата со попреченост, како и со нивните родители на кои им е неопходна секоја помош и поддршка! Не смее поради незавршени административни процедури и ангажирање на нови партиски кадри да страдаат најранливите“, се додава во реакција на партијата.
Како политичка партија инсистираат сите огласи за асистенти, сите обновувања на договори и обуките за асистентите да се одвиваат пред да започне учебната година.
„Сето тоа да се завршува навремено и во полза на учениците на кои асистентската поддршка им е повеќе од потребна, а не како што е сега – на нивна штета. Наместо администрацијата да ужива во летните одмори, да ги вложи сите свои капацитети за навремено завршување на своите обврски – учебната година треба да започне подеднакво за сите!“, завршуваат од Левица.