Контакт

Македонија

Пукање во училиште во Охрид, еден повреден

Објавено пред

Во средното училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид попладнево дошло до инцидент. Неофицијално, имало пукање од страна на ученик, но сè уште нема детални информации дали се работи за огнено оружје или пиштол-плашливец.

Според неофицијални информации, едно лице е повредено.

Во моментот полицијата врши увид.

Македонија

(Видео) Антовски: Хаварија во РЕК Битола поради неодговорноста и неспособноста на власта

Објавено пред

Јавноста вчера беше информирана дека во РЕК Битола се случила хаварија и дека во прекин е транспортот на јаглен од рудникот Суводол до РЕК БИТОЛА поради дождовите. Ова е само уште еден показател дека енергетиката не страда од природни непогоди, туку од непогодата наречена неодговорно и нестручно работење на власта. Тие постојано бараат изговори и виновници за своите неуспеси. Еднаш тоа е опозицијата, друг пат тоа е дождот, обвини Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Јавноста треба да знае дека поради немање на доволни количини на јаглен уште од 18 јули 2020 година РЕК Битола работи само со еден блок, а според плановите од 15 јули требаше да работат сите три блока. Најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од функција бидејќи е потопен и заглавен во кал, уште пред да се случат вчерашните поројни дождови. За сето ова ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја известуваше јавноста во месец април, мај и јуни. Додека ние ја известувавме јавноста дека најголемиот багер е потопен во вода уште од април, СДСМ се грижеше само како да го спроведе предизборниот поткуп на граѓаните за да може на незаконски начин да ги добие изборите и да не одговара за овие злодела на државниот имот. Исто така и останатите рударски постројки се во неизвесна состојба. Дополнително, поради лошиот квалитет на јагленот се трошат огромни количини на мазут, со што значително се зголемуваат трошоците за производство на електрична енергија. Со ова се загрозува енергетскиот систем во Македонија.

Патем, наместо санирање на ваквите состојби ЕЛЕМ и РЕК Битола набавуваат минерална вода во износ од 3 милиони денари, за потоа без срам да бараат и поскапување на струјата во износ од 7,5%. Додека Власта на Заев е заинтересирана повеќе за тоа како да направи некој милионски скандалозен тендер, како непотистички да ги полни енергетските компании со скапо платени вработувања, како да набавува вода наместо механизација, до тогаш ќе ни се случуваат поскапувања на струјата и хаварии во нашите енергетски компании.

ВМРО-ДПМНЕ подолго време ја алармира јавноста за погубните политики на „шампионите” во Енергетскиот сектор, посебно за состојбата во РЕК Битола.

Доколку и понатаму со РЕК Битола продолжи да менаџира актуелното раководство на Електрани на Македонија, во претстојната грејна сезона ќе се соочиме со далеку подраматични и покомплексни состојби кои може да предизвикаат и целосен колапс во производството на електрична енергија во комбинатот.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ како одговорен политички субјект кој работи посветено во интерес на граѓаните на Македонија ја информира македонската јавност дека една од причините за намалената добивка на ЕЛЕМ не се должи на пандемијата на коронавирусот, туку неможноста да ги обезбеди потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Згора на сẻ, висината на цената по која АД ЕЛЕМ ја продава својата енергија на ЕВН ХОМЕ, празнењето на акумулациите на хидроцентралите, непотребните партиски вработувања со нестручен кадар, негрижата за објектите во РЕК Битола кои се во целост во сопственост на граѓаните на Македонија, направија овој гигант да се соочува со колапс, а сето тоа резултираше со поскапување на цената на електричната енергија.
Затоа им порачуваме: енергетиката не се гради преку ноќ, но може лесно да се уништи преку ноќ, а за жал СДСМ се „експерти“ во уништување!“ порача Антовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Објавено пред

Девојка која полагала возачки испит пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот веднаш бил пријавен во Испитниот центар, од каде што повеле дисциплинска постапка против членовите на комисијата.

„Кандидатка која изминатиот месец полагала за возачки испит претрпела сексуално вознемирување од страна на членовите на комисијата. За време на полагањето на испитот, еден од членовите на комисијата во повеќе наврати непристојно ја допирал кандидатката ставајќи ја неговата лева рака на нејзината десна надлактица и тоа во време кога возилото било во движење. Ова дејствие се повторило во три наврати за време на полагање на испитот. Ваквата ситуација на кандидатката ѝ предзвикала огромен стрес и вознемирување, а од страна на другиот член на комисијата воопшто немало никаква реакција за да го спречи ваквото однесување на неговиот колега“, се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Комисијата во случаи на грешки од кандидатите смее да реагира исклучиво преку двојната команда на возилото и директно интервенирање во вртење на воланот. Оттука, велат од Хелсиншкиот комитет, очигледно е дека однесувањето на членот на комисијата било сексуално вознемирување врз кандидатката кој не е прв, ниту единствен ваков случај на вознемирување врз кандидатки, кои се најчесто млади девојки на возраст од 18 години.

„Настанот од страна на кандидатката и Хелсиншкиот комитет беше веднаш пријавен во Испитниот центар, од каде многу брзо добивме позитивен одговор за преземени дејствија и мерки од нивна страна. Испитниот центар по прегледување на видеоснимките и по извршен разговор со кандидатката во присуство на претставник на Хелсиншкиот комитет, поведе дисциплинска постапка против членовите на комисијата, а на кандидатката ѝ беше овозможено повторно полагање на возачкиот испит со друг состав на комисија“, се наведува во извештајот за човекови права за јули на Хелсиншкиот комитет.

Во извештајот се заклучува дека сексуалното вознемирување како форма на родовобазирано насилство е ретко препознаено, а жените како најчести жртви на ваквиот вид насилство, многу ретко се свесни дека се жртви на сексуално вознемирување.

„Ваквото однесување е потребно што поскоро да биде инкриминирано како кривично дело во нашиот Кривичен законик, а за сторителите да следат најстроги санкции. Сексуалното вознемирување не смее никогаш да биде сфатено како комплимент и од особена важност е поттикнување на јавната свест за пријавување на ваквиот вид насилство за тоа да не продолжи да се нормализира и во иднина“, пишува во извештајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хелсиншки комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Објавено пред

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 кои ги донесе Владата e ослободувањето од работни обврски на родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Навидум, оваа мерка ја препознава поделеноста на правата и на обврските на родителите во рамки на домот и грижата за децата, но пријавите за прекршување на работничките права покажуваат дека оваа мерка во најголем дел ја користат мајките, велат од Хелсиншкиот комитет.

Ваквите податоци, додаваат од таму, повторно ја извадија на површина родовата нееднаквост во нашето општество и недоволната посветеност и работа на ова поле во периодот пред кризата.

„Податоците на Државниот инспекторат за труд покажуваат дека најчестите пријави за прекршување на мерките на Владата биле токму за оваа мерка, односно во 28 % од вкупните пријави поднесени до Инспекторатот. Работничките се соочувале со неослободување од работни обврски или пак намалување на платите во случај на ослободување, а за работодавачите да успеат во нивната цел, им се заканувале со откази и непродолжување на договорите за вработување. Таков случај изминатиов месец беше пријавен и во Хелсиншкиот комитет. Работничка вработена во текстилната индустрија нè информираше дека како мајка на деца до 10-годишна возраст е ослободена од работни обврски, по што платата за месеците април и мај ѝ била незаконито намалена и изнесувала само 50 % од целосната плата“, се наведува во извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права за јули.

Во извештајот се заклучува дека вработените во текстилната индустрија во најголем дел се жени работнички, на кои платата не им е повисока од минималната плата.

„Оттука, дел од работничките, мајки на деца до 10-годишна возраст од оваа индустрија, додека се ослободени од работни обврски за време на кризната состојба, примаат плата во износ од околу 7.500,00 денари. Ваквата ситуација ја доведува оваа категорија работнички во нееднаква положба наспрема мажите работници. Имајќи предвид дека тие како жени го сносат најголемиот товар за извршување на обврските во рамки на домот и грижата за децата, па од тие причини и ја користат оваа владина мерка, тоа резултира и со незаконито намалување на нивните плати, до износ кој не е доволен да ги задоволи ниту основните егзистенцијални потреби на едно семејство“, пишува во извештајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка која полагала возачки испит пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија54 минути

Хелсиншки комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 кои ги донесе Владата e ослободувањето од работни...

Македонија2 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет3 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет3 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет3 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет4 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет5 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет6 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион17 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет17 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет19 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет21 час

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија23 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија23 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион1 ден

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија1 ден

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија1 ден

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија1 ден

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет1 ден

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Досие