Македонија
Работилница за проценка на ризикот од корупција во јавниот сектор

Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка и со поддршка на Европската Комисија преку инструментот TAIEX, организира работилница на тема „Проценка на ризикот од корупција во институциите од јавниот сектор – утврдување на ризикот од корупција и другите неетички ризици и планирање на решенија и мерки за нивно надминување“.
Работилницата ќе се одржи во четврток и во петок, во хотел Арка во Скопје.
Целта на работилницата е отворено да се дискутира за ризиците од корупција во управувањето, нивно утврдување, проценка и надминување како и посочување на институционалните структури, системи и процеси кои можат да бидат повеќе подложни на корупција. Исто така, на работилницата ќе се разменат позитивни искуства и добри практики за градење на институционалниот и личниот интегритет во јавниот сектор и планирање на ефикасни решенија и механизми за намалување и спречување на ризиците од корупција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и студено време со сончеви периоди

Утрото ќе биде многу студено, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови ( локално над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Македонија
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска во официјалана посета на Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. Каталин Новак.
Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.
Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.
„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.