Контакт

Македонија

Работна група ќе го расчистува настанот со „шверцерите“ во МНТ

Објавено пред

На денешната владина седница е донесена одлука да се формира работна група составена од заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, и директорката на Македонскиот народен театар, Симона Угриновска.

Владата ја задолжи работната група да достави извештај до претседателот на Владата, Зоран Заев, за начинот на кој е одобрена и спроведена организацијата на настанот „Прослава на 30-годишнината од постоењето на навивачката група ‘Шверцери’“ во Националната установа Македонски народен театар, во кој треба да биде содржана и детаљна информација за евентуалната штета на инвентарот.

Оваа одлука следува по настанот во МНТ кога навивачката група „Шверцери“ минатиот петок вечерта го прослави својот 30-годишен јубилеј, при што проследи документарен филм снимен по овој повод. За време на прославата, навивачите скокаа по инвертарот и направија материјална штета. Од одговорност за настанот се оградија Министерството за култура, Владата, МНТ и сите институции во земјата.

Македонија

Во пожарот кај преминот Богородица изгоре полициско возило, ја зафатил и караулата на АРМ

Објавено пред

По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, инфоримираат од општина Гевгелија.

Општинските власти посочуваат дека иако пожарот и натаму е активен, тој е локализиран.

„Пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчка територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.

Во локализирањето на пожарот покрај противпожарната единица -Гевгелија, учествуваше и јавното претпријатие ‘Комуналец’ со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел ‘Фламинго’. На грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро“, се наведува во општинското соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Објавено пред

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме сè што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата, објави на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Голема благодарност до Република Србија, која повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко и до министерот Александар Вулин лично, за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани – особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе. Затоа се со нас нашите пријатели, затоа ние сме со нашите граѓани“, порача Спасовски.

Министерот нагласува дека благодарение на функционалноста на системот и на професионалноста на службите (пожарникарите, полицијата, армијата), но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, ситуацијата е ставена под контрола.

„Будно ја следиме состојбата, со сите ангажирани расположливи капацитети и со оние кои допрва ќе стигнат од нашите пријатели и сојузници. Материјалната штета повторно заеднички ќе ја надоместиме, а безбедноста на граѓаните останува наш најголем приоритет“, посочи министерот Спасовски на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски oд Кочани: Ќе поднесеме кривични пријави против власта поради ненавремено спречување на пожарот

Објавено пред

Денеска сме во Кочани да побараме одговорност за тоа што вчера наместо да се стиши оваа огнена стихија тука, од страна на надлежните на власта, Стојанче Ангелов и сите останати коишто треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што посочи партискиот портпарол, директорот на Центарот за управување со кризи, Ангелов, глумел селебрити и се сликал со пејачи и со други лица од естрадата, наместо да биде со граѓаните.

„Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони – ‘ер трактори’, односно канадери кои што со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една и пол милијарда евра“, посочи Арсовски.

Тој кажа дека неговата партија бара и одговорност затоа што синоќа немало хеликоптери да го гасат пожарот.

„Не летале нашите хеликоптери ноќе, срамота, а 21 век. Немало хеликоптери за на граѓаните да им се помогне, а имаше хеликоптери кога требаше да се возат Венко Филипче и Зоран Заев на нивни приватни забави и настани“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, актуелната власт секоја една ситуација на непогоди ја дочекува изненадена.

„ВМРО-ДПМНЕ заедно со правниот тим, заедно со луѓето од правната служба од партијата ги разгледува сите опции за поднесување кривични пријави до власта во однос на нивната нефункционалност, неспособност, некоординираност и нивното непостапување во рамките на вчерашниот ден за она што се случи тука“, нагласи Арсовски додавајќи дека пријавите ќе бидат поднесени за луѓе коишто раководат со институциите, како премиерот Зоран Заев, директорот Стојанче Ангелов, но и сите останати лица што треба да раководат со тој кризен штаб кој, како што рече, за жал, не функционира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија5 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија6 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија7 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија8 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија10 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет10 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа11 час

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија11 час

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија12 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија21 час

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија21 час

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија21 час

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија23 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија24 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт1 ден

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија1 ден

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ1 ден

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Досие