Контакт

Македонија

Радев: БПЦ да води сметка дека со Македонија имаме исклучителна блискост

Објавено пред

Бугарската православна црква треба да води сметка дека на двете страни од границата помеѓу Бугарија и Македонија имаме заеднички имиња, историја и сме исклучително блиски. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев за новинската агенција БГНЕС како одговор на прашањето дали ги поддржува напорите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ – Охридска архиепископија и заедничкото сослужение меѓу двете цркви.

„Ова прашање целосно е во надлежност на БПЦ. За време на мојата официјална посета на Република Македонија бев со двајцата реномирани бугарски митрополити – Николај и Кипријан. Овде државата не може да се меша, но треба да се земе предвид кога православните цркви го решаваат ова прашање дека од двете страни на границата помеѓу Република Бугарија и Република Македонија имаме заеднички имиња, имаме заедничка историја, ние славиме заеднички празници и сме исклучително блиски“, рече Радев.

Румен Радев ја посети земјава минатиот месец кога замина и во постеа на Бигорскиот манастир. Со тоа Радев стана првиот претседател на странска држава што го посетил Бигорски.

 

Македонија

Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција во „Капитол мол“

Објавено пред

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите за граѓаните, денеска организираат бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, 21 ноември, кој се одбележува под мотото ,,Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна”.

Прегледите ќе се изведат од 11:00 до 14:00 часот во трговскиот центар „Капитол мол“ во скопската населба Аеродром.

„Овој настан е од особена важност за да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на лицата кои страдаат од ХОББ“, велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и од Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија

Тие додаваат дека еден од најголемите ризик-фактори за појава на ХОББ е пушењето, но дека поради разни причини, како начин на живеење или самата средина, препорачливо е сите кои се во можност да се проверат на бесплатните прегледи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Скопје без струја

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.

Без електрична енергија од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата Димитар Пандилов во општина Центар, додека корисниците од улица Самоилова, исто така во општина Центар, без струја ќе бидат во период од 9:00 до 14:30 часот.

Од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од булевар Партизански одреди зграда број 48 во општина Карпош.

Понатаму, од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од улица 6 во село Бардовци во општина Карпош.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улица 4, 6 и 7 во село Батинци, општина Студеничани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Црногорскиот министер за надворешни работи во работна посета на Македонија

Објавено пред

Денеска и утре во работна посета на Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.

Како што соопштија од македонското МНР, на пленарните разговори меѓу делегациите на Република Mакедонија и Црна Гора, предводени од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Срѓан Дармановиќ, се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, како и за евро-атлантските интегративни процеси.

Од МНР додаваат дека во рамки на посетата предвидено е министрите да потпишат и договор за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

В четврток, пак, на свечена церемонија, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, ќе му ја додели титулата Почесен доктор на науки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија11 час

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија12 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија13 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized16 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија16 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски17 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија17 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски18 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија20 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет21 час

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија21 час

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“22 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски22 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски22 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа23 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија24 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија24 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет2 дена

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Досие