Контакт

Македонија

Радев пред средбата со Сиљановска: Очекуваме Северна Македонија да ги исполни своите обврски, нека се вратат на реализмот

Објавено пред

Владата на Република Северна Македонија сѐ уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот.

Ова им го порача на новинарите бугарскиот претседател Румен Радев неколку часа пред средбата со претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска-Давкова, која доаѓа во Софија на оперската продукција „Набуко“, јавува „Бгнес“.

„Точно е дека музиката и културата се сфери што нѐ зближуваат и Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекува овој дијалог не само да помогне во нашето културно зближување, да даде поттик на економската соработка, очекуваме со ова дијалог, конечно, решавање на отворените прашања меѓу нас“, рече Радев.

Тој нагласи дека заедно со потпишаните договори, вклучувањето на раководството на Северна Македонија во Коридорот 8 ќе биде јасен показател за реалните европски амбиции на РСМ за поголема поврзаност во регионот.

„Очекувам искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска да стане конзистентна политика и на Владата на РСМ“, рече Радев и продолжи:

„Владата на Република Македонија сѐ уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот. Нашите односи ќе се засноваат на склучените договори. Очекуваме РСМ да ги исполни сите свои обврски – и кон нас и кон Европската Унија“.

Строго го следиме протоколот, на ред сум да дојдам во официјална посета на Република Македонија“, рече Радев во врска со денешната посета на Сиљановска-Давкова, која е неофицијална, пренесува медиумот.

Запрашан дали веќе има ваква покана, Радев рече дека ова прашање ќе биде разјаснето со шефот на македонската држава.

Најново

Свет27 минути

Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што...

Македонија32 минути

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој...

Црна хроника53 минути

Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во...

Македонија1 час

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест...

Свет1 час

Врховниот суд пресече: Родителите во САД можат да бараат изземање на децата од ЛГБТ-содржини

Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година,...

Свет2 часа

(Видео) Земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес....

Свет2 часа

Седум луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз јужен Либан

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална...

Свет3 часа

Избоден маж на Нов Белград

Маж на 35-годишна возраст тешко е повреден ноќеска откако бил избоден на Нов Белград. Мажот се здобил со убодни рани...

Свет3 часа

(Видео) Не стивнува пожарот на Долги Оток: Избувнаа уште четири пожари кај Задар, пет лица повредени во Омиш се во животна опасност

Пожарникарите во текот на целата ноќ ги бранеа куќите и викендичките од големиот пожар што избувна кај Брбиње на Долги...