Контакт

Македонија

Разговор меѓу Пендаровски и бугарскиот претседател за европската интеграција на Македонија

Објавено пред

Македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев денеска остварија телефонски разговор во кој се разговараше за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Северна Македонија за членство во Европската Унија, информираат од претседателскиот кабинет.

„Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и особено за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија“, се наведува во соопштението.

Во него се додава и дека претседателите разговарале за можноста за остварување посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови за тоа.

Македонија

Царовска: Создаваме европски вредности со билингвални паралелки

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска учествуваше на онлајн средба по повод билингвалните паралелки во државата, организиран од гимназијата „Орце Николов“ и Амбасадата на Франција.

Царовска се заблагодари на Француската амбасада која поддржа низа проекти креирани од наставниците и учениците со кои создадоа франкофонска мрежа од активни млади лица и идеи за подобра иднина на сите.

„Билингвалното образование се покажа досега како вистински репрезент на интеркултурализам, на учење за културата на францускиот народ, но и на пошироките европски вредности. Поддршката на ваков тип проекти е поддршка за прифаќање на глобални трендови и култури што се многу важни за развојот на новите генерации млади“, рече Царовска.

Министерката истакна дека голем број ученици од овие паралелки, низ годините, го продолжиле своето образование во најпознатите академски центри на Франција и донеле нови практики и нов пристап во креирање општествени и образовни политики.

„Имаме чест, исто така, дел од тие ученици и сега да бидат вклучени во креирањето на новите реформи за средно образование, преку анкети со кои даваат несебичен прилог да научиме и ние нешто од францускиот концепт за образование“, рече Царовска.

На вебинарот учествуваа и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани

Објавено пред

Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Едноставно е, Заев и Филипче наместо демагогија, доволно е да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните. Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа што ја објавуваат во притиснатите медиуми, а и бројките се поразителни. Епилогот е огромен број на починати“, пишува Мицкоски, споделувајќи видео на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворено писмо од група македонски интелектуалци: „Идентитетот не смее да биде основа за политички диктат““

Објавено пред

Шеест и двајца македонски интелектуалци испратија отворено писмо во врска со актуелните политички и општествени случувања во односите со Бугарија, во кое децидно велат дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на заедничките комисии.

Во продолжение целото писмо:

„Како проучувачи на македонската историја и култура континуирано реагираме на современите политички и општествени предизвици со пишан збор и со јавен настап. Постојано укажуваме на тоа дека целта на ИСТОРИЈАТА како наука е да нè подучи свесно да го разбереме минатото за правилно да се однесуваме во сегашноста и правилно да постапуваме во иднина. Затоа и ја претпочитаме нејзината научна закономерност пред политичките и идеолошките влијанија, притисоци и импровизации на политичките фактори.

Оттука, уште пред три години аргументирано и јасно укажавме на асиметричниот карактер на Договорот за добрососедство со Бугарија и на штетните последици што ќе произлезат од него. Исто така, укажавме и на сериозните обврски што ги презема Република Македонија со потпишувањето на Преспанската спогодба со Грција, што резултира не само со промена на уставното име туку и со откажување од асномските државотворни одлуки. Ова пак, влијаеше и на внатрешниот и на надворешниот политички живот на македонската држава втемелена на решенијата на Првото заседание на АСНОМ одржано токму на историскиот 2 август 1944 г. и создадена од претставници од сите краишта на етногеографска Македонија, од сите социјални слоеви, вери и националности. АСНОМ претставува заокружување на дотогашните борби на македонскиот народ, кој во сите историски бури – старомакедонски, Климентови, Самуилови, Карпошови, илинденски, партизански, референдумски и др., внесува своја содржина. Во сите овие процеси на заемна интеракција и симбиоза на единствениот простор – Македонија, се одвива посебниот историски развој на македонскиот народ, се создава неговиот идентитет.

Токму затоа ние, потписниците на ова писмо, најостро реагираме на негаторската политика што ја застапува бугарската влада и уште еднаш најенегрично изјавуваме дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на т.н. заеднички комисии.

Сметаме дека актуелните политички и општествени чинители треба да дејствуваат во насока на заедничко разбирање и на заемно почитување на сите народи, и тоа врз основа на демократските начела на современото цивилизациско поимање, без да се проблематизираат посебните македонски вредности што се создадени во текот на изминатите векови. Едногласна е нашата определба да го повикаме македонскиот политички врв да не подлегне на притисоците и да не дозволи присвојување на македонската историја, на македонскиот јазик и на македонското културно наследство, како и негирање на македонскиот национален идентитет од страна на Р Бугарија или на која било друга земја, зашто тоа е во спротивност и со вредностите и со принципите на кои е изградена и функционира Европската Унија“, се наведува во писмото.

Потписници:
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Нада Јурукова
проф. д-р Тодор Чепреганов
Ефтим Клетников, поет и книжевен критичар
проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова
проф. д-р Михајло Миноски
проф. д-р Лилјана Гушевска
проф. д-р Виолета Ачкоска
проф. д-р Илија Велев
проф. д-р Симона Груевска-Маџоска
проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски
проф. Запро Запров, копозитор и диригент
проф. д-р Катерина Младеновска-Ристовска
проф. д-р Танас Вражиновски
проф. д-р Александра Ѓуркова
проф. д-р Валентина Миронска-Христовска
проф. Стојан Стојков, копозитор
проф. д-р Александар Трајановски
проф. д-р Елка Јачева-Улчар
проф. д-р Александар Атанасовски
проф. д-р Веселинка Лаброска
проф. д-р Јованка Кепеска
проф. д-р Гоце Цветановски
проф. д-р Силвана Сидоровска-Чуповска
проф. Сашо Татарчевски, диригент
проф. д-р Васил Јотевски
проф. д-р Константин Миноски
Фима Клетникова, поетеса
проф. д-р Коста Аџиевски
проф. д-р Тони Филипоски
проф. д-р Марјан Ивановски
проф. д-р Катица Јосифова
проф. д-р Благоја Марковски
доц. д-р Славчо Ковилоски
проф. д-р Мишо Нетков
проф. д-р Верица Јосимовска
проф. д-р Цветан Гавровски
проф. д-р Слободан Пренџов
проф. д-р Виолета Мирчевска
проф. д-р Билјана Маленко
проф. д-р Стеван Алексоски
проф. д-р Илија Димовски
проф. д-р Ристо Ачкоски
проф. д-р Мимоза Серафимова
проф. д-р Ѓоко Буневски
доц. д-р Соња Николова
д-р Ѓорѓија Сајкоски, историчар
м-р Ивона Опетческа Татарчевска, етномузиколог
д-р Марија Мицајкова – Панова, лекар-интернист
Јонче Маленко, професор по историја
Слободанка Филиповска, професор по историја
Селим Мерсимовски, професор по историја
Доне Донев, профeсор по македонски јазик
Љубинка Донева, професор по македонски јазик и писателка
Дардан Венетски, диломиран правник
Александар Панов, дипломиран правник
Лидија Николоска, дипломиран електроинженер
Душко Христов, новинар од областа на културата
Нада Панајотова, професор по историја
Кире Николоски, професор по историја
Марија Јанева, професор по историја
Диме Јуруков, професор по географија, архиски советник

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против корона се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот за...

Македонија1 час

„Медиапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот сајт „Медиапул“ објави прашања до бугарската влада кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија2 часа

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија3 часа

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет3 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија3 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет4 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет17 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет18 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија19 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија22 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион23 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа23 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие