Контакт

Македонија

Разочарани сме дека Владата останува на ставот Водно да биде колатерална штета, порачаа граѓански активисти

Објавено пред

Граѓанските активисти остануваат на ставот дека се против изградба на гасоводот низ парк-шумата Водно. Тие порачуваат дека не можат со чиста совест да се согласат со каква било траса којашто би поминала низ Водно. Во заедничко соопштение активистите велат дека се разочарани од тоа што и покрај утврдувањето на фактичката состојба на терен, Владата сè уште останува на ставот дека Водно треба да биде колатералната штета за спроведувањето на магистралниот гасовод.

Позицијата во која е сега оваа Влада во однос на изградбата на гасоводот, велат активистите, е јасна. „Владата треба да ја преземе одговорноста за лошите проекти на нивните претходници, тежината на нереализираниот кредит, последиците за кредитниот рејтинг и пресијата на временскиот фактор. Воедно, никако не дозволуваме Водно да биде жртва на овие притисоци“, порачуваат активистите.

Според нив, неколкугодишно одложување на делот од магистралниот гасовод за да минува надвор од Водно не значи никако дека домаќинствата кои се греат на дрва ќе можеле да преминат на гас во тој период.

„Магистрален гасовод е како една голема артерија која не носи крв до секоја клетка, односно до секое домаќинство. За тоа е потребна голема мрежа на крвни садови и капилари, како што е секундарната и терцијарната гасоводна мрежа која ја нема и ќе ја нема во догледно време во ниту еден град од оваа делница. Па Скопје има магистрален гасовод повеќе од 20 години, а ние сè уште говориме за гасификација на Скопје и сè уште околу 45% од домаќинствата се загреваат со дрва и се водат како еден од главните причинители за загадување на воздухот. Одложувањето на изградбата на овој дел од магистралниот гасовод не е ни од далеку доволно оправдание за да се уништи нешто што е од непроценлива важност и е создавано со децении, со голема мака, труд и вложени средства“, се вели во заедничкото соопштение.

Активистите велат дека по разгледување на трасата низ Водно, се покажале основани тврдењата на граѓанските активисти за нејзината должина и импакт, наспроти мислењето базирано на информации кои им биле пласирани на вицепремиерот Кочо Анѓушев и претставници на МЕР.

„Како жители на Скопје, во најголем број, кои си го знаат Водно, тврдевме дека од потегот од 9 км низ Водно, над 4 км минуваат низ шума која ќе биде уништена. Информацијата со која располагаа вицепремиерот Анѓушев и МЕР е дека тој потег не е подолг од 600 – 1000 метри. Го поздравуваме обидот за ублажување на импактот што го правеше првопроектираната траса низ Водно и обидите за нејзино менување, но тоа не ја менува суштината дека предвидената траса сè уште останува да води низ заштитено подрачје парк-шума Водно и ќе уништи не само потег од 2км (во најдобар случај, ако е можно) густа, децениски создавана шума, туку и живеалишта на голем број  видови, од кои некои ендемски и загрозени“, се вели во соопштението.

Од таму велат дека длабоко се разочарани дека и покрај утврдувањето на фактичката состојба на терен, а знаејќи го значењето и вредностите на Водно, Владата сè уште останува на ставот дека Водно треба да биде колатералната штета за спроведувањето на магистралниот гасовод кој ќе води од Скопје кон Тетово, Гостивар, Кичево и Косово.

„Ја поттикнуваме Владата и нејзините надлежни институции да ги активираат сите свои механизми да го заштитат Водно и да најдат соодветно решение за гасоводот надвор од неговите граници. Доколку искрено се сака да се изнајде најдобрата опција, тоа секако ќе биде направено. Дислокацијата на клиничкиот центар е скорашен и недвојбен пример за менување на готов проект и изведба. Соодветно решение, по овој пример, бараме и за гасоводната траса“, порачаа во заедничко соопштение граѓанските иницијативи и здружениија: Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно, О2 Коалиција за чист воздух, Стоп на загадувањето, @Спас за водно, Зелено Тафталиџе, @Екокарпош 3,2,1, Ние сме Карпош 4, ФРОНТ 21/42, Oxygen Mountain Bike Club (МТБ Оксижен), I love hiking – group Macedonia, Go Green – Биди зелен, Green Power, Skopje Smog Alarm, Билка – Bilka, Плоштад Слобода – Freedom Square, Eko-svest, Сакаме Аеродром да дише.

Македонија

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Објавено пред

Од

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа во психијатриска болница ќе бидат преземени сите правни мерки.

„Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите правни мерки против инволвираните кои си создаваат илегална пракса на носење на наводно алкохолизирани лица во психијатриска болница за  ‘стручно лице’ да процени по физиономија дали сте пијан, нешто што не поминува на суд, или не, што нема законски основ прво, а второ е идиотски“, велат тие во заедничка изјава.

Ристиќ и Митровски наведуваат дека немаат намера да прејдат преку, како што велат, незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени лица. „Секој полицаец во моментот кога ве приведува е должен прво да се легитимира, да ве запознае со причините за вашето приведување на јазик што го разбирате, да ви даде поуки дека имате право да молчите, да ви даде поуки дека имате право на бранител и да ви овозможи да повикате бранител веднаш. Време е, ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест, а не за потсмев“, велат тие.

Ристиќ беше приведена во саботата бидејќи, како што вели, чистела догорчиња од цигари пред Влада. Таа рече дека односот на полицајците бил арогантен, а три часа од приведувањето не ѝ дозволиле ниту да повика адвокат. Од полицијата соопштија дека таа била приведена заедно со уште лице едно поради нарушување на јавниот ред и мир. Од МВР соопштија дека Ристиќ била однесена во психијатриска болница затоа што одбила да направи алкотест.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Објавено пред

Од

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс.

Како што информираат од владината прес-служба, средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО.

Официјалната посета на Заев во Вашингтон следува откако земјава ја посетија високи американски претставници, како секретарот за одбрана, Џејмс Матис, и помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, во пресрет на референдумот за договорот со Грција закажан за 30 септември.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно сончево и топло време

Објавено пред

Од

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната температура од 26 до 31 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната температура ќе достигне до 31 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и релативно топло време.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести4 минути

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија25 минути

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија39 минути

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Daily news2 часа

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи...

Македонија20 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура21 час

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ22 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија24 часа

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Досие