Македонија
Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали
Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Се надевам дека до крајот на декември ќе се завршат и комплетно и ќе се вратат во функционална состојба хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје. Во меѓувреме, ќе инсистираме ако може што побргу да се случи тоа“, рече Таравари.
Одговарајќи на новинарски прашања, министерот истакна дека од она што можел да го види, состојбата со салите на Клиничкиот центар не била добра, а според кажувањата, исто е и на во „8 Септември“. Најави дека по консултација со Министерството за финансии, ако добие дозвола и се изнајде начин плаќањето да се одвива во неколку години, ќе инсистира да почнат со реновирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со реконструкцијата на државниот студентскиот дом „Стив Наумов“ изјави:
„Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри. 18 милиони евра ќе бидат вложени за двата студентски дома во Скопје, тоа се „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“.
Премиерот информираше дека ќе следи реконструкција и на другите студентски домови во државата како еден од главните приоритети на Владата. Реконструкцијата на државните студентски домови „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“ е во тек, истата се очекува да биде завршена следниот период.
„Тие два студентски дома ќе бидат реконструирани и таму е почната реконструкцијата. Во периодот кој што следи очекуваме таа да биде завршена. Мислам дека во моментов се изведуваат електричните инсталации, но исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата. Така што, тоа е и едно од оние ветувања кое што го ветивме за студентите и за младите“, истакна премиерот Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Многу набргу од денеска почнува изградбата на спортската сала во Воената академија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека многу набрзо од денес започнува изградбата на спортската сала во Воената академија.
„Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија ќе отпочне реализацијата и на таа спортска сала, набргу. Тоа е еден од оние проекти коишто се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капитални инвестиции со што ќе ја зголемиме економската активност на компаниите кај нас, а со тие капитални инвестиции ќе го зголемуваме бруто домашниот производ, така што и тоа е едно од оние ветувања што ќе отпочне со реализација бидејќи го помина владиниот филтер во на текот на вчерашната владина седница“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.
Македонија
Мицкоски од Аеродром: Доградбата на ООУ „Блаже Конески“ од 200.000.000 денари ќе овозможи децата да се образуваат во современи услови
„Морам да напоменам дека заврши Јавниот повик којшто го објави Министерството за локална самоуправа во којшто беа повикани општините да поднесат предлог проекти. Општина Аеродром, исто така, поднесе свои проекти. Истото тоа ќе го сториме на почетокот на следната година, така што сето она коешто е ветено ќе биде испорачано. Можам да кажам дека повеќе од 21 милијарда денари ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините за капитални инвестиции, за нови булевари, улици, водоводи, канализации, училишта, градинки итн.. Нешто што досега не се случило“, посочи Мицкоски и додаде:
„Сепак, тоа е една огромна инвестициска активност. Целта на оваа Влада е да поддржува капитални инвестиции, да поддржува проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на македонските граѓани. Јас како претседател на Владата можам да кажам дека многу работи недостасувале изминативе години да се направат во Македонија. Нашиот мотив и инспирација се граѓаните. Така беше овие нецели три месеци откако сме Влада, така ќе биде и во иднина. Има многу да се направи, имајќи ја предвид катастрофалната ситуација којашто ја затекнавме оној 24 јуни, но тоа е што е. Ние мораме да го испорачаме тоа коешто сме го ветиле и тоа од ден на ден го испорачуваме. Ова е дел од тие ветувања и многу сум радосен што ете отпочнува со реализација овој капитален проект, бидејќи бев информиран од градоначалникот дека доколку ова не се случеше постоеше можност тука да се воведе и трета смена, нешто што не треба да го дозволиме, а ние сме за едносменско работење. Така што ова драматично ќе ја олесни работата“.