Контакт

Македонија

Рауфи: Сигурен сум дека сведокот знае кој навистина пукал кај Смилковското Езеро, но не знам зошто крие

Објавено пред

Денешниот главен претрес покажа дека овие обвинети немаат врска со овој настан и дека загрозениот сведок е лажен и наместен, рече во изјава пред судот адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.

„Од денешниот исказ на загрозениот сведок испаѓа дека тој ги слушал истрелите, а мислам дека одговори и дека дури и видел кој пука, но потоа се премисли и кажа дека не видел. Јас сум сигурен дека и знае кој пукал, но не знам од кои прични не ги посочува тие што се извршители на ова дело“, рече Рауфи.

Тој додаде дека од денешните прашања на судечкиот совет излегле некои нови моменти, кои кај поранешниот судечки совет одбраната на обвинетите ги поставувала како прашања, но не биле дозволени.

Запрашан за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се наоѓаат во Косово, Рауфи истакна дека е сигурен оти до тоа нема да дојде и смета дека не треба зашто, како што кажа, станува збор за очигледно невини луѓе.

Македонија

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Објавено пред

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека четири лица се завеани во обилниот снег во село Горно Ореово, поради неговото интензивно паѓање во текот на целиот ден.

„Веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, беа преземени сите активности за спасување на завеаните лица. По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот, четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа преземени и безбедно вратени во Битола“, се наведува во соопштението на ДЗС.

Акцијата за нивно пронаоѓање траела до 6 часот утрото и завршила безбедно.

Прикажи повеќе...

Македонија

Могерини: За Западен Балкан на Советот на ЕУ во декември

Објавено пред

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, најави дека министрите за надворешни работи на следниот состанок на Советот на ЕУ во декември ќе ја разгледаат ситуацијата на Западен Балкан.

Могерини, по дебатата со министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Босна и Херцеговина, најави дека на шефовите на ЕУ-дипломатиите ќе им биде вратено прашањето за БиХ, но и за целиот Западен Балкан.

Таа оценила дека министрите на ЕУ со денешниот состанок во Брисел испратиле три главни пораки на БиХ.

„Тоа е повик да се формира власт што поскоро, откако изборните резултати се официјализирани. Второ е 100-процентно фокусирање на реформската агенда, која граѓаните на БиХ, особено младите, ја очекуваат, а е поврзана и со ЕУ-перспективите на земјата. Исто така, неопходно е во БиХ да се фокусира и на реформа на изборниот закон и загриженоста што произлегува од тоа“, оценила Могерини.

Шефицата на европската дипломатија навела дека следните месеци ќе бидат пресудни за напредокот на БиХ по сите наведени приоритети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Тевдовски: Владата ги поддржува развојните програми на општините за подобри услуги за граѓаните

Објавено пред

Заложба на Владата е да ја помогне работата на општините со цел проектирање и реализација на повеќе развојни и капитални проекти, со што граѓаните ќе добиваат подобри услуги за даноците што ги плаќаат и ќе бидат комплетно информирани за трошењето на тие средства, рече премиерот Зоран Заев на средбата со Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), предводена од претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов.

„Владата на Република Македонија е многу свесна за важноста на општините во земјава, и оттаму со ваквото решение сакаме да го намалиме нивниот долг за да можеме да сметаме на нивниот капацитет, кој сега е десеткуван. Затоа одлучивме да одвоиме педесет милиони евра како поддршка за општините, во форма на еднократна финансиска инјекција, за да можат градоначалниците да ги стабилизираат развојните капацитети на своите општини“, рече премиерот Заев на средбата.

Премиерот Заев, исто така, рече дека сите предлози кои доаѓаат од ЗЕЛС се добредојдени и се во духот на конструктивноста во пристапот на решавањето на актуелните проблеми со задолженоста на локалните самоуправи во Македонија, како и за финансиско стабилизирање на општините.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на средбата појасни дека планирањето на буџетите ќе се базира на реална основа, односно буџетот на општините ќе може да се проектира со максимални 10% раст во однос на просекот од остварените приходи во последните три години. Тоа е мерка која претставува гаранција дека проблемот со задолжувањето на општините нема да се повтори, затоа што, како што рече тој, ќе се спречат таложења на неплатени обврски и ќе се подобри финансиското работење на општините.

Претставниците од ЗЕЛС ја поздравија заложбата на Владата да им се помогне на општините да го решат проблемот со презадолженоста со што, како што рекоа тие на средбата, ќе можат со поголем капацитет да се посветат на конструктивна работа и решавање конкретни проблеми во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет11 час

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија12 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија13 часа

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија15 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион16 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток16 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија16 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија17 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија18 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија18 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија18 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион20 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија20 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија21 час

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија22 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија23 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија1 ден

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт1 ден

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа2 дена

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Досие