Македонија
Рашковски излегува од затвор, ќе оди во домашен притвор

Притворениот Драги Рашковски, кој еден месец издржува казна во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, оди во куќен притвор, одлучи Апелациониот суд во Скопје, потврдуваат оттаму за „Макфакс“. Одлуката е донесена на денешната седница, а воопшто не е разгледувана гаранцијата што ја понудил Рашковски од речиси половина милион евра. Според информациите, Вишото јавно обвинителство се одлучило исто така да даде согласност за поблага мерка за Рашковски, а со тоа да даде согласност до Апелација.
Рашковски е во притвор од крајот на април кога Кривичниот совет, по барање на јавниот обвинител Ивана Трајчева, ја преиначи одлуката и од куќен пртивор го спроведе во затворот во Шуто Оризари. Заедно со него во затворот беше спроведен и сопственикот на „Инвока груп“, фирма од која биле набавувани софтвери во спрона постапка според тврдењата на Обвинителството.
Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, беше една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева се сомневаше дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент нема одлука од Кривичниот совет.
Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата што го добила тендерот. Во прилог на ова Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.
Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.
„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.
Македонија
ЦУК: Пожар кај селото Миладиновци

Искрење на бандера, предизвика пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинеријата ОКТА.
Центарот за управување со кризи на својот фејсбук профил објави дека во моментот се интервенира на негово гаснење.
,,Во 19:05 часот на телефонскиот број 112 пријавен е пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинерија ОКТА кој настанал како резултат на искрење на бандера и истиот се проширил на околната сува трева. Во моментот на местото на настанот се екипи на БППЗ на Град Скопје и полиција. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот нема опасност од негово проширување”, се вели во соопштението од ЦУК.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград: Да запре говорот на омраза кон Македонците во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград. Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ. Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот.
Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците, се вели во соопштението.