Македонија
Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски:
„Жителите на Сингапур од 2022 година немаат потреба од пасоши кога ќе се враќаат во својата земја. Наместо тоа, скенер за препознавање на лице и ирисот од окото врши споредба со базата на податоци, а заради дополнителна идентификација, ќе може да користат и отпечаток од прст. Тестирањето е започнато уште пред 10 години.
Колку ние сме далеку од ова?
Во Србија од пред некој месец по долги тестирања и анализи е ставен во функција сообраќаен систем со кој ќе се мери просечната брзина на околу 50 делници низ Република Србија. Покрај мерењето на брзината, со помош на овој систем ќе може да се утврди дали возачот и патниците во возилото користат сигурносен појас, како и дали возачот незаконски го користи мобилниот телефон додека вози.
Колку сме ние далеку од ова?
ДАЛЕКУ СМЕ, АМА ПРЕД НИВ
Колку и да ви е удобен чевелот, ако во него имате и мало камче тој ќе го направи чекорењето неудобно.
Така е и во општествениот живот. Колку и да има едно општество иновативни идеи, може да надвладеат помали сили со ретрограден пристап, а голема концентрација на моќ.
Но само за кратко.
Историјата не памети дека некоја прогресивна сила останала потисната засекогаш, но памети доста кои страдале заради своите прогресивни идеи. Ретроградните сили се секогаш погласни затоа што своето незнаење сакаат да го компензираат со надвикување.
Ретроградните сили прават најчесто штети кои за жал не можат да се надоместат и компензираат.
Што ќе му кажеме на детенце кога ќе порасне, а кое ги изгубило родителите во сообраќајна несреќа? Извинете, ние како држава правевме сè што можевме да ги спречиме сообраќајните несреќи, но во тоа време имаше две тетки кои сметаа дека немало потреба да бидеме како секоја развиена држава. Дозволи ние да ти цитираме дел од обвинителниот акт и приговори по истиот „…биле потрошени државни пари за нешто за што нема економска оправданост…“, па ти процени дали тие биле во право. Како да му кажете на тоа дете дека макар и теоретската можност да се спаси нечиј живот за некого е немање економска оправданост??? Ќе му се извиниме дека спасот на неговите родители „не бил оправдан економски интерес“?
Истото тоа дете ќе седне на компјутер и ќе види дека секоја нормална држава во тоа време имала или правела обид да има таков систем, а кај нас тетките не нашле оправдан економски интерес за тоа. Точно е дека сме посебен народ, во многу што понапреден од светот, особено по интелигенцијата, но во овој случај „камчето во чевелот“ ни ги враќа нозете назад.
Пред неколку месеци имавме како држава средба со естонски претставник на која се разговарало за дигитализација на процесите во државата, пред сè преку воведување на електронска лична карта. Наместо да истрчаме напред гордо да им покажеме и прикажеме колку сме понапредни во ова поле и дека кај нас целосна биометриска идентификација е веќе реалност и како систем веќе постои во Владата со иницијална намена да спречи злоупотреби во работните процеси во Владата, ние сме приморани од таквиот систем „да се срамиме да го спомнеме“ затоа што, и покрај целосната законска процедура во која системот е набавен, некој решил да гони кривично затоа што според неговите сфаќања „не бил оправдан економски интерес“.
Или во Сингапур и Србија имаат други учебници по економија и други дефиниции за тоа што е оправдан економски интерес, или пак некој кај нас не учел економија.
Формулата за мерење на ефикасноста е многу јасна. Тоа е вредноста која се добива како резултат на вложената вредност. Вредноста која се добива е спас на човечки живот, а неговата вредност е бесконечна“, вели Рашковски.
Поранешниот генерален секретар на Владата, Рашковски во случајот Софтвери е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Изјавите на Мицкоски дека бил доброволец во 2001 покажуваат дека е заложник на Апасиев

Милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ, во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев, велат од СДСМ.
Владејачката партија коментира дека Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување“, велат од СДСМ преку соопштение.
Мицкоски пред два дена му се спротивстави на претседателот на ДУИ Али Ахмети кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во својот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ рече дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна и oти Ахмети на украинската делегација требало да ѝ каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на неговата фамилијаи на луѓето што го опкружуваат на сметка на инвалидите, кои го загубија животот.
Македонија
Бугарската комисија за надворешна политика усвои декларација: „Осуда за насилството врз Бугарите во Северна Македонија“

Бугарската собраниската Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање во пленарната сала.
Документот, како што е наведено, „категорично ги осудува актите на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата“. Се додава дека Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на РСМ и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите. Заштита на правата на бугарските граѓани со бугарска самосвет во РСМ мора да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите содржани во преговарачката рамка, се наведува во декларацијата што во целост ја пренесе БГНЕС.
– Со почитување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и на демократските принципи вградени во актите на Советот на Европа;
– Врз основа на Договорот за Европската унија и Договорот за функционирање на Европската унија и вредностите вградени во нив, особено „вредностите на почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, како и почитување на човековите права“ и „плурализам, недискриминација, толеранција, правда и солидарност“;
– Со потврдување на фундаменталното значење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 2017 година и важноста на билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година, како и Одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание на Република Бугарија во врска со проширувањето на Европската унија и преговарачкиот процес со Република Северна Македонија од 24 јуни 2022 година;
– Со повикување на институциите во Република Северна Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно ќе ги нарушат односите меѓу двете земји и нивните граѓани,
ИЗЈАВА:
1. Категорична осуда за актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во Северна Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство против Бугаринот Христијан Пендиков, и цврсто инсистирање на преземање систематски мерки од сите институции за откривање и доведување на сторителите пред правдата;
2. Осуда на говорот на омраза во Северна Македонија против локалните Бугари и Република Бугарија, како и неговите манифестации во политичката, јавната и медиумската средина. Повик до властите и институциите во Северна Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет. Се изразува целосна подготвеност за обезбедување на каква било помош за постигнување на оваа цел, вклучително и заеднички со меѓународните партнери и институции;
3. Се отфрла континуираното негирање, омаловажување и отклонување на одговорноста за постоењето на проблем со правата и безбедноста на Бугарите во Северна Македонија;
4. Приговор на трајно неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година;
5. Загриженост дека ескалацијата на антибугарската кампања во Северна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што служи на интересите на земјите од трети страни;
6. Противење на измените во Законот за здруженија и фондации од 2022 година, кои го дискриминираат и намерно го ограничуваат правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија. Овие промени може да ги попречат и предодредат активностите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана со договорот од 2017 година за одредени периоди и лица;
7. Отфрлање на лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Северна Македонија и сфаќање како намерно влевање омраза против Бугарија и Бугарите;
8. Заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест во Северна Македонија, исто така, мора да се гарантира преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлука на Четириесет и седмото Национално собрание од 25 јуни 2022 година;
9. Повик до граѓаните, организациите и институциите во Северна Македонија, кои се вистински посветени на демократските вредности и европскиот пат на земјата, да заземат јасен став и да инсистираат на потребната промена.
Македонија
Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши, оцени опозицијата

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши, оценува ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека дојде ред на толку потпишани договори, анекси, протоколи и слично, односите меѓу двете земји да бидат тема на Советот за безбедност и да дојде спуштање на нивото на дипломатските односи.
Од тука сметаат дека тоа е резултат на попустливоста на власта на СДС и ДУИ, што пак е последица на криминогеноста на нејзините функционери.
„Ковачевски и Пендаровски и должат одговори на македонската јавност како дојде до оваа студена дипломатска војна? Како дојде до тоа “маргиналните“ ликови од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност во Македонија? Што работат нашите служби во насока на спречување на тие, како што вели Пендаровски структури од Бугарија под инструкции на странска служба?
Пендаровски и Ковачевски не треба да глумат изненадени. Овие структури, политичари и навреди кои тие ги упатуваат кон Македонија и македонскиот народ не се од вчера, само што нашите власти не превземаа ништо тоа да го спречат и да ги заштитат националните и државните интереси.
Со кусогледоста, аматерскиот пристап во дипломатијата и со дебелиот криминален багаж кој што оваа власт на СДС и ДУИ го има очигледно се загрозува Македонија. Нивната килавост раѓа нови и нови понижувања за Македонија.
Ова мора да се смени. Понижувањата на Македонија мора да престанат. Оваа власт мора да замине“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.