Македонија
Регистрирани нови 72 заразени со ковид, двајца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.124 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово – по 2, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 54 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Штип – 5, Охрид – 4, Битола и Берово – по 3, Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително се регистрирани две починати лица од: Охрид (82г) и Велес (74г). Едно лице е починато во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до 28.05.2022 година.
Направени се 1.124 тестови преку: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-25, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-20, Биотек-42, Систина-35, лабораторија Лаор-43, Синлаб-7, Ремедика – 4, Плодност-10, Генеа-3, Никоб лаб-53, ВФВ Медикал-10, Ели Медика плус-10, Ројал медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–7, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 589.
Досега во земјата се направени вкупно 2.058.297 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.157, бројот на оздравени пациенти е 302.344, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 504.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147065, Активни 339
Куманово 16675, Активни 5
Битола 15678, Активни 49
Прилеп 14216, Активни 8
Тетово 13482, Активни 7
Кавадарци 10687, Активни 5
Велес 9797, Активни 9
Гостивар 9608, Активни 3
Охрид 8932, Активни 27
Штип 8074, Активни 14
Струмица 8073, Активни 0
Кичево 5651, Активни 3
Кочани 5096, Активни 6
Струга 4728, Активни 1
Гевгелија 4423, Активни 2
Неготино 3695, Активни 7
Ресен 2751, Активни 2
Свети Николе 2634, Активни 3
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2418, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1691, Активни 9
Дебар 1677, Активни 1
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стојаноски: Македонскиот работник едвај врзува крај со крај

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања го праша премиерот Ковачевски за тоа дали ќе биде прифатен предлогот на ССМ за линеарно покачување на плата и линеарно зголемување од 2,806 денари, бидејќи во моментов е навистина тешко да се врзе крај со крај за македонскиот работник.
Стојаноски рече дека овие прашања се директно произлезени од синдикатите и се нивна желба. ССМ и КСС како најголеми синдикални организации во државата се обратија до сите политички партии во Парламентот и до сите координатори со испратени писмени барања со барање за изнаоѓање на пратеничка група со која таа тие нивни барања ќе ги преточи во амандман за тие да бидат расправани и усвоени.
„Имаме секојдневни штрајкови од различни синдикални организации, можеме да просведочиме дека во моментов е навистина тешко да се сврзе крај со крај за македонскиот работник затоа што имаме историски највисока инфлација, сиромаштијата галопирачки расте, цената на горивата никогаш не била повисока, цената на храната исто така не била никогаш повисока и не престанува да расте а цената на енергенсите галопирачки исто така се вивнува во облаците и не престанува да расте таа цена“ – рече Стојаноски.
Тој посочи дека власта не се прави ништо за да се сопре и така разгорената инфлација која се случува во моментов.
Македонија
(Видео) Митева: Власта го лаже народот, следува енормно поскапување на цената на струјата

„После денешните објави на новите цени едно е јасно, РКЕ е надвор од реалноста и од страдањата на овој народ кој едвај врзува крај со крај. Власта повторно удри по џебот на граѓаните. Најголемиот број од домаќинствата, согласно тарифните блокови 3 и 4 ќе плаќаат и до 138% поскапа струја. Тарифниот модел кој го воведе власта е само маска за новото поскапување кое ќе стапи на сила од 01 јули. Зад неразбирлива пресметка за граѓаните се обидуваат да го протнат енормно високото поскапување на цената на електричната енергија“ изјави меѓудругото на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа напомена дека „најголем дел од домаќинствата се наоѓаат во вториот и третиот блок и тие ќе имаат покачување од 10,3%, односно 18,3%. Ваква катастрофална енергетска политика не може да помине неказнето. Ни помалку страшна не е и состојбата кај малите потрошувачи ( институции, дуќанчиња, мали бизниси со помалку од 50 вработени и два милиони евра годишен приход)“.
„Зголемувањето на цената ќе предизвика колапс на нивните бизниси. Имено, кај нив со новиот тарифен систем се дефинира т.н. висока тарифа од 13,794 ден/kWh и ниска тарифа од 10,116 ден/kWh, кои се за 4-5 пати повисоки од досегашните. Со ова најголемиот товар од поскапувањето освен домаќинствата од втор, трет и четврт блок, годинава ќе го понесат и малите потрошувачи со оваа неколкукратно зголемена цена“ рече Митева.
Таа вели дека „ова е вистински масакар врз домаќинствата кои се греат на електрична енергија, особено ако се земе во предвид дека во изминатиов период преку мерки беше стимулирано греењето на инвертер клими како опција за греење на домаќинствата доколку тие извршат замена на нивните грејни тела на дрва со таканаречени инвертер клими. Така истите во зимскиот период од октомври до април ќе плаќаат 138% поскапа струја, а со тоа греењето на нивните домови ќе стане практично невозможно“.
„Затоа што оние домаќинствата кои за греење на струја плаќале сметки од 12.000 денари во грејниот период сега ќе треба да плаќаат 28.560 денари“ рече Митева.
Македонија
Шаќири на подготвителен министерски состанок во Париз

Како да се забрза прогресот на образованието до 2030 година е главна тема на министерскиот состанок кој денес и утре во организација на УНЕСКО се одржува во Париз, а на кој учествува и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Станува збор за подготвителна активност која претходи на Самитот за трансформација на образованието што ќе се одржи во септември годинава во седиштето на УНЕСКО во Њу Јорк, а кој треба да ги мобилизира главните општествени чинители во секоја земја со цел утврдување на нов правец за развој на образованието.
На подготвителниот министерски состанок во Париз е предвидено министрите за образование и наука од повеќе земји од Европа да ги презентираат првичните исходи од националните консултации кои се спроведуваа во изминатиот период, да дискутираат за клучните препораки од активностите за иницијативите за глобална соработка и да ги утврдат најзначаните практики за интензивирање на развојот на образованието.
Свое излагање во текот на денот ќе има и министерот Шаќири, а ќе се осврне на активностите кои Владата на Северна Македонија ги презеде во насока на обезбедување континутет на воспитно – образовниот процес за време на пандемијата, за промените кои се започнати токму во периодот на здравствената криза со цел унапредување на квалитетот на националниот образовен систем и за идните планови врзани токму за остварувањето на оваа цел.