Контакт

Македонија

Регистрирани 1.128 нови случаи на Ковид 19, починаа 12 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа се направени 3.082 тестирања, а регистрирани се 1.128 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-569, Куманово-51, Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Охрид-38, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, Неготино-8.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-71, Куманово-10, Дебар-7, Штип-18, Прилеп-27, Тетово-29, Велес-12, Битола-19, Гостивар-12, Гевгелија-14, Струмица-25, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-12, Ресен-4.

Починати се 12 лица – четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68), двајца од Битола (44 и 72), еден од Куманово (70), еден од Прилеп (59), еден од Охрид (68), еден од Струмица (76),еден од Радовиш (58) и еден пациент од Кичево (63). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37.499, бројката на оздравени пациенти е 22.835, на починати е 1.096, а бројот на активни случаи изнесува 13.568. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 16.401, активни 6.372
• Куманово 2.574, активни 605
• Дебар 373, активни 72
• Штип 1.867, активни 381
• Прилеп 1.688, активни 721
• Тетово 2.597, активни 821
• Струга 904, активни 161
• Велес 1.057, активни 609
• Битола 939, активни 442
• Охрид 884, активни 357
• Кавадарци 662, активни 322
• Гостивар 1.381, активни 338
• Гевгелија 461, активни 199 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 78 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.146, активни 614
• Крива Паланка 271, активни 118
• Радовиш 284, активни 104
• Крушево 45, активни 22
• Кочани 826, активни 244
• Пробиштип 246, активни 92
• Демир Хисар 99, активни 30
• Македонски Брод 111, активни 11
• Пехчево 60, активни 4
• Берово 231, активни 55
• Валандово 114, активни 33
• Виница 213, активни 96
• Делчево 288, активни 133 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 87, активни 56
• Свети Николе 525, активни 108
• Кичево 680, активни 244
• Ресен 280, активни 86
• Неготино 205, активни 118 (21 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3.082 теста се преку: ИЈЗ – 898, ЦЈЗ Скопје – 135, „Авицена“ – 500, „Биотек“ – 231, МАНУ – 269, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 340, „Систина“ со PCR-метода – 356, лабораторија „Лаор“ – 55, Судска медицина – 23, ЦЈЗ Битола – 111, Инфективна клиника – 18, ГАК – 0, „Синлаб“ – 63, „Ремедика“ – 23, лабораторија во болницата во Козле – 26, Здравствен дом Скопје (рапид-тест) – 34, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 265.528 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ хоспитализирани се 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 70, а во болницата во Штип – 58 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево и во Кавадарци хоспитализирани се 458 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 378
• Гази Баба – 847
• Аеродром -1.021
• Карпош – 892
• Центар – 848
• Кисела Вода – 780
• Ѓорче Петров – 527
• Бутел – 350
• Шуто Оризари – 88
• Студеничани – 31
• Сарај – 64
• Арачиново – 13
• Илинден – 150
• Сопиште – 54
• Чучер Сандево – 39
• Петровец – 58
• Зелениково -32
• Странец – 75
• Нераспределен – 125

Македонија

(Видео) Спасовски: Николов можеше да зема огромни пари во странство, нo реши да направи нешто за Штип

Објавено пред

Најважна карактеристка за Сашко Николов е она што избра да го направи во Штип, иако со својата стручност и компетентност може да оди во странство и да зема огромни пари, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, во обраќање по повод локалните избори, кои во Штип ќе се одржат на 13 декември, и кандидатот на партијата на власт.

„Тој избра да биде овде во својот град, да направи нешто добро за државата, тоа е една голема препорака, тоа е патриотизам“, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека изборите се прават заради граѓаните, а одговорноста на политичките партии се гледа и тука дали ќе учествуваат или не.

„ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерство, страв и бегство од пораз“, смета потпретседателот на СДСМ.

Спасовски воедно ги повика штипјани на 13 декември да ја земат иднината во свои раце и масовно да излезат на гласање на фер, демократски и безбедни избори, на кои, како што рече, нема здравствен ризик.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски: Преку образование 4.0 да ги подготвиме младите за професиите на иднината

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на самитот „Македонија 2025“, кој првпат се одржува во хибриден формат и е посветен на состојбите во светот за време и по глобалната здравствена и економска криза.

На панел-дискусијата на тема „Претседателот и успешни млади: иновации и кодирање“, Пендаровски посочи дека се потребни структурни реформи во образовниот процес и инвестиции во истражување и развој, иновации и нови технологии, односно да вложуваме во професиите на иднината.

„Ќе повторам една изрека што ја слушав и од моите наставници и професори, а тоа е дека најисплатлива инвестиција е инвестицијата во образованието“, истакна претседателот.

Во оваа насока, потенцира тој, самитот „Македонија 2025“ е придонес кон зајакнување на партнерството меѓу државата, науката, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор.

Како позитивни примери претседателот Пендаровски ги посочи проектите „Таленти денес, лидери утре“, претседателскиот центар за политичко образование, како и „Успешни млади“, чија цел е да ја поттикнат научната и истражувачката работа на младите и да го вреднуваат нивниот труд.

„Младите научници, инженери и иноватори се столбот на развојот на секое стопанство. И затоа треба да создадеме услови младите професионалци да ги заземат своите места во образованието, во институциите и во компаниите“, истакна Пендаровски.

Во однос на иновативните проекти што без презентирани од талентирани ученици од основните и средните училишта, претседателот рече дека тие се иднината на нашата земја.

„За да ги подготвиме младите за професиите на иднината, потребно е да инвестираме во модерно образование, а клучни специфики на она што се нарекува образование 4.0 е стекнување иновативни, креативни и технолошки вештини“, заклучи Пендаровски.

Истовремено, како што додаде тој, од круцијално значење е поддршката од државата. Во спротивно, истакна Пендаровски, младите ќе немаат услови каде би ги развивале своите иновативни идеи.

Со денешната дебата заврши деветтото издание на самитот „Македонија 2025”, кој служи како платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јакимовски: Чепкањето во историјата ќе биде крај не само за Заев туку и за СДСМ

Објавено пред

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), која е дел од коалицијата „За обнова на Македонија“, Стевчо Јакимовски, на протестот пред македонската Влада порача дека граѓаните овие ладни денови се собираат за да го спречат, како што рече, националното предавство, кое неколкумина во Владата сакаат да им го направат на Македонија и на македонскиот народ.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија да се обединат и да се сплотат за да го спречат премиерот Зоран Заев во распродавањето на македонските национални обележја.

Јакимовски истакна дека со Бугарите не може да се преговара за историјата затоа што тие ја толкуваат како сакаат во зависност од околностите.

„Како, на пример, кога требаа да платат репарација за окупацијата на Македонија, тие го даваа и цар Самуил дека е македонски цар за Заев сега на тацна да го направи бугарски. Тоа само кажува како им одговара, така си ја толкуваат историјата. Кога требало да плаќаат 25 милиони долари репарации, само за окупацијата на Македонија, што денеска е еквивалент на 25 милијарди долари. Пиринска Македонија ја давале да се приклучи кон Југуславија затоа што не ја сметале за нивна, секогаш нас Македонците не сметале за своја монета за поткусурување“, рече Јакимовски.

Според него, Заев и неговиот однос кон Бугарија може да направи голема беља на Балканот.

„Штетата што ја предизвикува СДСМ не е само македонска туку е и балканска. Затоа, ве повикувам, сите граѓани на Република Македонија, без разлика на вера, нација и политичко убедување, да се обединиме и да покажеме сила и да ја одбраниме Македонија“, посочи Јакимовски пред Владата.

Тој очекува во наредниот период протестите да се зголемуваат и покрај тоа што, како што рече, распродавањето го прават во време на корона.

„Еднаш ова го правеа на најсветлиот ден за македонскиот народ, на Илинден, кога сите се на одмор, го потпишуваа најсрамниот договор за Македонија“, рече Јакимовски, кој додаде дека тој е длабоко убеден оти со чепкањето во историјата ова ќе биде крај не само на Зоран Заев туку и на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија6 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија7 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија7 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија10 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен10 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ10 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет12 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет12 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија12 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет13 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион13 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ14 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа14 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет15 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет15 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион15 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа1 ден

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет1 ден

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт1 ден

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Досие