Македонија
Регистрирани 1.402 нови случаи на Ковид-19, починаа 29 лица

Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци – 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино – 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.
Регистрирани се 761 оздравен пациент од: Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.
Пријавени се вкупно 29 починати лица: 10 од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.978 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–82, МАНУ-177, Жан Митрев (Филип Втори)-197, Авицена-334, Биотек-285, Систина-246, лабораторија Лаор-165, Синлаб – 63, Ремедика-46, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.331.
Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 58820, активни 9858
Прилеп 7131, активни 1095
Куманово 6944, активни 927
Тетово 6358, активни 613
Гостивар 4576, активни 487
Велес 4568, активни 754
Битола 4524, активни 802
Кавадарци 4491, активни 722
Штип 4307, активни 454
Охрид 4176, активни 796
Струмица 3306, активни 376
Струга 2698, активни 245
Кочани 2267, активни 253
Кичево 2032, активни 193
Неготино 1948, активни 391
Гевгелија 1859, активни 398
Свети Николе 1280, активни 127
Крива Паланка 1080, активни 110
Ресен 1015, активни 163
Радовиш 912, активни 120
Дебар 860, активни 56
Берово 850, активни 116
Делчево 845, активни 91
Пробиштип 703, активни 103
Виница 622, активни 83
Валандово 525, активни 89
Крушево 435, активни 124
Богданци 410, активни 74
Демир Капија 360, активни 82
Кратово 333, активни 29
Демир Хисар 326, активни 41
Македонски Брод 303, активни 38
Пехчево 235, активни 35
Македонска Каменица 211, активни 17
Дојран 114, активни 12
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска сончево време, од утре дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени, јави УХМР.
Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.
Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација почнува денеска од 8.20 до 10.30 часот во А1 Арената Борис Трајковски во Скопје.
Во оваа група се опфатени 631 медиумски работници, кои имаат над 40 години или се со хронични заболувања.
Здружението на новинарите соопшти дека лицата кои се пријавиле на првиот повик, а кои не ги исполниле условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро.
Новинарските здруженија им препорачаа на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.
Оваа недела ќе се вакцинираат и вработените во обвинителството, судовите и инспекциските служби, со што се очекува да заврши вакцинацијата на приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата. Минатата недела се вакцинираа припадниците на Армијата и МВР, дел од здравствените работници, наставниците и воспитувачите во градинките.
Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче си возат мотори на ден кога 46 луѓе починаа од Ковид

Денеска починаа 46 лица, но тоа не ги засега министерот за здравство, Венко Филипче, и премиерот Зоран Заев, кои наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека „тоа не може да се окарактеризира никако, освен како одлепени од реалноста и убијци на сопствениот народ“.
Претходно денеска, пратеникот Антонијо Милошоски сподели видео за кое тврди дека е од Заев и Филипче во Пештани.
„Во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет и лекови, додека фирмите и вработените се борат за преживување, Заев и Филипче лабаво со мотори на ручек во Пештани“, напиша Милошоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево велат дека нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе, тие си возат мотори.
„Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени. Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните“, наведува партијата.
Опозицијата додава дека Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои. Ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи. Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш