Македонија
Регистрирани 149 новозаразени со коронавирус, пријавени се 4 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.669 тестови, а регистрирани се 149 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 77, Битола – 16, Прилеп и Кавадарци – по 9, Делчево – 6, Гостивар, Охрид и Ресен – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Куманово, Струмица, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Виница и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (149), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 223 оздравени пациенти од: Скопје – 126, Битола – 25, Прилеп и Охрид – по 16, Кавадарци – 9, Делчево и Куманово – по 5, Крушево – 4, Ресен, Струмица и Струга – по 3, Виница – 2, Гостивар, Тетово, Гевгелија, Свети Николе, Велес и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Скопје (88г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Кичево (1) и Гевгелија (1), на возраст од 73 години до 81 години. Пријавените лица се починати во период од 01.04.2022 до 02.04.2022 гоидна. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.669 тестови преку: ИЈЗ-164, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-56, Биотек-75, Систина-33, лабораторија Лаор-57, Синлаб-23, Ремедика-19, Плодност-24, Генеа-25, Никоб Лаб-210, ВФВ Медикал-31, Ели Медика Плус-23, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–12, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.542
Досега во земјата се направени вкупно 1.981.494 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.654, бројот на оздравени пациенти е 297.059, на починати е 9.244, а бројот на активни случаи изнесува 1.351
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 144471, Активни 715
Куманово 16594, Активни 31
Битола 14978, Активни 160
Прилеп 14066, Активни 70
Тетово 13433, Активни 15
Кавадарци 10571, Активни 68
Велес 9704, Активни 18
Гостивар 9550, Активни 11
Охрид 8792, Активни 55
Струмица 8025, Активни 19
Штип 7984, Активни 15
Кичево 5587, Активни 30
Кочани 5062, Активни 10
Струга 4704, Активни 7
Гевгелија 4389, Активни 25
Неготино 3666, Активни 6
Ресен 2705, Активни 20
Свети Николе 2620, Активни 5
Радовиш 2519, Активни 10
Крива Паланка 2412, Активни 4
Делчево 1967, Активни 20
Дебар 1673, Активни 4
Берово 1636, Активни 2
Валандово 1481, Активни 4
Виница 1385, Активни 6
Пробиштип 1266, Активни 3
Богданци 1019, Активни 2
Кратово 961, Активни 1
Крушево 928, Активни 6
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитров до Ковачевски: Не е точно дека земјите членки на ЕУ ја оправдуваат уцената на Бугарија со историјата

Никола Димитров ја критикува изјавата на премиерот Ковачевски дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата.
„Изненадува изјавата на премиерот Ковачевски, кој вели дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата. Прво, тоа воопшто не е точно. Од каде му е тој впечаток на премиерот!? Јас постојано сум во земјите членки во последните години, и од позиција на министер, ама и сега, и ниту гледав ниту гледам разбирање за анахроните антиевропски бугарски позиции. Впрочем, поплаките во Софија дека нема доволно солидарност кон нив и дека не се разбрани се јавна тема кај комшиите веќе подолго време. А на истата линија беа и обвинувањата кон мене директно од Софија оти практично им ги разобличував тезите обезбедувајќи да бидат осамени во небулозите. Изјавата на Ковачевски е во најмала рака невнимателна. Но, исто така може да биде и опасна и лесно да биде злоупотребена како притисок токму врз македонските позиции оти оди на линија на Радев, кој упорно пласира вакви тези веројатно терајќи домашна политика со прашањето.
Конечно, македонската Влада и дипломатијата мора повторно да се разбудат и да продолжат да ги разобличуваат анахроните обиди и аргументи за разнебитување на македонскиот идентитет, што речиси целосно се поклопуваат со рускиот наратив за Украинците, без разлика што тоа можеби нема да им се допаѓа на носителите на оваа политика во Софија.
Бидејќи пријателство изградено на криви основи, едноставно нема да опстои. Бугарија има подобра преговарачка позиција бидејќи е земја членка, но токму затоа не смееме да престанеме да потсетуваме дека на наша страна се принципите, европските вредности и меѓународното право. И да се бориме за нив. И да бараме помош кај другите земји членки бидејќи се бориме и за образот на Унијата. А не да се навлекуваме на бугарските тези дека поведението им е прифатено и поддржано, па ние ќе се срамиме и ќе се стегаме гласно да викнеме дека ни се газат основните права и достоинство? Или ќе направиме Радев да се срами кога вели дека ЕУ не смеела да го легитимира македонизмот“, напиша Никола Димитров на својот фејсбук-профил.
Македонија
(Интервју) Александар Николоски: Бројката што ќе излезе на големиот митинг ќе биде доволна порака до власта

Наместо дијалог на маса, ние добивме во најлоша смисла на зборот едно балканско мачовистичко одбивање на нашиот предлог и немаме друг избор, освен да го правиме ова што го правиме, а тоа се активни блокади во Собранието и голем сенароден протест на 18 јуни, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Макфакс“.
Најави дека ова ќе биде најголемиот протестен собир што е виден во Македонија во последната деценија.
„Секако дека ќе има и други чекори во следниот период, но главен фокус е големиот протестен митинг по кој јас очекувам дека, конечно, со власта ќе седнеме и ќе ги договориме работите за кои зборуваме, пред сѐ, за датум за предвремени избори“, вели Николоски.
Потенцира дека првпат со овој претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква комуникација.
Николоски во интервјуто нагласува дека не е оптимист за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.
„Сега имам чувство дека Бугарија им служи само како изговор на неколку земји членки на ЕУ, пред сѐ, од помоќните, кои не се убедени дека Македонија треба да почне преговори со ЕУ. Да има друга одлука, еден дипломатски тешкаш ќе отиде во Софија и ќе си ја заврши работата. Тоа, од друга страна, покажува дека нема доволно притисок врз Бугарија“, оценува Николоски.
Појаснува дека идеjата на францускиот претседател Емануел Макрон за паралелна европска заедница е многу лоша.
„Идејата на Макрон за нас е многу лоша. Не е симпатично за Македонија да е во друштво на Косово, БиХ, Албанија, Србија, Молдавија, Грузија и на Украина“, рече Николоски.
За актуелните снимки од Собранието и однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери, за тактиките на помалите политички партии, дали се надминати минатото и расколот во ВМРО-ДПМНЕ, одговара потпретседателот на најголемата опозициска партија, Александар Николоски.
Македонија
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска прими делегација на заедницата на Власите од нашата земја, претставена преку членови на политички партии, граѓански здруженија, на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На средбата во пресрет на претстојниот празник 23 Мај – Национален ден на Власите, претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, Никола Бабовски, информира за подготовките на централната манифестација, со која ќе се одбележи празникот на влашката заедница во нашата земја.
Честитајќи го празникот во свое име и во име на Владата, премиерот Ковачевски го истакна придонесот на влашкиот народ во севкупниот развој на нашата држава и ги поддржа активностите на заедницата на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.
Членовите на делегацијата на Власите го информираа премиерот Ковачевски за нивното активно учество во креирањето на стратегијата за едно општество и интеркултурализам, со концепт за програма за вклучување на изучувањето на влашкиот јазик и култура во одделни степени на образовниот систем, како и за нивните заложби да биде обновен Влашкиот етнофестивал.